Избори во Босна и Херцеговина: Република Српска останува цврсто во партијата предводена од Милорад Додик
1Избори во Босна и Херцеговина: Република Српска останува цврсто во партијата предводена од Милорад Додик
3Пензискиот систем е неодржлив поради намалување на придонесите,зголемување на пензиите и демографијата
Саудиска Арабија се откажува од плановите за градење на стадион за Светското првенство вреден 2,5 милијарди долари
2Саудиска Арабија се откажува од плановите за градење на стадион за Светското првенство вреден 2,5 милијарди долари
АвтомобилизамПретставен е најбрзиот електричен автомобил на светот (ВИДЕО)Ford го претставува Mustang Cobra Jet, драгстер од третата генерација за NHRA трките.Тој помина четвртина милја за само 6,87 секунди, со максимална брзина од 356 км/ч. Ова го направи најбрзиот електричен автомобил во светот. Mustang Cobra Jet 2200 е изграден врз претходниот модел, Cobra Jet 1800, и наместо четири електрични мотори, сега користи два. И покрај ова, вкупната моќност се зголемува од 1800 на дури 2200 коњски сили. Покрај тоа, времето на полнење е пократко, тежината на возилото е 408 кг помала, па затоа не е изненадувачки што е уште побрзо на патеката. Ford дополнително ги подобри безбедносните системи. Автомобилот има систем за итно исклучување на напојувањето кој користи мала експлозивна направа. Може да се активира од возачот, членовите на тимот или персоналот на патеката и служи за моментално прекинување на главната електрична врска. Една од најинтересните технологии се наоѓа во менувачот. Cobra Jet 2200 користи повеќестепенски менувач и центрифугална спојка, што овозможува подобра контрола на вртежниот момент при стартување. По почетното забрзување, системот се префрла на директен погон, што обезбедува максимална ефикасност при големи брзини. It's official: The Ford Racing Mustang Cobra Jet 2200 has clocked a new record time of 6.87 at 221 mph - now the quickest electric car on the planet.#FordRacing pic.twitter.com/drmvH2XRp6 — Ford Racing (@FordRacing) April 25, 2026 За потсетување, првиот електричен Mustang Cobra Jet беше претставен во 2021 година. Со повеќе од 1400 КС, ја помина патеката за 8,128 секунди, со излезна брзина од 276,8 км/ч. После тоа, Mustang Cobra Jet 1800 пристигна во 2023 година, а сега доаѓа најновата итерација со дури 2200 КС.Тагови: електричен автомобил Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
БалканИзбори во Босна и Херцеговина: Република Српска останува цврсто во партијата предводена од Милорад ДодикВо тричленото претседателство на Босна и Херцеговина ќе има две познати лица, но и еден значаен нов член, а во ентитетите остануваат на власт досегашните партии.Ова го покажуваат последните информации за резултатите од општите избори во земјата, на кои се бираше власта на државно, ентитетско и на кантонално ниво, пишуваат босанските медиуми..За изборите беа регистрирани повеќе од 3,4 милиони гласачи, кои избираа членови на државното претседателство, државниот парламент, претседател и парламент на Република Српска, парламентот на федерацијата и собранијата на десетте кантони во федерацијата. Најследената трка беше онаа за тричленото претседателство на Босна и Херцеговина.Претседателството ги претставува трите конститутивни народи – Бошњаците, Србите и Хрватите – со по еден член избран од секоја од трите изборни единици. Според изборните резултати, Република Српска останува цврсто во партијата предводена од Милорад Додик.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПратеникот Талевски на Меѓународна конференција во Грузија за јакнење на меѓурелигискиот дијалогНастанот, кој заеднички го организираа ИПС на православието и Парламентот на Грузија, овозможи платформа за дијалог за улогата на христијанството, вредностите во контекст на денешните предизвици,.Пратеникот и шеф на Делегацијата на Собранието во Интерпарламентарното Собрание на православието, Миле Талевски, кој воедно е и член на Меѓународниот секретаријат на оваа организација, учествуваше на Меѓународната конференција на тема „Цивилизациските основи на Европа - 1700 години од христијанството во Грузија“, што по повод 1700-годишнината од прифаќањето на христијанството во Грузија, се одржа од 2 до 4 октомври 2026 година во Тбилиси. Настанот, кој заеднички го организираа ИПС на православието и Парламентот на Грузија, овозможи платформа за дијалог за улогата на христијанството, вредностите во контекст на денешните предизвици, како и за придонесот на православието во зачувувањето на заедничкото духовно и културно наследство во Европа. На Конференцијата присуствуваа парламентарци од повеќе парламенти од Европа, од Европскиот парламент, претставници на европски и меѓународни институции, верски заедници како и академската заедница, со цел размена на мислења за европското културно и духовно наследство, христијанските вредности и нивното место во современите демократски општества. Поздравно обраќање на Конференцијата имаше претседателот на Грузија, Михаил Кавелашвили, кој истакна дека Грузија низ вековите била физички мост меѓу Истокот и Западот, но и жив пример на културна разновидност и хармонично единство на различни народи и традиции. Пред присутните се обрати и грузискиот премиер, Иракли Кобахидзе, кој оцени дека Грузија преку своето христијанско наследство е историски и цивилизациски дел од Европа, а нејзиниот европски пат го поврза со зачувувањето на традицијата, духовниот идентитет и христијанските вредности. Воведно обраќање имаше и претседателот на Парламентот на Грузија, Шалва Папуашвили, кој нагласи дека само преку дијалог и соработка, како и преку размена на искуства и ставови за значењето на културното и духовното наследство на Европа, може да се зајакне меѓурелигискиот и меѓукултурниот дијалог, како и улогата на парламентите во унапредувањето на демократските и инклузивни општества, особено во контекст на член 17 од Договорот за функционирање на ЕУ и дијалогот меѓу ЕУ и верските заедници. На Меѓународната конференција се обрати и патријархот на Грузиската патријаршија, Шио Муџири. Во рамки на Конференцијата се одржаа две тематски сесии. Првата беше посветена на христијанските вредности во Европа во време на кризи, со посебен осврт на член 17 од Договорот за функционирање на Европската Унија и дијалогот меѓу европските институции и религиозните заедници. Фокусот на втората сесија, пак, беше посветен на семејството и традиционалните вредности во креирањето на јавните политики, како и на современите демографски, економски и општествени предизвици. Единствен беше ставот на учесниците на Конференцијата дека иднината на Европа не треба да се гради само врз политички и економски основи, туку и врз заеднички вредности. Христијанското наследство претставува значаен историски извор на европските идеи за достоинство, правда, љубов, солидарност и одговорност. Посебно беше нагласено дека културната, верската и националната различност може да биде основа за дијалог и меѓусебно разбирање, а не за поделби. На крајот на Конференцијата беше усвоена и Декларација за цивилизациските темели на Европа и 1700 години христијанство во Грузија, која ги содржи главните пораки и заклучоци од дискусиите. Во рамките на активностите на пролетниот состанок на ИПС на православието се одржа и презентација на Томот за „Аја Софија - црквите на мудроста Господова низ светот” на грузијски јазик. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски на пуштање во употреба на детска градинка во Општина Теарце08:54Лице со целосно слепило дискриминирано од страна на стручна комисија, му била намалена помошта15:0122. издание на Виз Ер Скопски маратон урна рекорди кои досега беа недостижни13:59Скопје пулсира во маратонски ритам - Ристовски: Скопскиот маратон е спортски настан кој ја става Македонија на светската мапа09:54Се одржува „Виз Ер Скопски маратон 2026“, посебен сообраќаен режим во Скопје09:11
Скопје пулсира во маратонски ритам - Ристовски: Скопскиот маратон е спортски настан кој ја става Македонија на светската мапа09:54
МакедонијаПензискиот систем е неодржлив поради намалување на придонесите,зголемување на пензиите и демографијата Фискалниот совет ја презентираше одржливоста на пензискиот систем, со особен осврт на вториот столб. Според Благица Петрески од Фајнаенс Тинк, перманетното намалување на придонесите во фондот,зголемување на пензиите и демографијата која го опфаќа засиленото иселување на работоспособното население придонесуваат за неодржливост на пензискиот фонд. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook