Претставата „Федра“ одиграна во „Стоби“

Во античкиот амфитеатар во Стоби во рамките на 13. Интернационален фестивал на античка драма „Стоби“ синоќа во два наврата беше изведена претставата „Федра“ на Независна продукција од Македонија, на авторката Сара Кејн, а во режија на Билјана Радиноска.

По двете изведби на претставата пред ограничен број на публика која одблиску уживаше во креативноста на актерите, во изјавата за медиумите режисерката Радиноска појасни дека е многу важно преку претставата да се отвори еден дијапазон на чувства, за тоа како еден човек може да се чувствува за нешто што е толку едноставно.

- Ми беше важно дека цела една монархија може да се урне поради лични односи и колку на некои внатре не им е гајле за некои надвор. Повеќе е како емотивно движење, да се изненадуваш цело време и да се постави прашањето дали некои работи вреди да се прават, појасни режисерката Радиноска.

Претставата својата премиера ја доживеа во април годинава, а ова е прво искуство да се игра на отворено. За актерката Стефанија Зисовска големо е задоволството што игра на Стоби.

Таа ни појасни дека со претставата го отвориле прашањето за една вечна неисцрпна и безусловна љубов.

- Бескомпромисна љубов која ништо не може да ја победи. Се отвораат и социјални неправди кои навидум се во втор план, ама сепак се доволно јасно искажани. Пред се ова е претстава за една безгранична и безусловна љубов која ништо не може да ја уништи, истакна актерката Зисовска.

Интернационалниот Фестивал на Античка Драма „Стоби“ 2014, продолжува утревечер со претставата „Многу врева за ништо“ во режија на Дејан Пројковски на Театарот комедија од Скопје, а која исто така како и синоќешната, ќе се натпреварува за една од наградите на фестивалот. /МИА

Јавниот превоз во Скопје по неделен возен ред, жичницата нема да работи

 Јавниот превоз во Скопје денека ќе функционира по неделен возен ред, а жичницата нема да работи, соопштија денеска од Одделението за односи со јавност во ЈСП Скопје.

Дежурни од 7 до 14 часот ќе бидат билетарниците на Транспортен центар и таа во Ѓорче Петров.

Променливо облачно, попладне и вечер на повеќе места нестабилно со пороен дожд и грмежи

Времето денеска ќе биде променливо облачно, попладне и во вечерните часови на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи.

Според прогнозата на УХМР, локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со обилен пороен дожд за кратко време, силни електрични празнења, засилен ветер и појава на град.

Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 12, а максималната ќе достигне од 20 до 26 степени.

Во Скопје променливо облачно. Попладне и во вечерните часови ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во делови од котлината ќе има услови за појава на краткотрајно невреме. Минималната температура ќе се спушти до 11, а максималната ќе достигне 25 степени.

-До петок ќе се задржи променливо облачно време, на повеќе места нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен дожд за кратко време, силни електрични празнења, засилен ветер и појава на град, соопшти УХМР.

Од четврток дневната температура ќе биде во опаѓање, а во деновите од викендот условите за нестабилност ќе се намалат.

Македонија гласа на вториот круг од претседателските избори и на парламентарни избори

Гласачките места се отвораат во точно седум часот, и ќе се гласа до 19 часот.

Право на глас за претседателските избори имаат 1. 814 317 лица а за парламентарните 1 815 350 лица или 1033 избирачи повеќе, поради лицата кои помегу двата изборни круга станале полнолетни, и имаат право да гласаат само за новиот парламентарен состав.. Вчера гласаа затворениците, болните и изнемоштени лица, како и 2569 лица од дијаспората но само за претседател, но не и за пратеници, поради недоволен број на пријавени..

На едно избирачко место во општина карпош е нашиот репортер Игор Манасиевски.. Игор дали навреме почна гласањето ?

притисни ентер