КултураПретставени кумот и здравичарот за Бадник 2019 Сопственик на фирмата „Белина" Љупче Николовски и резбар, потомок од познатата мијачка тајфа Мирчевци и инструктор по пливање Миливое Алексиевски, познат како Миле Сирма се новите кум и здравичар за Бадник 2019 година.Кумот Николовски е бизнисмен, споственик на фирмата „Белина", кој работи со градежни материјали и снабдување на големи фирми и посветен Вински витез, а здравичарот, 85-годишниот Миле Сирма е резбар, потомок од познатата мијачка тајфа Мирчевци и тренер и инструктор по пливање. -Правиме скопска традиција и ќе ја правиме додека можеме ние и сите други што ќе не наследат, рече Мојсо Мојсовски, член на Одборот за традиционална прослава на Бадник. Градоначалникот на општина Центар Саша Богдановиќ во негово и во име на општината им честиташе на кумот и на здравичарот и на целиот Бадникарски Одбор и им посака на сите здравје и среќа да ги служи во иднината која претстои. Традиционално, на 23 декември, претпоследната недела во декември, скопските Бадникари ќе ги собираат бадниковите гранчиња на месноста Краста на падините на Водно, што на 6 јануари со години им ги делат на скопјани, на свеченоста на платото пред Соборниот храм „Свети Климент Охридски" во пресрет на Божиќ.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПродолжува судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани10:41Средба на министерот Муцунски со министерот за надворешни работи на Израел, Гидеон Саар09:29Случајот„Државна Лотарија“влезе во судница: Груби и уште седуммина на обвинителна клупа15:00Во Кривичнииот суд почна судењето за поранешниот вицепремиер Артан Груби 11:16Денеска почнува судењето на Артан Груби: Можен ли е политички потрес?08:30
ЕвропаВоен авион се урнал во УнгаријаУнгарскиот премиер Петер Маѓар вчера изјави дека унгарски борбен авион „Грипен“ се урнал во близина на Солнок, во централниот дел на земјата, од непознати причини, и дека пилотот се катапултирал.„Од причини кои сè уште не се познати, пред неколку минути, борбен авион „Грипен“ на унгарските вооружени сили се урна во близина на Солнок. Пилотот успешно се катапултирал. Истрагата е во тек, а министерот за одбрана (Ромулус Русин-Сенди) е на пат кон местото на настанот“, рече Маѓар, според порталот Портфолио. Тој додаде дека во авионската несреќа нема повредени ниту штети на цивилната инфраструктура. Министерот за одбрана Ромулус Русин-Сенди изјави во видео објавено на Фејсбук дека пилотот не е повреден во авионската несреќа. Русин-Сенди додаде дека пилотот направил сè што можел за авионот да слета на безбедна и ненаселена територија. Унгарската национална служба за брза помош соопшти дека состојбата на пилотот е стабилна и дека е префрлен со хеликоптер за брза помош во болница на набљудување. Извор: Б92Тагови: Унгарија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПродолжува судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани10:41Средба на министерот Муцунски со министерот за надворешни работи на Израел, Гидеон Саар09:29Случајот„Државна Лотарија“влезе во судница: Груби и уште седуммина на обвинителна клупа15:00Во Кривичнииот суд почна судењето за поранешниот вицепремиер Артан Груби 11:16Денеска почнува судењето на Артан Груби: Можен ли е политички потрес?08:30
ФудбалРеволт на екс фудбалски ѕвезди против Инфантино и ФИФА: Доста е. СменаБројни сегашни и поранешни фудбалери јавно се свртеа против претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, наведувајќи дека е потребна промена во раководството на светската фудбалска федерација.Меѓу нив се поранешните француски репрезентативци Микаел Силвестре и Емануел Пети, англиската репрезентативка Луси Бронзе и поранешниот англиски голман Дејвид Џејмс. На почетокот на неделавфа Силвестре - член на панелот „Гласот на играчите“ на ФИФА - објави изјава на X насловена како „Доста е!“, која подоцна ја споделија многу истакнати фудбалери. Потегот беше поттикнат од контроверзниот план на Инфантино потенцијално да продаде удели во натпреварувањата на ФИФА, вклучително и Светското првенство, на приватни инвеститори. „Гледавме како спортот што го сакаме се оддалечува од своите основни вредности под актуелното раководство на ФИФА. Предолго гледавме како се носат важни одлуки без консултација со играчите или земање предвид на нивните ставови, и без никакво внимание кон навивачите кои го одржуваат овој спорт во живот“, се вели во соопштението. Играчите повикаа на структурни промени во рамките на ФИФА и побараа фудбалерите и навивачите да имаат поголемо влијание врз процесот на одлучување. „Потребни се промени. Моќта ја замати способноста на актуелното раководство да ги разликува сопствените интереси од она што е најдобро за фудбалот. Поради неодамнешните настани, молчењето повеќе не е опција“, изјавија тие. Тие повикаа на колективна акција, „од самата база па сè до врвот на спортот“, за да се обезбеди играчите и навивачите да имаат „вистинско и директно влијание“ врз начинот на кој се управува со фудбалот. УЕФА се заканува со бојкот Инфантино е изложен на постојан притисок во последните недели, при што неколку конфедерации се побунија поради контроверзиите поврзани со проектот „FIFA Forward Enterprise“ (FFE).Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветСилно торнадо уништи 300 домови во јужна ФранцијаСилно торнадо го погоди селото помас во југозападниот дел на Франција, при што се повредени 41 лице, а стотици куќи претрпеле штета.Локалните власти соопштија дека 15 лица биле пренесени во болница, меѓу кои и бремена жена која била повредена откако врз неа се урнале делови од куќа. Ветровите достигнувале брзина до 117 километри на час, корнеле дрвја, носеле покриви и оштетиле околу 300 домови. Повеќе од 120 припадници на итните служби биле испратени на терен за справување со последиците од невремето. Околу 2.800 домаќинства во десет населени места останале без електрична енергија, а властите издале портокалово предупредување за грмотевици во голем дел од југозападна Франција. Тагови: Торнадо Франција Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook