КултураПретставата „Гидионовиот јазол“- Нова премиера во Драмски театар СкопјеПретставата „Гидионовиот јазол“ на режисерката Драгана Милошевски Попова е втората премиера што се реализира од Годишната програма за драмска дејност за 2025 година.Претставата е работена по текст на авторката Џона Адамс. Драматург е Викторија Рангелова – Петровска, инспициент Гоце Бојчев, а суфлер Жаклина Цветковска. Улогите ги играат актерите: Биљана Драгиќевиќ Пројковска, Ања Митиќ и децата од Студиото за актерска игра „Прва проба“: Саша Димитриевска, Леа Стојков, Мина Ѓаку, Ина Прокоповска, Катја Бешлиева, Бистра Стефановска, Јана Нешевска, Матеј Марковски, Јоанис Далајоргос. Режисерка Драгана Милошевски Попова во програмската белешка истакнува дека: „Претставата „Гидионовиот јазол“ е моќна и вознемирувачка приказна за вината, одговорноста, тагата и сложениот однос во комуникацијата, како и состојбите во образовниот систем, проблемите со кои се соочува детето низ периодот на детството. На училишна средба меѓу мајката Корин и наставничката Хедер, кој се случува по еден трагичен настан, преку деликатен, емотивно исполнет/напнат дијалог, се отвораат прашањата за детската креативност, слободата на изразување, за уметноста, за одговорноста на наставниците и за родителите, за социјалните мрежи, за врсничкото насилство, за осаменоста, преку кои постепено се разоткрива длабоката болка и се бара, па и се посочува можниот виновник“. Авторката Џона Адамс е претставничка на новата генерација американски драмски автори. Дипломира на Универзитетот „ДеПаул“ (DePaul University) во Чикаго, магистрира на Факултетот „Хунтер“ (Hunter College) во Њујорк. Таа е авторка на 20 драмски текстови во кои драмската структура ја гради преку исклучително јаки и богато нијансирани карактери и ги поставува во сложени меѓусебни психолошки ситуации. Тематски обработува општествено актуелни прашања. Нејзини најпознати дела се: „Гидионовиот јазол“ (Gidions Knot) со повеќе од 40 премиерни изведби низ целиот свет, како и „Светски градители“ (World Buillders), „Без милост“ (Sans Merci), „Ангел јадач“, трилогија (The Angel Eaters Trilogy). Друштвото на американските театарски критичари ѝ ја доделува наградата „Стинберг“ (Steinberg Award) за делото „Гидионовиот јазол“. Наредните изведби на претставата „Гидионовиот јазол“ се на редовниот репертоар на Драмски на 23 и 31 април.Тагови: Драмски театар Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МетеоСончево со максимални температури од 34 до 40 степениСпоред Управата за хидрометеоролошки работи времето денес ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а наместа повремено засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 34 до 40 степени. Во Скопје, сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне 38 степени.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПоследните анализи влеваат надеж – ќе протече ли во четврток питка вода од чешмите во Гостивар?.. 15:00На 11 август пред 34 години Македонија ги доби знамето и химната „Денес над Македонија“08:38Живата од термометрите останува „заглавена“ на 40 степен15:0825 години од масакрот кај Љуботенски Бачила: Армијата ќе им оддаде почит на осумтемина загинати08:34ЦУК предупредува на зголемен ризик од брзо ширење на пожарите15:08
Последните анализи влеваат надеж – ќе протече ли во четврток питка вода од чешмите во Гостивар?.. 15:00
МакедонијаБез струја Момин Поток, основното училиште во Петровец и ЈП Паркови и зеленилоБез електрична енергија денеска во периодот од 08.30 до 13.00 часот ќе останат корисниците во населба Момин Поток, поточно на ул.Калош Дани, фирмите Стил Железо, Синтекс, Европа 92, сооптши РЦУК Скопје.Струја од 09.00 до 13.00 часот, ќе нема објектот на ОУ Кочо Рацин во Петровец, а од 09.00 до 14.00 часот, главниот објект на ЈП Паркови и зеленило во општина Карпош.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПоследните анализи влеваат надеж – ќе протече ли во четврток питка вода од чешмите во Гостивар?.. 15:00На 11 август пред 34 години Македонија ги доби знамето и химната „Денес над Македонија“08:38Живата од термометрите останува „заглавена“ на 40 степен15:0825 години од масакрот кај Љуботенски Бачила: Армијата ќе им оддаде почит на осумтемина загинати08:34ЦУК предупредува на зголемен ризик од брзо ширење на пожарите15:08
Последните анализи влеваат надеж – ќе протече ли во четврток питка вода од чешмите во Гостивар?.. 15:00
