Маж од скопско ја убил жената со која живеел, ден претходно лажно ја пријавил за исчезната- уапсени уште тројца
Лефков: Слугата на Бугарија, Филипче отиде предалеку, не може да ја осуди официјална Софија и кога крши дипломатски правила
1Маж од скопско ја убил жената со која живеел, ден претходно лажно ја пријавил за исчезната- уапсени уште тројца
2Лефков: Слугата на Бугарија, Филипче отиде предалеку, не може да ја осуди официјална Софија и кога крши дипломатски правила
КултураПретставата „Кенди“ на сцената во Драмски театарПобедничката претстава на фестивалот МОТ 2023, во селекција на независна продукција со награда „БИШ“, „Кенди“, вечер ќе биде изведена на малата сцена од Драмскиот театар Скопје.Претставата е во режија и адаптација на Тамара Стојаноска, работена по романот на Лук Дејвис и по авторски материјали од ХОПС – опции за здрав живот – Скопје. Таа е во продукција на независниот театар „Златен Елец“, во која играат актерите Лео Поповиќ и Бобан Алексоски, музиката е на Лука Тошев, а дизајнот на рекламниот материјал е на Бојана Цилевска. -Оваа претстава ја одликува големата храброст и ангажман да ги отворат современите болести на младите во време на социјална, политичка и општествена неизвесност. Автентичноста во режисерскиот и актерскиот израз зборува за застрашувачките последици од нарко зависноста, но и од тензичноста на едно време каде што семејните и социјални дисторзии се меѓу најголемите причини за исчекорувањето на младата популација од реалниот свет и нивното заминување во пеколот на наркоманијата..., вели во образложението за наградата, тричленото жири на фестивалот. Во месец мај минатата година, претставата ја освои и наградата „Бранко Ѓорчев“ на истоимениот фестивал за дуодрама во Неготино, за актерите Бобан и Лео, за најдобра партнерска игра. Ова ќе биде осма изведба на претставата и првпат после фестивалот МОТ. Од театарот информираат дека изведби ќе има и понатаму во Скопје, низ државата но и надвор од границите. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Црна хроникаМаж од скопско ја убил жената со која живеел, ден претходно лажно ја пријавил за исчезната- уапсени уште тројца Лишен од слобода маж од скопско поради сомнение за сторено кривично дело „убиство", во врска со случајот лишени се од слобода уште три лица.На 28.06.2026 во 01:20 часот полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода С.Г.(51) со престојувалиште во с.Таор, скопско, поради постоење основи на сомнение дека ја убил Ж.Г.(48). На 26.06.2026 С.Г. пријавил во полициска станица дека од домот се оддалечила Ж.Г., со која живееле во иста куќа, а на 27.06.2026 пријавил дека ја пронашол почината Ж.Г. во близина на с.Летевци, скопско. На местото излегле полициски службеници и јавен обвинител, по што телото кое било во фаза на распаѓање, по наредба на јавен обвинител е предадено на судска медицина за обдукција. Со С.Г. е извршен службен разговор и тој е лишен од слобода, а во врска со случајот лишени се од слобода и З.М.(62), Г.Б.(64) и М.Д.(69). Во координација со јавен обвинител се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот, соопштуваат од МВР. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМуцунски на Дубровник форум: Постепената интеграција во ЕУ мора да биде мост кон полноправно членство, а не трајна чекална10:59Преку камерите на „Безбеден град“ пишани 120.000 казни за пет месеци, странците може да возат како сакаат 15:0958- годишен возач на камион загина во тешка сообраќајка на патот Прилеп- Градско 09:36Владина реконструкција „на маса“: Мицкоски викендов на клучни средби за распределба на ресорите 15:07Алиу: Европски средства за подобро здравство11:07
Муцунски на Дубровник форум: Постепената интеграција во ЕУ мора да биде мост кон полноправно членство, а не трајна чекална10:59
Преку камерите на „Безбеден град“ пишани 120.000 казни за пет месеци, странците може да возат како сакаат 15:09
Владина реконструкција „на маса“: Мицкоски викендов на клучни средби за распределба на ресорите 15:07
МакедонијаЛефков: Слугата на Бугарија, Филипче отиде предалеку, не може да ја осуди официјална Софија и кога крши дипломатски правилаДома го имаме опозиционерот Венко Филипче и неговите другари од раководството на СДС кои знаат само да слугуваат на туѓи интереси, сега конкретно слугуваат на Бугарија.Додека државните претставници на Македонија секој ден наоѓаат начини за соработка, јакнење на билатералните односи, јакнење на позицијата на државава на меѓународна сцена како што се деновиве активностите на министерот Муцунски во Дубровник, дома го имаме опозиционерот Венко Филипче и неговите другари од раководството на СДС кои знаат само да слугуваат на туѓи интереси, сега конкретно слугуваат на Бугарија. Овие лица кои постојано повторуваат треба да одиме во ЕУ, треба да се интегрираме во Унијата очигледно само тоа го знаат – да кажуваат зборови во празно и да слугуваат. Истите тие не можеме никако да ги слушнеме да кажат нешто паметно, освен како што кажав, повторување на празни зборови. Зошто празни зборови? Па, Филипче знае само да зборува во празно и да слугува на Бугарија и тоа, дури и кога овој наш сосед јасно ги крши дипломатските правила. Филипче не најде за сходно да го спомне фактот како Бугарија крши дипломатски правила, а не пак да го осуди чинот со објавување документ со податоци од чувствителна безбедносна природа поврзани со семејството на премиерот. Почитувани, По ова, дополнително на јавноста и станува јасен фактот дека Филипче гледа само како подобро да и слугува на официјална Софија. Филипче не го засега ништо друго освен додворувањето на официјална Софија. Филипче не го засегаат било какви напади на Македонија, дали по идентитетот, по јазикот, историјата и слично. Човекот си зацртал една цел, а тоа е да и слугува на Бугарија и на официјалната софиска политика, а самите македонски државни интереси воопшто не му се во фокусот. Целата оваа ситуација укажува на едно, дека за Македонија непристојните предизвици на патот кон ЕУ не сопираат. Затоа одбраната на државните интереси е приоритет за актуелното раководство на Македонија, рече Миле Лефков, член на ИК и пратеник на ВМРО-ДПМНЕ. .Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМуцунски на Дубровник форум: Постепената интеграција во ЕУ мора да биде мост кон полноправно членство, а не трајна чекална10:59Преку камерите на „Безбеден град“ пишани 120.000 казни за пет месеци, странците може да возат како сакаат 15:0958- годишен возач на камион загина во тешка сообраќајка на патот Прилеп- Градско 09:36Владина реконструкција „на маса“: Мицкоски викендов на клучни средби за распределба на ресорите 15:07Алиу: Европски средства за подобро здравство11:07
Муцунски на Дубровник форум: Постепената интеграција во ЕУ мора да биде мост кон полноправно членство, а не трајна чекална10:59
Преку камерите на „Безбеден град“ пишани 120.000 казни за пет месеци, странците може да возат како сакаат 15:09
Владина реконструкција „на маса“: Мицкоски викендов на клучни средби за распределба на ресорите 15:07
МакедонијаСиљановска-Давкова на средба со претставници на УНЕСКОЗаштитата на културното и природното наследство на Охрид и Охридскиот регион ги надминува националните граници.Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска ги прими постојаните делегати – амбасадори и претставници на Комитетот за светско наследство на УНЕСКО, предводени од претседателот на 43. Генерална конференција на УНЕСКО, Кондер М. Тала од Бангладеш. Предмет на разговарот беше заштитата на природното и културното наследство на Охрид и Охридскиот регион, низ призма на препораките на Комитетот. Претседателот и соговорниците ја информираа претседателката за јасно изразената политичка подготвеност и решеност за правни и институционални чекори, проследени со конкретни мерки. Таа укажа на потребата од поголем ангажман на експертската заедница, како и интензивирање на соработката со Република Албанија во надминувањето на заедничките проблеми. За соговорниците, заштитата на културното и природното наследство на Охрид и Охридскиот регион ги надминува националните граници и упатува на меѓународно разбирање и солидарност, соопштуваат од Кабинетот..Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМуцунски на Дубровник форум: Постепената интеграција во ЕУ мора да биде мост кон полноправно членство, а не трајна чекална10:59Преку камерите на „Безбеден град“ пишани 120.000 казни за пет месеци, странците може да возат како сакаат 15:0958- годишен возач на камион загина во тешка сообраќајка на патот Прилеп- Градско 09:36Владина реконструкција „на маса“: Мицкоски викендов на клучни средби за распределба на ресорите 15:07Алиу: Европски средства за подобро здравство11:07
Муцунски на Дубровник форум: Постепената интеграција во ЕУ мора да биде мост кон полноправно членство, а не трајна чекална10:59
Преку камерите на „Безбеден град“ пишани 120.000 казни за пет месеци, странците може да возат како сакаат 15:09
Владина реконструкција „на маса“: Мицкоски викендов на клучни средби за распределба на ресорите 15:07