КултураПретставата „Сергеј е многу глупав“ со Охридскиот театар вечерва на „Охридско лето“ Програмата на годинешното 63-то издание на Фестивалот „Охридско лето“ продолжува денеска со драмскиот дел, овојпат со театарската претстава „Сергеј е многу глупав“ во изведба на Народниот театар од Охрид.Во претставата „Сергеј е многу глупав“ се разигрува ситуација во која се уриваат границите на реалноста во животот на еден актуелен современ лик – компјутерски програмер кога ненадејно и на „голема врата“ во неговиот живот влегува апсурдот. Од Сергеј се очекува брзо и вешто да научи да комуницира со него, нешто за кое тој однапред нема напишан „код“. Во претставата, наједноставната животна ситуација одеднаш се претвора во егзистенцијална ситуација. Курири–доставувачи, неочекувано доаѓаат кај програмерот и уште од прагот соопштуваат дека имаат намера да поминат точно еден час со Сергеј, по што ќе му дадат пратка со непозната содржина.Од овој момент па натаму, започнува надреалнo шоу кое го вовлекува гледачот во динамична игра во која дијалозите и хероите ги рушат сите очекувани театарски стереотипи и во која крајот за гледачите е целосно непредвидлив. Страв од средбата со „непознатото“, обидот да се погледнат првичните работи од нов агол, сево ова го оттргнува ликот од вообичаената рутина и му го разнишува светот. Повеќе ништо нема логика. Обичниот живот му е претворен во апсурд. Со други зборови, сите ние можеби сме „Сергеј“ на нашето време. Оваа сатира која за прв пат се поставува во Македонија, открива автентична поетика на автор со длабоки познавања на руската литература и теорија и тој багаж имплицитно ни го разоткрива слој по слој, низ репликите: од воведување на име, презиме улица и број, уште на почетокот на пиесата – како карактеристики на руската урбана поетика, преку дијалогизмот, карневализацијата и полисемијата за кои зборува Михаил Бахтин, до доста луцидното и успешно флертување со поетиките на автори како Чехов, Достоевски, Булгаков, Хармс…како и народната руска литература. Како такво, ова драмско дело можеме да го вброиме во наследниците на руската „авангарда“, оние од 21 век. Претставата е поставка на Дејана Николовска, втората Македонка која има завршено театарска режија во Москва на ГИТИС, Руската академија за театарска уметност. На режисерскиот факултет на ГИТИС се запишува во 2000 година во класата на проф. Леонид Хеифец. Во 2003 година како студент во трета година ја поставува претставата „Семејни приказни” од Биљана Србљановиќ која ја добива наградата за најдобра режија меѓу студентските претстави во Русија. Од 2005 – 2009 г. работи како асистент-педагог на катедрата за режија во класите на професорите Олег Кудрјашов и Леонид Хеифец. Моментално ги завршува магистерските студии и е слободен уметник. Освен театарот како основна професија и позив, се занимава и со филм. Најзначаен филмски проект е снимањето на серијалот „Именденот на Татијана“ (220 епизоди) за Првиот канал на Руската национална телевизија. Исто така, има големо искуство во шоу бизнис индустријата како режисер во „RosArt Group production company“ во Москва. Актерската екипа во претставата ја сочинуваат Никола Тодороски, Стрезо Стаматовски, Горан Стојаноски, Филип Кипровски и Леонида Гулевска. Претставата ќе се игра на сцената на Центарот за култура „Григор Прличев“ со почеток од 21 часот. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМакедонија во портокалова фаза поради екстремно топлото време15:00Седница на главниот штаб за кризи: Водата во Гостивар останува забранета за употреба08:46Зголемен бројот на повици во Итната медицинска помош поради топлото време, дневно има над двесте15:08РКЕ: Цената на дизелот се зголемува за 1 денар, бензините поевтинуваат за 2 денари по литар13:01Се уште трае борбата со огнената стихија во кавадаречко08:53
Зголемен бројот на повици во Итната медицинска помош поради топлото време, дневно има над двесте15:08
СветЧетири мажи избодени со нож во центарот на Лондон, жена уапсенаЧетири мажи беа избодени со нож во лондонската населба Ковент Гарден во среда, а полицијата уапси жена во нејзините 40-ти години.Жената е приведена под сомнение за напад и поседување оружје, објави Скај њуз. Ковент Гарден е една од најпознатите туристички области во центарот на Лондон. Повредените се однесени во болница Службите за итни случаи им пружиле помош на повредените на местото на настанот, по што биле однесени во трауматски центар во близина на центарот на градот. Тежината на нивните повреди сè уште не е објавена. Лондонската полиција соопшти дека првичните информации сугерираат дека инцидентот е поврзан со менталната состојба на осомничената. Фото: ВИТагови: жена Лондон Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаДЗС: Отстранети опасни гранати во Кумановско и од водата на Охридско ЕзероПри пронаоѓање заостанати гранати, бомби, па и оружја од минатите војни и конфликти и се што личи на тоа, граѓаните не треба да го допираат или поместуваат.Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) отстрани опасни неексплодирани експлозивни средства (НУС) – гранати и други оружја од минатите војни во почетокот на август, што беа пронајдени и во Кумановско и на крајбрежјото, во водата на Охридско Езеро, со асистенција на МВР и учество и на други служби и институции од државата. Конкретно, Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) ги отстранува согласно стандардните оперативни процедури (СОП), безбедно, се до нивно целосно уништување, преку вработените пиротехничари. Прво беа отстранети две артилериски 75-милиметарски гранати кај село Мургаш, Кумановско. Потоа, од Охридско Езеро близу брегот кај Љубаниште, е пронајдена рачна бомба од Прва светска војна. Интервенциите беа спроведени од ДЗС во координација и со соодветни мерки со повеќе институции со МВР, при што во Охридско помагаше СВР Охрид со езетската полиција на пиротехничарот на ДЗС, Зоран Пејев. Инаку, при пронаоѓање заостанати гранати, бомби, па и оружја од минатите војни и конфликти и се што личи на тоа, граѓаните не треба да го допираат или поместуваат, туку едноставно да се јават за локацијата со опис на тоа што виделе и пронашле, на Единствениот повикувачки број 112 во ЦУК, по што ќе се преземат соодветни мерки од институциите според стандардни оперативни процедури и пиротехничарите на ДЗС соодветно ќе ја остранат опасноста по граѓаните и материјалните добра. Тагови: ДЗС Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаДејство на „ер трактор“ на ДЗС за целосно гаснење на пожарот во кавадаречко (ВИДЕО)Дејство на еден од авионите „ер трактор“ на Дирекцијата за заштита и спасување за целосно гаснење на пожарот во кавадаречко.На видеото се гледа дел од вчерашното воздухопловно дејство на противпожарните авиони „ер трактор“ на ДЗС за целосно гаснење - ликвидација, на пожарот во кавадаречко. Тагови: ДЗС ер трактор Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМакедонија во портокалова фаза поради екстремно топлото време15:00Седница на главниот штаб за кризи: Водата во Гостивар останува забранета за употреба08:46Зголемен бројот на повици во Итната медицинска помош поради топлото време, дневно има над двесте15:08РКЕ: Цената на дизелот се зголемува за 1 денар, бензините поевтинуваат за 2 денари по литар13:01Се уште трае борбата со огнената стихија во кавадаречко08:53
Зголемен бројот на повици во Итната медицинска помош поради топлото време, дневно има над двесте15:08