ХороскопДневен хороскоп за 12. август 2026 годинаДневен хороскоп за среда, 12. август 2026 година. Лав 23.7-22.8. Љубов И да одите чекор напред па чекор назад , пак ќе бидете во плус , зашто знаете што сакате.Тоа ќе го препознае и другата страна. Кариера Денеска ќе се занимавате со некои нежни теми или естетски , уметнички и креативно подобрување на работата. Здравје и совет Во добра форма сте. Девица 23.8.-23.9. Љубов Ќе бидете стабилни и сигурни во својата врска , зашто ќе се појават резултатите од вашите претходни љубовни делувања. Кариера На чекор сте до моментот кога ќе ве забележат и оние кои до сега не ве забележувале. Здравје и совет Само продолжете со зададените активности. Вага 24.9.-23.10 Љубов Ако ви се пристори како партнерот ви ги крои деновите , ќе се побуните , а потоа ќе продолжите тоа да го прави до одреден степен. Кариера На некои ќе им се чини дека се им е однапред зацртано, па немаат многу простор за маневрирање. Здравје и совет Имате доволно слобода , без грижа. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Ви претстои големо пријателство, можеби и повеќе , а до зближувањето ве дели еден мал чекор. Кариера Ќе се ослободите од некаква нејаснотија , што ќе ја видите пред да ја забележат другите.Сепак не се однесувајте како се да знаете, туку дадете им шанса и на другите. Здравје и совет Бидете разбрани. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Оние кои се вљубени , би можеле на саканата личност да и предложат нешто поврзано со заедничкиот дом . Кариера Ќе довршувате мало инвентирање, кое е предуслов за уште поголемо напредување во работата.Ќе успеете. Здравје и совет Не претерувајте со јадење и пиење. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Ќе ја носите саканата личност од место на место и ќе и покажувате каде би можеле еден ден да живеете заедно. Кариера Добро ќе соработувате со сите , но најдобро со младите соработници. Ќе уживате во тоа. Здравје и совет Бидете она што сте. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Ако веќе толку сакате да се жалите, тогаш тоа раскажете и го на личност од доверба, а не на онаа со која сте во врска, зашто ќе и бидете напорни. Кариера Можеби ќе посакате сите да ве остават на мир, за да го одработите својот дел од работата со потребната концентрација.Ќе ви тргне од рака. Здравје и совет Можни се преоптоварувања. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Некои ќе се подготвуваат да кажат нешто важно и во главата ќе спремаат голем говор.Не изразувајте што мислите , ако тоа не можете да го промислите. Кариера Еден трошок малку ќе ве вознемири, но набргу ќе воспоставите контакт со кој ќе развиете работа и ќе го надоместите. Здравје и совет Добро ќе маневрирате. Овен 21.3-20.4. Љубов Денеска ќе успеете да се издигнете над грижите и тагата што ве мачат.Тоа ќе биде напредок и благо олеснување. Кариера Ако имате проблеми да го изработите неопходното, сетете се на своите стручни знаења и набргу ќе дојдете до решение. Здравје и совет Одморете,наспијте се. Бик 21.4- 20.5. Љубов Можно е некој да ви предложи излез од љубовниот лавиринт , но не сте подготвени тоа да го спроведете на дело. Кариера Пред вас е порака, понуда или слично , која што доаѓа од странство.Сепак не е сосема дефинирана, но радува како можност. Здравје и совет Засега анализирајте. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Изразувањето на личното незадоволство не е начин за подобрување на интимните односи , доколку не предложите и некои конкретни решнија. Кариера Верувајте дека можете подобро и повеќе.Имате право , но не треба од себе да го барате неможното.И вие сте само човек. Здравје и совет Бидете пореални. Рак 22.6-22.7. Љубов Денеска завршувате една фаза на својот еротски живот и ги комплетирате искуствата.Оние во врска се добро ,а осамените заведуваат. Кариера Веројатно ќе се најдете покрај големи вложувачи во вашата работа, но работите се уште не се дефиинирани , ниту готови. Здравје и совет Здрави сте и подготвени за нови предизвици.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПоследните анализи влеваат надеж – ќе протече ли во четврток питка вода од чешмите во Гостивар?.. 15:00На 11 август пред 34 години Македонија ги доби знамето и химната „Денес над Македонија“08:38Живата од термометрите останува „заглавена“ на 40 степен15:0825 години од масакрот кај Љуботенски Бачила: Армијата ќе им оддаде почит на осумтемина загинати08:34ЦУК предупредува на зголемен ризик од брзо ширење на пожарите15:08
Последните анализи влеваат надеж – ќе протече ли во четврток питка вода од чешмите во Гостивар?.. 15:00