Претставена програмата на годинешната „Галичка свадба“ - Канал 5

Претставена програмата на годинешната „Галичка свадба“

Претставена програмата на годинешната „Галичка свадба“.

Претставена програмата на годинешната „Галичка свадба“

Манифестацијата се одржува секоја година на Петровден во селото Галичник. Богата е со многу единствени свадбарски обичаи и ритуали. Секоја година посебна комисија избира двајца млади кои ќе се венчаат на Галичката свадба. Еден од предусловите е барем еден од младите да потекнува од галичко семејство.

По пауза од една година поради Ковид-19 пандемијата, претстојниот викенд продолжува традицијата на одржување на прочуената културно-сценска манифестација „Галичка свадба“. На годинешното 47 издание од оваа автентична манифестација, судбоносното „Да“ во живописниот Галичник ќе го кажат Катерина Илиевска и Филип Бундовски, кој е по потекло од Галичник.

„Ние сме многу среќни што се создадоа услови оваа година да продолжиме со оваа вековна традиција на Мијаците, која секако зазема посебно место во богатото македонското културно наследство. Подготвени сме да ги пречекаме и да им посакаме добредојде на сите посетители од земјава и странство кои ќе дојдат во Галичник да ги видат и одново да им се воодушевуваат на уникатните свадбарски обичаи и адети, проследени со богатиот колорит на народни носии и изворните песни и ора карактеристични за овие македонски краеви“, изјави Александар Костиќ од организацискиот тим на Месната заедница Галичник. Тој напомена дека од организациски аспект ќе бидат преземени сите превентивни мерки за заштита на здравјето на учесниците и посетителите, истовремено упатувајќи апел до сите што ќе дојдат во Галичник да ги почитуваат мерките и препораките за заштита од Ковид-19.

Покровител на годинешната Галичка свадба е Претседателот Стево Пендаровски, а еден од традиционалните поддржувачи на манифестацијата и годинава е Министерството за култура.

„Галичка свадба е чувар на традицијата и наше драгоцено нематеријалното културно наследство. Министерството за култура останува силен поддржувач и промотор на оваа манифестација која го збогатува и чува препознатливиот македонски фолклор“, изјави министерката за култура, Ирена Стефоска, упатувајќи честитки до годинешните галички младоженци, посакувајќи им среќен и долг заеднички живот.

И оваа година, Пивара Скопје го продолжи традиционалното партнерство со манифестацијата, кое непрекинато трае веќе 47 години, од нејзините почетоци, до денеска. Покрај финансиска поддршка која има големо значење за одржување на континуитетот и високото ниво на Галичка свадба, компанијата традиционално обезбеди и пијалаци за учесниците во свадбeната церемонија.

„Среќни сме што оваа година се создадоа поповолни услови за продолжување на традицијата на организирање на Галичка свадба. Традицијата е мост што ги поврзува минатото, сегашноста и иднината, ни дава енергија и нѐ држи заедно во добро и во лошо и затоа треба да ја негуваме и поддржуваме. Сите ние во Пивара Скопје сме особено горди што нашата компанија и нашите брендови во континуитет се неизоставен дел од оваа свеченост која плени со својата автентичност, убавина и непроценлива вредност и претставува огледало на нашата традиција“, истакна менаџерката за корпоративни комуникации на Пивара Скопје, Марија Мининчиќ. Таа се приклучи кон апелот на организаторите за доследно почитување на мерките за заштита од Ковид-19 од страна на сите посетители и учесници во настаните од годинешната Галичка свадба, истовремено потсетувајќи и на препораките за одговорна консумација на алкохол и за одржување на чистата природа во Галичник и неговата околина.

