КултураПретставата „Лагата“ вечерва ќе ја спушти завесата на 63-тото „Охридско лето“ Импресивни, возбудливи и блескави доживувања на врвните концерти и театарски претстави кои ги понудивме на ова 63. фестивалско издание на автентичните локалитети, е специфичен и посебен.Импресивни, возбудливи и блескави доживувања на врвните концерти и театарски претстави кои ги понудивме на ова 63. фестивалско издание на автентичните локалитети, Античкиот театар, црквата Св.Софија, предворјето на Св. Софија, Долни Сарај, и Центарот за култура се сведоштво дека фестивалот „Охридско лето“ е специфичен и посебен, препознатлив и единствен на нашите простори, како еден од најистакнатите културни настани во Европа и светот. Фестивал кој е меѓу петте најдобри во Европската асоцијација на фестивали. Ова денеска на завршната прес-конференција по повод годинешното фестивалско издание го изјави директорката на НУ „Охридско лето“, Наташа Поповиќ. -Реализиравме восхитувачки настани кои публиката ги проследи со огромна радост. За повеќето настани се бараше карта повеќе, бележиме 50 процентно зголемување на продажбата, а она што за нас е посебно значајно, е тоа што имаме рекордна посетеност на странската публика. Резервации се правеа од Англија, Франција, Турција, Србија, Америка, Канада, Словенија, Хрватска, Црна Гора, Холандија, Унгарија, Грција, Шпанија, Португалија, Полска, Норвешка, Финска, Шведска, Русија, Белгија, Австралија, Бразил, Израел. Тоа е доказ дека силата на музиката и театарот не познава граници. Околу 1000 уметници, актери, театарски работници, солисти, хористи, музичари... вградија дел од себе за да го направат возвишено и успешно годинешното издание на „Охридско лето“. Изминативе 40 дена создадовме убавина а во фестивалската историја впишавме светски уметници кои ја надополнија големината на фестивалот, рече Поповиќ. Селекторката на музичката програма на фестивалот, Бисера Чадловска рече дека годинава не изостана квалитетот во поглед на музичкиот репертоар на фестивалот. -Изминативе 40 дена кажавме сѐ што имаме да си кажеме за оваа година. Оставам делата да зборуваат, а нам како селектори посакувам да се надминеме себеси идната година. На крајот на целиот фестивал и по последниот концерт којшто вчера се одржа на програмата на „Охридско лето“, ни останува само да се заблагодарам на сите вработени во Националната установа „Охридско лето“ за нивната несебична поддршка и нивниот огромен труд којшто го вложија во овој фестивал, рече Чадловска. Според селекторката на драмската програма, Сања Арсовска, годинешното фестивалско издание и во поглед на театарските претстави е едно од најуспешните. -Како што можеме да видиме од впечатоците на публиката, ова беше едно ретко успешно издание. Тоа го кажуваат и интересите и продажбата на билетите за театарските претстави. Имавме навистина богата театарска програма, почнувајќи од оф претставата „Бикот на Фаларис“, преку спектакуларната „ Исповедите на серискиот убиец“ со Џон Малкович, „Ана Каренина“ на Пројковски, Жолдаковата „Едвард Втори“, „Сергеј е многу глупав“ од Охридскиот народен театар, магичната „Декамерон“ на Прилепскиот театар, неверојатната „Нора“ на Нела Витошевиќ, а ова лето ќе биде запаметено како посебно, вклучувајќи го и затворањето што ќе се случи вечерва, со претставата „Лагата“ во режија на Никола Љуца а во продукција на Драмскиот театар од Белград, кажа Арсовска. Завесата на годинешното фестивалско издание ќе биде спуштена вечерва со театарската претстава „Лагата“ и извонредните актери од Драмскиот театар Белград. -Ова е прво учество на Драмскиот театар Белград на фестивалот „Охридско лето“ што ни импонира зашто сметаме дека „Охридско лето“ е еден од најзначајните фестивали, не само во регионот, туку и пошироко. Се радуваме што вечерва ќе играме пред повеќе од двеилјадна публика. Драмскиот театар Белград е најстариот градски театар во Белград основан 1947 година. Нашата интенција е да се промовираат новите тенденции во театарот. И вечерашната претстава „Лагата“ е на тој пат, во режија на Никола Љуца, извонреден млад уметник кој подеднакво е добар и во театарот и во филмот. За оваа претстава што е на нашиот репертоар досега не остана ниту една карта непродадена, рече директорот на Драмскиот театар во Белград, Југ Радивојевиќ. Во претставата „Лагата“ играат Милош Биковиќ кој важи за еден од најпопуларните актери во регионот, Тамара Крцуновиќ, Јелисавета Теодосиќ и Миодраг Радоњиќ. -Имавме еден многу интересен процес во текот на создавањето на оваа претстава. Режисерот Љуца цело време нѐ враќаше на основните актерски задачи. Во текот на целиот процес соработувавме со него, но и меѓу себе како актери, појасни актерката Јелисавета Теодосиќ. -Особено ми е мило што работам со колеги коишто се многу дисциплинирани