Претставена културната програма за италијанското претседателство со ЕУ

Министерството за култура до крајот на годината ќе биде покровител на неколку настани што се организираат во соработка со Италијанската амбасада во Македонија. Со тоа ќе се одбележи претседателството на Италија со Европската унија.

На денешната прес-конференција министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска, италијанскиот амбасадор Ернесто Масимино Белели и директорот на Агенцијата за филм Дарко Башески ја претставија посебно конципираната програма.

Дел од програмата е изложбата „Фарнезина 50-ти години“, колекција во сопственост на италијанското Министерство за надворешни работи, преку која македонската јавност ќе се запознае со делата на најпознатите сликари од италијанскиот модернизам.

- Значаен настан ќе биде и „Изложбата на мозаиците од Равена“ кои се заштитени од УНЕСКО и ќе бидат презентирани во нашиот нов Археолошки музеј на почетокот на ноември. Се очекува оваа изложба да ја отвориме заедно со министерот за култура на Италија Франческини и да потпишеме два документа, новата Програма за соработка во областа на културата меѓу владите на нашите држави, како и протоколот за билатерални копродукции во областа на филмот, истакна Канческа-Милевска.

Ќе се реализираат и 14. издание на „Неделата на италијанскиот јазик и култура во светот“ во чии рамки се предвидени повеќе настани со угледни гости од Италија, Меѓународната конвенција по повод 55 години италијански студии на која ќе учествуваат еминентни професори од универзитетите од Сорбона, Базел, Анкара, Валона, Трст, Атина, Загреб, Белград, Тирана, изложбата на партитури на Верди во рамките на фестивалот „Охридско лето“, како и семинарот за Јустинијан, кој веќе традиционално се организира со поддршка на Министерството за култура. /МИА

Познати првите 10 финалисти на Евровизија 2024 година

Заврши првата полуфинална вечер на годинешниот избор за песма на Евровизија која се одржува во Шведска.

Место во големото финале изборија тројцата преставници од државите од екс Ју, Србија, Хрватска и Словенија.

И годинава Македонија е без преставник на Евросонг.

Во полуфиналето немаше жири, туку само публиката одлучуваше за пласман во финалето преку телефонско или онлајн гласање.

На овој начин беа избрани првите десет финалисти, а тоа се:

1. Србија, Теја Дора – Рамонда

2. Португалија, Јоланда – Грито

3. Словенија, Раивен - Вероника

4. Украина, alyona alyona & Jerry Heil – Тереза ​​и Марија

5. Литванија, Силвестер појас - Луктелк

6. Финска, Windows95man – Без правила!

7. Кипар, Силиа Капсис – Лажго

8. Хрватска, Бебе лазања - Рим Тим Таги Дим

9. Ирска, Хера Бјорк - исплашена од височини

10. Луксембург, ТАЛИ – Борец

Второто полуфинале на Еврозвизија е на програмата во четврток, финалето ќе се одржи во сабота.

Одложено судењето на Трамп за тајните документи, датум за продолжување на процесот не е утврден

Федералниот суд во Флорида го одложи, без да одреди датум за продолжување, почетокот на судскиот процес против поранешниот американски претседател Доналд Трамп поради несовесно постапување со документи класифицирани како тајни.

Тоа е едно од четирите процеси што се водат против Трамп, а требаше да започне на 20 мај, но федералниот суд оцени дека тој рок е неодржлив поради бројните претходни претставки поднесени до судот.

Ајлин Кенон, судијката назначена од поранешниот претседател, не одреди нов датум.

На републиканскиот претседателски кандидат во моментов му се суди во Њујорк за сомнителни исплати пред претседателските избори во 2016 година.

Во судскиот процес против него во Флорида, Трамп е обвинет, заедно со двајца лични секретари, дека однеле доверливи документи во приватна резиденција во Мар-а-Лаго по напуштањето на Белата куќа во јануари 2021 година.

Според обвинението, Трамп со чувањето на овие документи ја загрозил националната безбедност. Меѓу нив имало и воени планови како и информации за нуклеарно оружје, кои во согласност со законот требало да ги врати во Националниот архив.

Тој беше обвинет и за обид за уништување докази. Најсериозните обвиненија може да му донесат затворска казна од десет години.

Неговите адвокати направија се за да се одложи судењето.

Македонија еден час гласа на вториот круг од претседателските и на парламентарни избори

Македонија денеска гласа на вториот круг од претседателските избори и на парламентарни избори. Гласачките места се отворија  седум часот, и ќе се гласа до 19 часот.

Право на глас за претседателските избори имаат 1. 814 317 лица а за парламентарните 1 815 350 лица или 1033 избирачи повеќе, поради лицата кои помегу двата изборни круга станале полнолетни, и имаат право да гласаат само за новиот парламентарен состав.. на едно избирачко место во Општина Центар е нашиот репортер Игор Манасиевски. По еден час гласање како тече изборниот процес?

Целиот извештај погледнете го во видеото.

притисни ентер