Иако имињата ги носат ознаките GLC43 и GLC63 S E Performance, овде, како и кај некои претходници, приказната не оди подалеку од четири цилиндри. Мерцедес веќе ја покажа својата храброст нудејќи нешто слично на други модели, вклучувајќи го и SL.
Така, GLC63 S E Performance нема никаква врска со поранешниот атмосферски ѕвер (M156 – 6.2 V8), ниту со неговиот наследник, ниту со мотори со шест цилиндри. Овој SUV е придвижуван од 2.0 бензински мотор со 476 КС и потоа на сè се додаваат 204 КС и 320 Nm електричен погон.
Епилогот е околу 500 kW или 680 КС и 1020 Nm вртежен момент. „Благодарение“ на значителната маса, забрзувањето до 100 km/h останува во доменот од 3-4 секунди, односно на 3,5 секунди, додека максималната брзина е поставена на 275 km/h. Батеријата има капацитет од 6,1 kWh, има домет од 12 km, а се полни преку полнач од 3,7 kW. Оваа верзија тежи 2310 кг.
Можеби поинтересен би можел да биде AMG GLC 43, кој се потпира исклучиво на 2.0 бензинскиот мотор со 421 КС и краткорочната помош на системот за генератор на стартер со дополнителни 14 КС (и 150 Nm). Овде е достапен и погон на сите тркала, а спринтот до 100 km/h трае 4,8 секунди со ограничени максимални 250 km/h.
За потсетување, претходниот истоимен модел го придвижуваше 3.0 битурбо V6 со 385 КС и погодувате, ги имаше истите перформанси. Овој модел тежи нешто под два тона, а според официјалните податоци троши околу 10 l/100 km.
Според тоа, AMG верзиите на Mercedes GLC се исти за купе верзијата. Исто така, нема други новости од доменот на самата шасија, суспензија и погон. Сѐ е исто освен понудата на простор на задното седиште, што исто така може да биде сериозна предност на класичниот GLC.
Цените не се објавени, но добар водич е тоа што, кога станува збор за класичниот модел GLC, послабата верзија во Германија започнува од 86.870 евра, односно 121.856 евра за помоќната опција.