и што секогаш сме концентрирани на она што го работиме. Секој пат го менуваме амбиентот што секако не е лесно за овој вид претстава која е работена амбиентално, изјави актерката Тамара Крцуновиќ. Еден од најпопуларните актери во регионот, Милош Биковиќ токму преку оваа претстава првпат доаѓа во Охрид и како што кажа пријатно е изненаден од градот, убавините, нои од големината на фестивалот „Охридско лето“. - Многу ми се допаѓа Охрид и езерото, но и тоа како вие го одржувате нивото на овој фестивал. Што се однесува до самата претстава, имате впечаток дека репликите се многу природни како да сте влегле во некоја спална соба и слушате разговор. Вечерва ќе ни биде предизвик тоа да го одиграме пред две илјади гледачи на Античкиот, а повторно да го задржиме чувството како да сме влегле во нечија спална соба, истакна Биковиќ. Во претставата „Лагата“ игра и актерот Миодраг Радоњиќ, телевизиски, филмски и театарски актер и продуцент. -Она што јас го извлеков од оваа претстава е дека човек за да лаже успешно, мора да ја интегрира таа лага во својот живот, да ја памети и да поверува во неа. Потоа таа станува на некој начин вистина која истиснува некоја друга вистина во неговиот живот. Накратко, човек жртвува некаква вистина заради една лага, рече Радоњиќ. Театарската претстава „Лагата“ ќе се одигра на Античкиот театар со почеток во 21 часот, соопштија организаторите.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМихаилова ја разбранува и Бугарија – на снимка тврди дека тајните служби ѝ се заканувале дека ќе остане без помош15:00Ќе ги отстрани ли новиот Кривичен законик штетните последици од 2023 година?15:00Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55На коалициска средба ќе се пеглаат разликите во владата околу полагањето на Правосудниот испит15:00Скопје го одбележува Денот на ослободувањето – 13 Ноември08:49
Михаилова ја разбранува и Бугарија – на снимка тврди дека тајните служби ѝ се заканувале дека ќе остане без помош15:00
Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55
ЕвропаНасилни судири во Берлин: Полицијата ги удира демонстрантите (ВИДЕО)Нов протест на иницијативата „Gen Z regelt“ во Берлин во саботата навечер доведе до судири меѓу демонстрантите и полицијата.Видео објавено на социјалната мрежа „X“ покажува како полицијата турка и совладува група млади луѓе во вагон на метрото. Според полициските податоци, околу 1.200 луѓе поминале низ западниот дел на Берлин во еден момент, иако собирот бил регистриран само за 100 учесници. Колоната тргнала околу 17 часот од Савињи Плејс во областа Шарлоттенбург, поминала по Курфирстендам и се разотишла на станицата Халенсе, објавува Тагесшпигел . Портпаролката на полицијата изјави во недела наутро дека 20 лица се привремено уапсени, вклучително и за поставување огномет, отпор при апсење и напад на полицајци. Поднесени се 28 кривични пријави, вклучително и за нарушување на јавниот ред, напад на службени лица и кршење на прописите за експлозиви. Тројца полицајци се повредени, додека полицијата не даде информации за повредени демонстранти. Портпаролката додаде дека податоците сè уште се обработуваат и дека бројките би можеле да се променат. The police in Berlin have had enough of those who create chaos in Germany. https://t.co/MOhad35F3m — RadioGenoa (@RadioGenoa) November 15, 2026 Обид за пробивање на полицискиот кордон Како што објави полицијата на својот „WhatsApp“ канал, учесниците се обиделе да го пробијат полицискиот кордон на чело на колоната пред да тргнат. Полицијата ги запрела со туркање и удирање со тупаници. На теренот имало околу 700 полицајци, а колоната била запрена неколку пати за време на нејзиното движење. На митингот биле извикувани слогани против Израел и германскиот канцелар Фридрих Мерц, додека полицијата изјави дека неколку пати биле скандирани и слогани против полицијата. Тагесшпигел пишува дека биле видени палестински и курдски знамиња и дека митингот не бил исклучиво студентски протест, бидејќи присуствувале и левичарски групи и пропалестински активисти. Организаторите го опишаа митингот како мирен и се дистанцираа од насилство и екстремизам. Портпаролката на полицијата рече дека протестот бил во голема мера мирен и дека нема оштетени продавници на Курфирстендам. Најавен е европски штрајк на младите Иницијативата „Gen Z regelt“ протестира против лошите услови во училиштата, задолжителната воена служба и намалувањата на универзитетите и социјалното осигурување. На крајот на октомври, таа организираше протести во повеќе од 30 германски градови, а во Берлин, околу 5.000 луѓе се собраа пред Бранденбуршката порта, според полициските податоци. Најавен е европски штрајк на младите за 20 ноември, а организаторите пријавија 15.000 учесници само во Берлин. Се очекуваат протести и во Франција, Италија, Шпанија, Белгија и Обединетото Кралство.