Традиционално, официјалниот почеток на годинешната Галичка свадба ќе биде означен во сабота, на 17-ти јули, со поставување на свадбарското знаме и симболичниот чин на „фрлање три пушки“ од куќата на зетот. Венчавањето на младенците ќе се изврши во недела, 18-ти јули, во храмот „Св. Апостоли Петар и Павле“ во Галичник, а свеченоста ќе заврши со чинот на испраќање на тапанџиите и зурлаџиите. Инаку, според Програмата на годинешната Галичка свадба, која и овој пат изобилува со најразлични забавни и музички содржини, прилагодени за сите генерации, започнува уште во петок, 16-ти јули, со настапот на групите Тоа е Тоа, Љубојна и БендОфф, а завршуваа во недела, 18-ти јули, со испраќањето на тајфата Мајовци и посакување “здравојживо видување вгодина”.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: И во петтата деценија нема проблем да се соблече во танга бикини

Таа е жена од соништата,  во петтата деценија од животот е вистинска секс-бомба.

Фото: И во петтата деценија нема проблем да се соблече во танга бикини

Израелската манекенка Бар Рафаели (41) ја продолжи успешната соработка со модниот бренд „Кастро“ во 2026 година.

Една од најпознатите светски манекенки е заштитно лице на новите кампањи на брендот, вклучувајќи ја пролетната колекција и линијата „High Summer“, кои таа ги претстави и на своите социјални мрежи.

Посебно внимание привлекоа фотографиите во бикини, на кои Бар повторно покажа беспрекорна фигура и завидна форма, исто како и пред неколку месеци, кога позираше во провокативна долна облека за една рекламна кампања.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Кајли Џенер повторно воодушеви во секси бикини

Младата бизнисменка од кланот Кардашијан - Џенер, Кајли Џенер ги израдува фановите со претставување на уште еден модел на бикини, а притоа ја промовираше и својата најнова колекција

Фото: Кајли Џенер повторно воодушеви во секси бикини

Сексапилната Кајли подготви провокативно издание за своите фанови, позирајќи во мини бикини, и веднаш го сподели сето тоа на социјалните мрежи.

Покрај тоа што сакаше да ја истакне својата прекрасна фигура, таа повторно летово ја претстави и новата колекција на костими за капење.

„Навистина е жешко. А и моите бикини се жешки! Ги обожавам“, изјави убавицата

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Видео: Гламурозно порше 911

Славната француска модна куќа  „Louis Vuitton“ и компанијата Singer Vehicle Design од Калифорнија ги здружија силите за да претстават два исклучително ексклузивни модели на Porsche 911 на настанот „Monterey Car Week“.

Видео: Гламурозно порше 911

Славниот „Louis Vuitton“ и компанијата Singer Vehicle Design од Калифорнија ги здружија силите за да претстават два исклучително ексклузивни модели на Porsche 911 на настанот „Monterey Car Week“.

Овие возила, засновани на генерацијата 964, се изработени како целосно персонализирани автомобили.

Соработката започна со барање за пренослив часовник за на контролната табла, инспириран од колекцијата Tambour на Louis Vuitton, но прерасна во проект што го опфаќа дизајнот на автомобилите, ентериерите, багажот и модните додатоци.

Првиот автомобил, „Porsche 911 Reimagined by Singer – Classic“, се одликува со комбинација на бои во нијанси на шафран, кобалт сина и жолта, каросерија од карбонски влакна и атмосферски 4,0-литарски „flat-six“ мотор со 420 КС, поврзан со шестстепен мануелен менувач.

Вториот е „Classic Turbo Cabriolet“ во светла нијанса „Calcaire Lutétien“; неговиот дизајн е дело на Николас Гескјер, уметнички директор за женски колекции во „Louis Vuitton“, а го придвижува 3,8-литарски „flat-six“ мотор со два турбополначи што испорачува приближно 510 КС.

Француската модна куќа не застана само на логата и тапацирот; автомобилите се придружени со специјално изработен багаж, облека и модни додатоци од Louis Vuitton, додека моделот „Turbo Cabriolet“ се одликува и со елегантни дрвени украсни елементи, часовник „Tambour“ и детали што ги спојуваат световите на луксузните автомобили и високата мода.

Цените за овие два примерока не се обелоденети, но станува збор за исклучително ексклузивни проекти на компанијата „Singer“, каде што секој автомобил се изработува според специфичните барања на сопственикот; самата компанија е специјализирана за реставрација и модерна реинтерпретација на класичните модели на „Porsche 911“ со воздушно ладење, пренесува „Motor1“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер