КултураПретставата „Кирил и Методиј“ на Плевнеш на НЕТА-Фестивал во Букурешт Завршена е селекцијата на театарските претстави за претстојниот НЕТА (Нова Европска Театарска Асоцијација)-Фестивал што ќе се одржи во Букурешт-Романија, соопштија денеска од Регионалната канцеларија на асоцијацијата во Битола нејзиниот претседател Благој Стефановски и генералниот секретар Дамир Домитровиќ. Домитровиќ посочи дека во официјалната програма од понудените 30, избрани се 10 реперезентативни театарски претстави од исто толку држави во Европа и две премиери на копродукциски проекти како што е театарската претстава „Кирил и Методиј“ на Јордан Плевнеш во режија на Мартин Кочовски. - Претставата „Кирил и Методиј“ на Плевнеш е македонско-словенечко-бугарски копродукциски проект во кој ќе настапат актери од три држави. Од денешен аспект може да најавам атракција и веќе видлив интерес за премиерата, која ќе биде во еден од најубавите театри во овој момент во Европа, а тоа е театарот во Букурешт каде годинава ќе се одржи големиот НЕТА-Фестивал. Во главниот романски град ќе има уште една НЕТА-премиера, односно словенечката претстава „Хурах, Носферату“ на Андреј Скубица во режија на Симона Семенич. За овие две претстави потоа ќе овозможиме дополнително претставување низ Европа, нагласи Домитровиќ. Од Регионалната канцеларија на НЕТА во Битола, информираа дека меѓу десетте претстави се и „Тобелија“ на Мал драмски театар-Битола и партнерите од Црна Гора, Бугарија и Словенија, а текстот „Буре барут“ на Дејан Дуковски ќе го изведат актерите на Националниот театар од Букурешт. - Регионалната канцеларија на НЕТА во Битола ја потврдува својата оправданост и стратешка поставеност во овој дел на Европа. Освен во седиштето во Љубљана, нашата моќна мрежа ќе дејствува и од нашиот град, но и од Брисел. Нашата мисија е да соработуваме со сите театри од сите држави во овој регион и успеваме во тоа. Идејата за отворање на регионална канцеларија на НЕТА во Битола беше на Дамир Домитровиќ и се покажа како оправдана, а и зголемен е бројот на театри од секаков формат кои сакаат да членуваат во НЕТА, истакна претседателот на оваа асоцијација и основач на Мал драмски театар, Благој Стефановски. Стефановски и Домитровиќ потврдија дека на кус рок планираат активирање на НЕТА-Арт телевизија. /МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСкопје го одбележува Денот на ослободувањето – 13 Ноември08:49По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00Продолжението на надзорната расправа во Собранието за АЛТА банка ќе биде дополнително утврдено 08:32Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20Лукаревска до Славески: Го урнисавте банкарскиот сектор, поднесете си оставка 15:16
По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00
Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20
МакедонијаПовторна расправа за Законот за јавни набавки во СобраниетоВо Собранието денеска исто така ќе се расправа и за законот за јавните набавки откако претседателката Гордана Сиљановска-Давкова претходно не го потпиша указот за негово прогласување.Со тоа што пратениците на 10 ноември го усвоија амандманот со кој се смени начинот на именување на претседателот и членовите на Државната комисија за јавни набавки, претседателката оцени дека ваквата измена отвора простор за неограничен број мандати и отвора прашања за владеењето на правото и концентрацијата на моќта во одлучувањето за јавните средства. Со спорниот член се предвидуваше можност за повторно именување без јасно ограничување на бројот на мандати.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаОд недела задолжителна зимска опрема за сите возила Од недела, 15 ноември, стапува на сила обврската за задолжително поседување зимска опрема во возилата, вклучително и зимски гуми, која ќе важи до 15 март 2027 година.Обврската важи за сите моторни возила што учествуваат во јавниот сообраќај, без разлика на временските услови и дали на коловозите има снег или мраз. Возачите кои нема да ги исполнуваат пропишаните услови ризикуваат да добијат казна од 45 евра а целта на мерката е поголема безбедност во сообраќајот во текот на зимските месеци.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Рецепти„Гответе со Дракче“ - Пица вафлиВо петок (06.11.2026) во емисијата гостин ни бeше Стојне Карадакоски - Баба РужаСостојки за денешниот рецепт: 120 гр. брашно 100 мл. млеко 1 јајце 2 лажици доматно пире 100 гр. кашкавал 1 прашок за пециво 1 лажиче италјански зачин или оригано 100 - 200 гр. шунка или салама 100 гр. кечап 100 гр. мајонез масло сол, бибер и др. зачини по избор Погледнете како се подготвува овој рецепт: Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter