Претставата „Алма Малер“ на 28 јануари премиерно во МНТ - Канал 5

Претставата „Алма Малер“ на 28 јануари премиерно во МНТ

Претставата „Алма Малер“ на 28 јануари премиерно ќе биде изведена во балетската сала на Македонскиот народен театар. Режисер на драмската адаптација на истоимениот роман на Сашо Димоски е Васил Зафирчев.

Претставата „Алма Малер“ на 28 јануари премиерно во МНТ
Главниот лик во различни етапи од животот го толкуваат актерките Милица Стојанова и Звезда Ангеловска.

Режисерот Зафирчев денеска на прес-конференција рече дека Алма Малер е грандиозна тема, општо книжевноста и драмската литература не само кај нас, туку и пошироко многу ретко се занимаваат со третирање на вака моќни, раскошни и богати женски биографии, каква што е биографијата на Алма Малер, една од најголемите и највлијателни европски дами на крајот на 19 и почетокот на 20 век.

- Она што за мене беше најпровокативно зошто токму ги избрав Милица и Ѕвезда беше не само нивниот актерски сензибилитет, туку пред се нивниот сериозен животен багаж, затоа што длабоко во себе бев уверен дека тоа е пресудното за да може да се изгради еден лик каков што е Алма Малер онака како што е напишан. Тие двете се актерски навистина и многу слични и многу различни со свој автентичен автохтон изграден актерски манир. Тој ги прави апсолутно препознатливи, посочи Зафирчев.

Претставата, посочи тој, не е само професионална реализација, туку таа е во голема мерка наша лична авторска провокација која говори за теми и животни аспекти кои нас како уметници не тангираат.

- Пред година и нешто ми понудија дека треба да ја играм оваа улога, прво ме фати паника од комплексноста на улогата, но откако го прочитав текстот ме зароби до тој степен што јас не знаев кога е ден кога е ноќ, да живеам со Алма, да се обидам да ги почувствувам сите нејзини случувања во тој живот нејзин, сите нејзини трауми, задоволства и трпеливост да го изживее животот, нагласи актерката Милица Стојанова.

Актерката Звезда Ангеловска рече дека се работи за претстава каде темата е уметност.

- Ако жената Алма Малер, односно сопругата на Густав Малер која била талентирала морала да го препознае тој талент, музичар, композитор Густав Малер, сигурно таа жена е голема провокација за актерки вклучени во оваа голема тема. Тоа е една таква комплексна биографија која со секоја нова изведба се надевам ќе ни открива и нови простори, додаде Ангеловска.

Авторот на книгата „Алма Малер“, која е во издание на „Култура“, Сашо Димоски на прес-конференцијата рече дека романот е структуриран во 10 глави кои соодветствуваат на десетте симфонии кои ги напишал Густав Малер.

Претставата „Алма Малер“ е копродукција меѓу „Арт-маркетинг“ и МНТ. Сценографијата е на Васил Зафирчев, костимите се на Тања Кокев, а изборот на музиката од Малеровите симфонии на Васил Зафирчев и Сашо Димоски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Трамп му дава безусловна поддршка на Нетанјаху: „Тој беше силен, храбар и брилијантен“

Aмериканскиот претседател Доналд Трамп ја изрази својата поддршка за својот сојузник, Бенјамин Нетанјаху, во пресрет на претстојните парламентарни избори во Израел.

Трамп му дава безусловна поддршка на Нетанјаху: „Тој беше силен, храбар и брилијантен“

Поддршката на Трамп за Нетанјаху

„Биби Нетанјаху беше силен, храбар и брилијантен соочен со огромен отпор – вклучително и отпор од внатрешноста на самиот Израел“, напиша Трамп во објава на платформата „Truth Social“.

„Ова е токму оној вид партнер што Соединетите Држави го бараат во Израел – земја за која направија толку многу. Нека оваа порака послужи како израз на мојата целосна и безусловна поддршка за Биби Нетанјаху во претстојната трка за реизбор за премиер на Израел.“

Избори по две години војна

Националните избори во Израел се закажани за 27 октомври – први по нападот на Хамас на 7 октомври 2023 година. Тој настан ја потресе нацијата и го втурна Блискиот Исток во хаос, вовлекувајќи го Израел во војни во Газа, Либан и со Иран.

Исходот од изборите би можел да одлучи дали Нетанјаху ќе остане на власт по еден од најкритичните периоди во израелската историја, или пак ќе биде поразен од ривали од центарот кои ветуваат почеток на нова ера.

Извор: Индекс.хр

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Прес-конференција на ВМРО-ДПМНЕ по изборите во Брвеница

Прес-конференција за медиуми на која се обрати претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Прес-конференција на ВМРО-ДПМНЕ по изборите во Брвеница

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Утре сончево со мала до умерена облачност

Времето утре ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, поизразен долж Повардарието и источните делови.

Утре сончево со мала до умерена облачност

Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 9, а максималната ќе достигне од 16 до 23 степени.

Во Скопје, сончево со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне до 21 степен.

Во текот на новата седмица ќе преовладува променливо облачно време. Во четврток и во петок се очекуваат врнежи од дожд, кои локално ќе бидат поројни и пообилни.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер