Претставата „Буре барут“ на режисерката Ана Батева на фестивал во Софија - Канал 5

Претставата „Буре барут“ на режисерката Ана Батева на фестивал во Софија

Во Младешкиот театар „Николај Бинев“ во Софија вечер во рамки на фестивалот „Панаир на младите“ премиерно ќе биде изведена претставата „Буре барут“ на режисерката од Македонија Ана Батева.

Претставата „Буре барут“ на режисерката Ана Батева на фестивал во Софија
Претставата е работена според две драми на Дејан Дуковски („Буре барут“ и „М.М.Е. Кој прв почна“) и засега социјални теми за животот на Балканот, балканскиот менталитет и перцепција за светот и животот.

- Целата суровост и трагедија од пропаднатиот живот е претставена во формата на кабаре, каде преку иронијата, сатирата и кабаретните песни исполнети од оркестар на живо, не директно, но на потсвестно ниво ќе го натераат гледачот да се замисли за основните морални прашања и вредносен систем, кој во последно време драстично деградира или веќе воопшто и не постои. Затоа што за да стигнат лесно и брзо до гледачот вистините за неговиот сопствен живот треба да не го предизвикуваат судот на неговиот разум, изјави режисерката Батева, која минатата година дипломираше театарска режија во Софија, каде што и работи.

По вечерашната премиера, нејзината претстава ќе остане на редовниот репертоар на театарот „Николај Бинев“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Саем на домашна храна „вкуси ја традицијата“ денеска во Градски парк кај Школка

Во Градскиот парк, кај Школка, денеска се одржува саемот „Вкуси ја традицијата преку домашна здрава храна“. 

Саем на домашна храна „вкуси ја традицијата“ денеска во Градски парк кај Школка

Посетителите имаат можност да дегустираат и органски производи.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Над 141.000 лица во Македонија живеат со дијабетес: Раното откривање може да спречи тешки компликации

141.891 лице со дијабетес има во Македонија. Во 2025 година  биле евидентирани нови 6.614 новодијагностицирани случаи, покажуваат податоците од националниот регистар на Институтот за јавно здравје. 

Над 141.000 лица во Македонија живеат со дијабетес: Раното откривање може да спречи тешки компликации

По повод 14 ноември, Светскиот ден на дијабетесот годинава се одбележува под мотото „рано дејствување против дијабетесот“.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски: Дојдовме до точка нула, а бевме во длабок минус, од сега очекувам само раст

Индустриското производство бележи позитивни движења.

Мицкоски: Дојдовме до точка нула, а бевме во длабок минус, од сега очекувам само раст

Прометот во индустријата е зголемен за над 5,5 отсто во споредба со третиот квартал минатата година, изјави премиерот Христијан Мицкоски.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер