3Во Музејот на град Скопје одржана обука за евакуација и спасување на музејски предмети при земјотрес
Скопјанец се бори за живот на респиратор: Прв тежок случај со западнонилска треска од домашен комарец
1Скопјанец се бори за живот на респиратор: Прв тежок случај со западнонилска треска од домашен комарец
КултураПретставата „Безгрешна“ на словенечкиот театар од Марибор вечерва на „Охридско лето“Првата содржина од драмскиот дел на програмата на Фестивалот „Охридско лето“ е театарската претстава „Безгрешна“, поставка на Театарот Марибор од Словенија.„Безгрешна“ (Immaculata) бара смисла во раните кои никогаш не можат да зараснат. Марија, мајката на Исус, се обидува да се сети на некои од зборовите, лицата и деловите од приказната во врска со смртта на нејзиниот син. Сеќавајќи се на тие длабоко вознемирувачки настани, Марија смело ги предизвикува сите големи и свети идеи. Всушност, тие прашања се начинот на кој таа ги задржала. Затоа што идеите умираат, ако не се оспорат. Immaculata е жена која е повеќекратно злоупотребувана и погрешно скована во слика, догма, инструмент на верата. Тоа е исповед на жена, избришана од историјата и претворена во слика која служи за воспоставување на насилна религија. - Ако олтарот е каде и да клекнеме, тогаш мојот олтар е сцената. Местото каде што го поминав, со Томаж, целиот мој живот во театарот, тесно испреплетен со неговата интимна визија за светот, со неговите светли и мрачни соништа, кои тој, во својот творечки порив, ги живееше страсно, притоа искажувајќи ја својата Поезија и вистина, вели за претставата Ливија Пандур, која ја заврши поставката по ненадејната и прерана смрт на словенечкиот режисер Томаж Пандур. Како што посочува таа, Immaculata е претстава што почнале да ја адаптираат од романот на Колм Тоибин за Словенечкиот национален театар од Марибор, сплетувајќи четиринаесет мисловни пејзажи, олтар на љубовта, загубата, осаменоста, потрагата по смисла во раните кои никогаш не исцелија. - Со неговото заминување, мојата рана е толку длабока што може да ја носи само сцената. Нему му ја посветувам Имакулата, кој веруваше дека сè што влегува на сцената се трансформира со него, вели Ливија Пандур. Продуцентката и режисерката Ливија Пандур студирала драматургија на Академијата за театар, радио, филм и телевизија во Љубљана, работела како драматург во различни театри во Љубљана. Од 1991 до 1996 година е драматург на Драмата на Словенечкиот народен театар – Марибор. Меѓу другите, таа била драматург за сите продукции на Томаж Пандур (1963-2016) „Шехерезада“ во Младинскиот театар во Љубљана; „Фауст“, „Хамлет“, „Кармен“, „Божествена комедија“, „Руска мисија“, „Вавилон“ во Словенечкиот народен театар во Марибор; „Хазарски речник“, „Сто минути“, „Тесла Електрик“, „Калигула“, „Војна и мир“, „Микеланџело“ во ХНК во Загреб, „Фауст“, „Кралот Лир“ во Атина. Автор е на повеќе театарски публикации, и ја објавува и ја уредува театарската монографија „Театарот на соништата“ во 2002 година. Улогата на Марија ја толкува Наташа Матијашец Рошкер. За вечерашната изведба на „Безгрешна“ е резервирана сцената во предворјето на црквата „Света Софија“ од 21 часот. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПаѓа цената на нафтата на светските берзи: Барел Брент се стабилизира на околу 85 долари15:00Водата во Гостивар може да се користи само како техничка, не и за пиење и готвење08:48Водата во Гостивар може да се користи како техничка, но не и за пиење и готвење15:04Тошковски: Во Гостивар има техничка вода, но за пиење и подготвување на храна уште да се користи флаширана11:20Гостивар се очекува денеска да добие техничка вода 08:11
Тошковски: Во Гостивар има техничка вода, но за пиење и подготвување на храна уште да се користи флаширана11:20
БалканРоманија поради ниско ниво на Дунав, исклучува реактор во нуклеарна централаНивото на водата на најдолгата европска река Дунав е најниско во последните 30 години. Романија го исклучува реакторот во нуклеарната централа. Романската државна компанија „Нуклеарелектрика“ (Nuclearelectrica) денес исклучи еден реактор во нуклеарната централа „Чернавода“ како мерка на претпазливост поради рекордно ниското ниво на водата во Дунав; Министерството за енергетика соопшти дека овој потег има за цел да го заштити системот за ладење. Реакторот е привремено исклучен за да се спречи евентуално оштетување на системот за ладење, кој зависи од водата од Дунав, истакнаа од министерството. Нивото на водата во романскиот дел на Дунав минатата недела падна на најниско ниво во последните три децении, што ги натера властите да ја ограничат употребата на речната вода за наводнување, според „Романија инсајдер“ (Romania Insider). „Нуклеарелектрика“ денес изјави дека реакторот во „Чернавода“ е исклучен во согласност со контролираните процедури за постапување при екстремно ниско ниво на реката, додавајќи дека мерката има за цел да обезбеди нуклеарна безбедност и сигурност во работата на централата. Компанијата наведува дека одлуката се заснова на најновите прогнози на Романскиот национален институт за хидрологија и управување со води, при што нагласува дека состојбата на Дунав внимателно се следи. Доколку нивото на водата дополнително опадне, компанијата може привремено да го исклучи и вториот реактор. Недостатокот ќе се надомести преку увоз. Според податоците на Светската нуклеарна асоцијација, нуклеарната централа „Чернавода“ располага со два реактора базирани на канадската технологија CANDU, секој со капацитет од 706 мегавати, и обезбедува приближно една петтина од потрошувачката на електрична енергија во Романија.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПаѓа цената на нафтата на светските берзи: Барел Брент се стабилизира на околу 85 долари15:00Водата во Гостивар може да се користи само како техничка, не и за пиење и готвење08:48Водата во Гостивар може да се користи како техничка, но не и за пиење и готвење15:04Тошковски: Во Гостивар има техничка вода, но за пиење и подготвување на храна уште да се користи флаширана11:20Гостивар се очекува денеска да добие техничка вода 08:11
Тошковски: Во Гостивар има техничка вода, но за пиење и подготвување на храна уште да се користи флаширана11:20
МакедонијаЈанчев: Напредуваат градежните активности на затворениот базен[⤵️] Напредуваат градежните активности на затворениот базен на локацијата на поранешна „Ла Луна“, објави на Фејсбук, првиот човек на Кавадрци, Митко Јанчев.Овој затворен базен е со димензии 25×9 метри и длабочина од 1,20 метри. Истиот првенствено ќе се користи за децата од основните и средните општински училишта, но рекреативно ќе можат да го користат и сите останати граѓани. Во моментов започна лепењето на плочките во базенот, паралелно се работи во машинската просторија, а интензивно се изведува и партерното уредување на просторот околу објектот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПаѓа цената на нафтата на светските берзи: Барел Брент се стабилизира на околу 85 долари15:00Водата во Гостивар може да се користи само како техничка, не и за пиење и готвење08:48Водата во Гостивар може да се користи како техничка, но не и за пиење и готвење15:04Тошковски: Во Гостивар има техничка вода, но за пиење и подготвување на храна уште да се користи флаширана11:20Гостивар се очекува денеска да добие техничка вода 08:11
Тошковски: Во Гостивар има техничка вода, но за пиење и подготвување на храна уште да се користи флаширана11:20
КултураВо Музејот на град Скопје одржана обука за евакуација и спасување на музејски предмети при земјотресВо Музејот на град Скопје вчера се одржа обука и трибина за евакуација и прва помош на музејски предмети при земјотрес, во организација на музејот и СИН ШТИТ.Настанот беше посветен на заштитата и спасувањето на културното наследство во услови на природни непогоди. На трибината се дискутираше за постапките за евакуација на музејските експонати, функционирањето на Штабот за заштита и спасување, кој треба да постои во секоја институција, како и за предизвиците со кои се соочуваат музеите при природни катастрофи. Практичниот дел од обуката беше реализиран според целосниот протокол – од пронаоѓање на предметот, негова безбедна евакуација и пакување, до подготовка на потребната документација и тријажа во прифатниот центар. Обуката има за цел да ги зајакне капацитетите на музејските институции за навремена и ефикасна заштита на културното наследство во случај на земјотреси и други природни непогоди. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПаѓа цената на нафтата на светските берзи: Барел Брент се стабилизира на околу 85 долари15:00Водата во Гостивар може да се користи само како техничка, не и за пиење и готвење08:48Водата во Гостивар може да се користи како техничка, но не и за пиење и готвење15:04Тошковски: Во Гостивар има техничка вода, но за пиење и подготвување на храна уште да се користи флаширана11:20Гостивар се очекува денеска да добие техничка вода 08:11
Тошковски: Во Гостивар има техничка вода, но за пиење и подготвување на храна уште да се користи флаширана11:20