Претставата „Кирил и Методиј“ - идеја за цивилизација на љубовта и носталгија по единството - Канал 5

Претставата „Кирил и Методиј“ - идеја за цивилизација на љубовта и носталгија по единството

На сцената Долни Сарај во Охрид вечер во рамки на „Охридско лето“ ќе биде праизведена претставата „Кирил и Методиј, Who are you?!“ по текст на Јордан Плевнеш, во режија на Мартин Кочовски, а во изведба на Прилепскиот театар и актери гости од Македонија и странство.

Претставата „Кирил и Методиј“ - идеја за цивилизација на љубовта и носталгија по единството


Според раководителот на театарот, ова е вонреден проект на Министерството за култура, а претставата е работена во копродукција со асоцијацијата НЕТА (Нова европска театарска акција), со седиште во Љубљана, и е задолжена за меѓународната афирмација на проектот, надвор од Македонија. Во копродукцијата е и „Сфумато театар“ од Бугарија.
Претставата има специјална покана да биде дел од Првиот европски фестивал во Букурешт на 2 септември каде ќе ја има светската премиера. Идејата за текстот на „Кирил и Методиј“ е од пред 20 години, објаснува писателот Јордан Плевнеш.

- Пред 20 години еден полски продуцент, додека бев во Њујорк кога се изведуваше праизведбата на претставата „Среќата е нова идеја во Европа“, ми се обрати со писмо да пишувам текст за Кирил и Методиј. Јас тоа го прифатив. Почнав едно истражување на кој начин нивната идеја за цивилизација на љубовта и носталгија по единството да стане светска тема во една нова драма. Пред три години, од организацијата на НЕТА асоцијацијата побараа мој текст за претстава да биде прикажана на Првиот европски фестивал што ќе се одржи во Букурешт. Јас го предложив текстот „Кирил и Методиј“ и беше побарано дел од проектот да бидат режисерот Мартин Кочовски и прилепскиот ансамбл со кој постигнаа светски успеси. Оттогаш започна подготвоката за овој проект. Кон проектот се приклучи и нашето Министерство за култура. Во Букурешт ќе играме во огромниот нов театарски објект со седум сцени, изјави Плевнеш.

За режисерот Мартин Кочовски, кој со прилепскиот ансамбл веќе бележи успеси низ светските сцени, посебна возбуда била работата на претставата во краток период со огромен интензитет.

- Среќен сум што работам текст на Јордан Плевнеш. Среќен сум што работиме на толку голема тема. Ова е посебен проект. Претставата на целата екипа и дава нов поглед на театарската мисија. Публиката емотивно ќе ја почувствува цивилизацијата на љубовта и ќе ја сфати носталгијата по единството како хуманистичка, а не политичка идеја. Мотото на претставата е дека од тука до Владивосток се стигнува со Добар ден, објаснува Кочовски.

Покрај актерите од прилепскиот театар; Игор Трпче, Виолета Чакарова, Андон Јованоски, Димитар Црцороски, Наташа Наумоска, Ангела Наумоска, Александар Тодески, Димитрина Мицкоска, Илија Волчески, Владимир Ѓорѓијоски, во претставата играат и: Ѓорѓи Јолевски од МНТ, Здравко Стојмиров од Битолскиот театар, Хриса Јоаниду од Националниот театар од Северна Грција, Марија Ѓаковска од Бугарија.

Костимите ги изработи Елена Иванова од Бугарија, сценографијата е на Јани Константиновски од Полска, а музиката на Горан Трајковски.

Сценографот Јани Константиновски од Полска кој цело време работеше со екипата е посебно задоволен за овој проект кој е негова прва работа во Македонија.

- Задоволсатво ми е што работам со сите во проектот. Темата од претставата е многу возбудлива зашто траумите што се случуваат во Европа се големи, има голема миграција на народите. Текстот е врзан со хуманизмот кој на Европа во ова време и е потребен, вели Константиновски.

По светската премиера на 2 септември на Националниот фестивал во Букурешт, претставата „Кирил и Методиј, Who are you?!“ на 20 септември ќе гостува на фестивалот „Експонто“ во Љубљана. Има и неколку покани за меѓународни гостувања и во 2016 година.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Снопче: Додека зборував од моето место, бев прекинат од координаторот на ВМРО-ДПМНЕ

Она што денес се случува во Собранието претставува загрижувачки преседан за функционирањето на парламентарната демократија.

Снопче: Додека зборував од моето место, бев прекинат од координаторот на ВМРО-ДПМНЕ

На пратениците од опозицијата им е загарантирано правото во времетраење од два часа да поставуваат пратенички прашања до Владата.

Но, кога се бара пауза, со што се прекинува можноста за остварување на ова право, а потоа образложението е дека двата часа веќе поминале, станува збор за апсурдно толкување на Деловникот на Собранието.

Ова е еден вид политичка шизофренија: да имаш загарантирано право во времетраење од два часа, а потоа времето поминато во паузи да се користи како аргумент за да ти се ускрати токму тоа право!