Тагови: Берлин Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ТехнологијаАмерикански министер: Наследникот на Хуанг треба да биде надвор од „Nvidia“Министерот за финансии на САД, Скот Бесент, во неделата изјави дека „Nvidia“ треба да бара нов извршен директор надвор од компанијата. Неговата изјава доаѓа откако основачот Јенсен Хуанг поднесе оставка минатата недела. „Одборот на директори треба да гледа надвор од компанијата кога бара ново раководство. Со оглед на сè што се случи, потребни се фундаментални промени“, изјави Бесент за „Fox News“. По заминувањето на Хуанг, американскиот претседател Доналд Трамп го препорача Тим Кук, за нов извршен директор на американскиот производител на чипови. Регулаторни пропусти Бесент го пофали Хуанг како иноватор, но нагласи дека технолошкото водство не може да биде изговор за непочитување на прописите. Тој, исто така, истакна дека федералните регулатори од Канцеларијата на контролорот на валутата (OCC), која ги надгледува националните банки, ќе ги отстранат директорите во финансискиот сектор без одлагање поради слични пропусти во надзорот. Министерот праша дали „Nvidia“ ги игнорира предупредувањата поврзани со фиктивните компании во Сингапур. Тој истакна дека компанијата престанала да објавува одредени регионални бројки за продажба откако приходите во Кина паднаа, додека продажбата во Сингапур нагло се зголеми. Тој цитираше извештаи дека само 1 процент од чиповите што се продаваат во земјата останале таму. Позадина на оставката Јенсен Хуанг поднесе оставка на 12 ноември откако ја водеше „Nvidia“ повеќе од три децении. На неговата оставка ѝ претходеше признание за вонбрачна афера со Алис Хуанг. Таа е поранешна извршна директорка на сингапурската компанија „Megaspeed“ и медиумите ја поврзуваат со кинеската разузнавачка служба. Бесент ги отфрли шпекулациите за шпионажа како „измислици“. Тој рече дека негова примарна загриженост е дали корпоративната култура на „Nvidia“ охрабрува „очигледно нелегална продажба“ за вештачко зголемување на профитот. Тој побара од одборот и надворешниот правен советник да му дадат одговори во рок од 10 дена. Извор: Индекс.хрТагови: Nvidia Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМихаилова ја разбранува и Бугарија – на снимка тврди дека тајните служби ѝ се заканувале дека ќе остане без помош15:00Ќе ги отстрани ли новиот Кривичен законик штетните последици од 2023 година?15:00Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55На коалициска средба ќе се пеглаат разликите во владата околу полагањето на Правосудниот испит15:00Скопје го одбележува Денот на ослободувањето – 13 Ноември08:49
Михаилова ја разбранува и Бугарија – на снимка тврди дека тајните служби ѝ се заканувале дека ќе остане без помош15:00
Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55
СветДали САД се подготвуваат за нов напад? Трет носач на авиони пристигнува на Блискиот ИстокАмериканскиот носач на авиони „УСС Теодор Рузвелт“ пристигнува на Блискиот Исток во следните 24 часа, каде што ќе им се придружи на двете веќе присутни ударни групи.Со неговото пристигнување, вкупно три американски носачи на авиони ќе бидат распоредени во регионот. Веста ја објави „Њујорк тајмс“ и ја потврди американски воен претставник. Распоредувањето на силите следеше по нападот со беспилотни летала на Иран врз Бахреин, втор таков напад за само три дена. Со ова заврши двомесечното затишје во непријателствата, додека мировните преговори со Вашингтон остануваат блокирани. На нападот во неделата му претходеше инцидент во петокот, кога американските сили пресретнаа два ирански беспилотни летала испукани кон државата од Персискиот Залив. Пентагон и Централната команда на САД (CENTCOM), одговорни за воените операции на Блискиот Исток, сè уште официјално не го потврдија точниот датум на пристигнување на носачот. Дипломатски прекин и зголемено воено присуство Обновените судири се случуваат во контекст на целосен дипломатски застој и зголемено американско воено присуство во регионот. Тие се дел од поширок конфликт со Иран, кој започна кон крајот на февруари со координирани напади на САД и Израел. Претседателот на САД, Доналд Трамп, неодамна го исклучи потпретседателот Џ.Д. Венс од мировниот процес и на социјалните мрежи изјави дека на Вашингтон повеќе не му е потребен договорот со Техеран. Иако дополнителен носач на авиони пристигнува во регионот, американската војска неодамна ги негираше извештаите во израелските медиуми дека се прават подготовки за евентуално продолжување на операциите против Иран. Тие ги опишаа тврдењата за промени во распоредувањето на регионалните сили како „чиста шпекулација“. Извор: Индекс.хрКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter