Претставен е новиот Volvo EM90 со дострел од над 800 километри (ВИДЕО)

Иако до премиерата останува речиси еден месец, првите фотографии од новото Volvo се веќе објавени.

Во Кина се раѓа нов тренд на електрични луксузни мини комбиња, а кон него се приклучи и Volvo. Како основа послужи сестрата Zeeks, поточно Zeekr 009, која беше претставена малку порано.

Volvo EM 90 првично ќе се нуди со еден електромотор од 272 КС и погон на задните тркала.Подоцна во понудата ќе биде додадена и помоќна верзија со два мотори и погон на сите тркала, како во случајот со споменатиот близнак.

Фотографиите ќе изненадат многумина, пред сѐ поради сличноста со моделот Zeekr 009. EM90 е долг дури 5,2 метри, широк над два и висок 1,86 метри, што го става веднаш до Mercedes EQV. Според достапните информации, масата на автомобилот е дури 2763 килограми. Основата е платформата SEA, која веќе ја користат голем број модели.

За потсетување, основата на моделот Zeekr 009 е батерија со капацитет од 116 kWh за автономија од 702 km, додека поголемата батерија од 140 kWh обезбедува автономија од 822 km. Кинеското Министерство за економија и информатичка технологија (MIIT) е одговорно за фотографиите на новото Volvo. Официјалната премиера е закажана за 12 ноември.

По повод претставувањето на новиот модел, Volvo објави видео кое нѐ враќа повеќе од педесет години наназад. Тоа нè потсетува на моделот Duett, кој се произведуваше до 1969 година, и нагласува како беше предолго пред доаѓањето на концептуалниот наследник.

Грчкото МНР реагира по одлуката на Турција манастирот Хора да работи како џамија

Министерството за надворешни работи на Грција преку соопштение реагираше за одлуката на турските власти, манастирот Хора да почне да функционира како муслиманска џамија.

Министерството за надворешни работи на Грција преку соопштение реагираше за одлуката на турските власти, манастирот Хора да почне да функционира како муслиманска џамија, истакнувајќи дека тоа „претставува провокација за меѓународната заедница бидејќи го менува неговиот карактер како споменик на светското културно наследство на УНЕСКО што му припаѓа на човештвото“, јави дописничката на МИА од Атина.

Од грчкото МНР додадоа дека „зачувувањето на универзалниот карактер на спомениците и почитувањето на меѓународните стандарди за заштита на верското и културното наследство е јасна меѓународна обврска која ги обврзува сите држави“.

Холандската полиција го растури пропалестинскиот протест на Универзитетот во Амстердам

Холандската полиција го растури пропалестинскиот протест на Универзитетот во Амстердам и уапси 125 демонстранти.

Холандската интервентна полиција рано утринава го растури пропалестинскиот протест на Универзитетот во Амстердам, при што уапси околу 125 лица во повремено насилните судири, соопштија властите.

Во пораките објавени во текот на ноќта на социјалната мрежа X, полицијата наведе дека мора да дејствува за да го запре овој настан и да ги растури шаторите поставени од демонстрантите кои беа насилни кон полицијата.

„Полициската рација беше неопходна за да се воспостави ред. Ги гледаме снимките на социјалните мрежи. Разбираме дека тие снимки може да изгледаат интензивно“, соопшти полицијата.

Локалните медиуми покажаа како демонстрантите пукаат со пиротехнички средства кон полицајците, но засега нема извештаи за повредени од двете страни.

„Сега сè е тивко... полицијата останува во близина на кампусот во Ротерсајланд“, соопшти полицијата подоцна на X.

Холнадскиот министер за образование во заминување, Роберт Дијкграф, изјави дека универзитетите се место за дијалог и дебата и дека е разочаран што полицијата морала да интервенира.

Студентските протести поради војната и академските врски со Израел почнаа да се шират низ Европа, но останаа многу помали од оние во САД.

Ван Дајк цел на голем број врвни клубови

Дефанзивецот на Ливерпул, Вирџил ван Дајк би можел да го напушти тимот од „Енфилд“. За фудбалерот се заинтересирани неколку големи клубови, пренесува новинарот Екрем Конура. 

Самиот фудбалер би сакал да го продолжи договорот со својот тим.

Според Конура, за фудбалерот се заинтересирани Милан, Интер, Атлетико, Ал-Хилал и Ал-Наср, а пријавен е интерес и од екипи од Премиер лигата.

Триесет и двегодишниот Ван Дајк игра за Ливерпул од почетокот на 2018 година. Актуелниот договор на Холанѓанецот е до крајот на следната сезона.

Во тековната сезона Ван Дајк одигра 34 натпревари во Премиер лигата на кои постигна два гола и две асистенции.

На две кола до крајот на сезоната во Премиер лигата, Ливерпул е трет на табелата со 78 бодови, зад лидерот Арсенал кој има 83 и Манчестер сити кој собра 82 бода и има натпревар помалку.

притисни ентер