Додека зборував од моето место, бев прекинат од координаторот на ВМРО-ДПМНЕ, поради што не успеав до крај да го искажам својот став, објави Халил Снопче од Алијанса за Албанците.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Едногодишно дете сомнително на морбили – се чекаат резултатите за потврда

Уште едно дете на возраст од околу една година е сомнително на морбили, и иако има делумна потврда дека е заразедно со мали сипаници, сепак се очекуваат резултатите од целосна лабораториска анализа, велат од ИЈЗ.

Едногодишно дете сомнително на морбили – се чекаат резултатите за потврда

Олеснителна околност за помал ризик од епидемија во последниот шести случај е тоа што детето не одело во градинка, а според првичните епидемиолошки анализи имало контакт со роднини од Косово каде што инаку има епидемија на мали сипаници.

Министерот Сашо Клековски потенцира дека присилни мерки за имунизација во Македонија нема, а засега нема ни жариште за можна епидемија. Градинките не смеат да забрануваат прием на деца бидејќи таква мерка од здравство не постои, кажа Клековски, но сепак, апелира на свеста на родителите, иако деновиве има поголем одзив за вакцинирање со МРП.

Додека се бројат ризиците за можна епидемија на мали сипаници, властите тврдат дека детално се прегледуваат сите случаи на воспаление на коски кај дечињата со цел да се утврди дали и кај нас има сомнежи за зголемен број на остеомиелит како во Хрватска, откако и во Македонија целосно се стопира вакцинацијата со БСЖ во родилиштата.

Таа ќе продолжи со нови вакцини од Јапонија кои се набавуваат преку УНИЦЕФ што ќе ги заменат бугарските, но кога ќе пристигнат во земјава, засега не се знае.

Во однос на вакцинацијата против грип, пак допрва треба да пристигне втората тура од 26.000 вакцини кои сега се во Словенија, а од Министерството уверуваат дека наскоро ќе се повикуваат граѓани што сакаат да се имунизираат но не спаѓаат во ризичните групи. Се очекува годинава на располагање да има 85000 вакцини против грип.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Шефот на Нвидија поднесе оставка по аферата со наводната кинеска шпионка

Јенсен Хуанг (63) поднесе оставка од функцијата извршен директор на „Нвидија“, една од највредните компании во светот и водечки производител на чипови за вештачка интелигенција. 

Шефот на Нвидија поднесе оставка по аферата со наводната кинеска шпионка

Тој, исто така, се повлече од функцијата претседател и претседател на одборот.

Заминувањето на Хуанг доаѓа по откритијата за две вонбрачни афери, од кои едната наводно била со жена за која американските власти се сомневаат дека е поврзана со кинеската разузнавачка служба. Скандалот со шпионката предизвика сериозна криза во „Нвидија“, а вредноста на компанијата падна за стотици милијарди долари во последните денови.

Аферата што ја потресе „Нвидија“

Хуанг минатиот викенд призна дека ѝ бил неверен на својата сопруга, но не го откри идентитетот на жената со која имал афера. Американските медиуми објавија дека жената за која станува збор била Алис Хуанг, бизнисменка со врски со кинеската технолошка индустрија за која се сомнева дека е вмешана во разузнавачки активности.

Управниот одбор на „Нвидија“ започна независна истрага на 8 ноември за можноста Хуанг да бил цел на странска разузнавачка операција. Во исто време, нагласи дека нема причина да се верува дека националната безбедност на САД или трговските тајни на компанијата се во опасност.

Ситуацијата дополнително ескалираше откако „Њујорк тајмс“ објави дека Хуанг имал уште една вонбрачна врска, со Кимберли Пауел, една од раководителите на „Нвидија“ која му била директно подредена. Ова, исто така, покрена прашања за можни судири на интереси и почитување на внатрешните правила на компанијата.

Компанијата изгуби стотици милијарди долари во вредност

Акциите на „Нвидија“ паднаа за повеќе од осум проценти во тргувањето по работното време по извештаите дека одборот на директори размислува за отстранување на Хуанг. Пазарната вредност на компанијата се намали за повеќе од 600 милијарди долари откако избувна скандалот.

Компанијата игра клучна улога во глобалниот развој на вештачката интелигенција. Нејзините процесори се користат во центрите за податоци на најголемите технолошки компании, поради што промените на нејзиното врховни позиции би можеле да имаат последици за целата индустрија.

Крај на 33 години на чело на компанијата

Хуанг е ко-основач на „Нвидија“ во 1993 година и оттогаш континуирано ја води. Под негово водство, компанијата прерасна од производител на графички процесори за компјутери во еден од најважните добавувачи на технологија за вештачка интелигенција.

Неговото заминување го покренува прашањето за идното раководство на компанијата во време кога се соочува со притисок од инвеститорите, контрола од страна на САД врз извозот на напредни чипови во Кина и високи очекувања за развој на вештачката интелигенција. На 17 ноември, Nvidia треба да објави нови квартални финансиски резултати.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер