3Министерот Муцунски ја отвори македонската Амбасада во Вилнус: Ново поглавје во односите со Литванија
Повеќе од 1.000 километри со едно полнење! Ова се најдобрите електрични автомобили за патувања на долги релации
2Повеќе од 1.000 километри со едно полнење! Ова се најдобрите електрични автомобили за патувања на долги релации
КултураПретставата „12“ на МНТ најдобра на МТФ „Војдан Чернодрински“Претставата „12“ на МНТ е најдобрата претстава на годинашниов 59. Македонски театарски фестивал „Војдан Чернодрински“, соопшти фестивалското жири на прес-конференција денеска напладне. Жирито реши на оваа претстава да ѝ додели и специјална награда за колективна актерска игра. Како што образложи претседателката на тричленото фестивалско жири Лилија Абаџиева од Бугарија, во претставата има исклучително актерско достигнување. -Театарот е местото каде невидливото станува видливо, според Питер Брук. Верувам дека секој спектакл е едно патување и упатување кон непознатото во човечкото суштествување. Во претставата „12“ во актерската работа има внатрешна вистина на преживувањето, психолошка правдивост и актерство што плени. За мене „12“ е исклучително актерско достигнување на секој актер од екипата, изјави Абаџиева. Наградата од публиката што ја воведе фестивалот ја доби претставата „Слепци“ на Турски театар од Скопје. Оваа претстава од жирито доби и уште три награди: награда за најдобра режија на Жендрим Ријани, награда за млада актерка за Слаѓана Вујошевиќ и награда за рекламен материјал, за Медина Хоџа. Најдобра главна машка улога на Фестивалот оствари Мартин Мирчевски за улогата на Андон Совичанов во претставата „Црно семе“ на Битолскиот театар. Оваа претстава доби награда и за современа сценска драматизација и адаптација за Јелена Цветановска. Најдобра главна женска улога оствари актерката Марија Минчева Андонов за улогата на Мајката во претставата „Сите прекрасни нешта“ на Штипскиот театар. Награда за млад актер „Трајко Чоревски“ со мнозинство на гласови се доделува на Атанас Атанасовски за улогата на Оскар Медисон во претставата „Пар-распар“ во изведба на „Театар Комедија“ од Скопје. Наградата за современ драмски текст ја доби Ана Ристоска Трпеноска за текстот „Парови“ во претставата „Парови“ во изведба на Драмски театар од Скопје. Наградата за кореографија и сценски движења со мнозинство гласови се додели на Васил Зафирчев за кореографија и сценски движења во претставата „Рацин“ во изведба на Велешкиот театар. Наградата за музика „Филип Стевановски“ ја доби Сашко Костов за музиката во претставата „Рацин“ на Велешкиот театар, а наградата за костимографија ја доби Самка Фери за костимите во претставата „Ричард III“ на Албанскиот театар. Валентин Светозарев е добитник на наградата за сценографија во претставата „Рацин“ на Велешкиот театар. Директорот на Турски театар Осман Али е горд на добиената награда од публиката за претставата „Слепци“. - Најдобрите критики и реакции ги добиваме од Прилепската фестивалска публика. Многу сме задоволни од наградата, рече Али. Актерката Слаѓана Вујошевиќ од претставата „Слепци“, добитник на наградата за најдобра млада актерка рече дека претставата е со моќна порака и силна колективна актерска игра. -Многу ја сакам оваа претстава, со многу љубов ја игравме и се надевам дека уште поголема публика ќе ја гледа. Претставата носи една многу важна порака која е многу битно да се слушне денес, а тоа е дека различноста е идентитет над идентитетите, претставата е спој на два текста и на личните приказни на актерите и сето одлично склопено од режисерот Ќендрик Ријани, рече Вујошевиќ. Вечер од 20 часот ќе им бидат врачени наградите на најдобрите и во нивна чест Театар Комедија ќе ја изведе претставата „Вистината“ со што ќе биде затворен 59. МТФ „Војдан Чернодрински“ што од 6 до 13 јуни се одржуваше во Прилеп. Тагови: 12 Војдан Чернодрински Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести„Безбеден град“ се шири во Струмица, Штип и во Битола, МВР најавува мобилни камери на улиците15:08Учество на претседателката Сиљановска-Давкова на 9. Париски мировен форум08:35Судењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.15:16Основниот суд во Кочани го одби барањето на Ива Михаилова преку конференциска врска да учествува во судската постапка 12:57Продолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици11:21
Судењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.15:16
Основниот суд во Кочани го одби барањето на Ива Михаилова преку конференциска врска да учествува во судската постапка 12:57
Продолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици11:21
СветЛитванија ќе го задржи руското и белоруското житоЛитванија ќе ги задржи пратките со жито што Русија и Белорусија ги извезуваат преку пристаништето Клаипеда, сè додека не се утврди нивното потекло, изјави за Ројтерс претставник на литванското Министерство за земјоделство.Тој додаде дека оваа регулатива би можела да доведе до одложување на извозот во траење од неколку месеци. Уште од септември, Литванија врши проверки на пратките со жито од Русија и Белорусија, поради сомневања дека дел од житото всушност потекнува од украински територии кои се под руска окупација. Почнувајќи од следната недела, пченицата, 'ржта, семките од сончоглед и пченката што пристигнуваат во балтичкото пристаниште Клаипеда од Русија и Белорусија – а се наменети за други земји – нема да поминат царинска процедура сè додека не заврши проверката на нивното потекло, изјави за Ројтерс неименуван литвански функционер. „Процесот на проверка може да трае два месеци или подолго“, истакна функционерот, додавајќи дека секоја пратка за која ќе се утврди дека има лажно пријавено потекло, ќе биде или вратена или уништена. Бидејќи Литванија не располага со лабораторија способна за вршење на вакви анализи, процесот трае подолго, бидејќи тестирањето мора да се изврши во странство. ЕУ воведува санкции за увоз на руско жито Извозниците ќе ги сносат сите трошоци поврзани со складирањето, тестирањето, враќањето или уништувањето на житото, додаде литванскиот функционер. Иако ЕУ воведе санкции за увоз на руско жито, неговиот транзит кон други дестинации останува дозволен. Официјална Москва не даде коментар за правниот статус на житото што потекнува од региони кои меѓународната заедница ги признава како украинска територија. Од средината на август, испораките на руска и украинска пченица од пристаништата на Азовското и Црното Море се речиси целосно запрени, по нападите врз бродови и терминали. Во такви околности, Русија почна да ги менува своите извозни рути, при што е забележан значителен пораст на пратките со жито преку Каспиското Море. Руските трговци ја пренасочија пченицата наменета за извоз главно кон балтичките пристаништа, преку кои во септември поминале 1,2 милиони тони – што претставува над 60 отсто од вкупниот руски извоз на жито по морски пат. Според Ројтерс, компаниите пренамениле терминали што претходно се користеле за утовар на ѓубрива и јаглен, прилагодувајќи ги за транспорт на жито. Русија се свртува кон арктичката поморска рута Во меѓувреме, балтичките земји се обидуваат да го запрат транзитот на руско и белоруско жито преку нивните пристаништа. Во октомври, Естонија, Латвија и Литванија предложија забрана на ниво на целата ЕУ, при што Естонија веќе воведе свои ограничувања. Од своја страна, Русија – за првпат – се сврте кон арктичката поморска рута за испорака на пченица на меѓународните пазари. Кон крајот на октомври, комерцијалното пристаниште во Мурманск и компанијата за трговија со жито „Деметра Холдинг“ објавија дека е во тек утовар на 3.400 тони жито од „клучни земјоделски региони“. Мурманск се наоѓа во заливот Кола во Баренцовото Море, неговото пристаниште останува без мраз, иако лежи 200 километри северно од Арктичкиот круг. Тоа е едно од најважните пристаништа во северна Русија, служи како матично пристаниште за рибарска флота и мразокршачи, а се наоѓа на западниот крај на Северната морска рута. Кој увезува најмногу руско жито? Податоците од консултантската фирма „ПроЗерно“ покажуваат дека, во периодот од почетокот на новата земјоделска сезона во јули до октомври, Иран бил најголемиот увозник на руско жито, со вкупно 1,716 милиони тони – кои главно се состојат од јачмен и пченка. Египет увезол 1,35 милиони тони, а по него следува Азербејџан со 545.000 тони, според „ПроЗерно“. Според истите податоци, и Нигерија се наоѓа меѓу првите пет увозници, со 420.900 тони. Извор: Индекс.хрТагови: жито Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМФ: Собранието го усвои Дополнетиот ребаланс на Буџетот за 2026Обезбедуваме стабилност во Буџетот до крајот на годината и сигурност за граѓаните и стопанството.Собранието денеска го усвои Дополнетиот ребаланс на Буџетот за 2026 година. Со Дополнетиот Ребаланс на Буџетот вкупните приходи се планирани на ниво од 374,2 милијарди денари или пониско за околу 5,3 милијарди денари на проекциите за 2026 година. Истовремено на исто ниво е направена надолна корекција на расходната страна, односно вкупните расходи се планирани на ниво од 420,5 милијарди денари. При тоа нивото на дефицитот во Буџетот останува на ниво од 46,3 милијарди денари. Дополнетиот предлог ребаланс пред пратениците го образложи министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска која истакна дека приоритет на Владата е да ја зачува економската стабилност и да одговори на предизвиците поради продолжените глобални геополитички случувања. Оттука измените и дополнувањата на Буџетот се во насока на обезбедување стабилност во Буџетот до крајот на годината и сигурност за граѓаните и стопанството. „Државната каса до крајот на годината е стабилна и е обезбедено финансирање на сите обврски – плати, пензии, исплата на социјални надоместоци, обврски кон стопанството, како и отплатата на долгови кои доспеваат. Тоа е суштината на одговорното управување со јавните финансии – да се реагира навреме кога околностите го бараат тоа, да се заштитат граѓаните и економијата и, пред сè, да се гарантира дека државата ги исполнува своите обврски“, рече министерката. На расходната страна надолната проекција се должи на намалување на расходите за стоки и услуги и субвенциите, а во насока на дисциплинирано трошење и обезбедување дополнителни средства за најранливите категории граѓани и здравствени услуги. Со ребалансот се обезбедени дополнителни 3,7 милијарди денари за социјални трансфери, од кои 1,4 милијарди денари за социјални надоместоц, и дополнителни 887 милиони денари за здравствена заштита. За Министерството за социјална политика, демографија и млади се обезбедуваат дополнителни 1,8 милијарди денари за ранливи категории, социјална помош, народни кујни и социјални услуги. Исто така дополнителни 600 милиони денари за редовна и навремена исплата на породилните надоместоци. Капиталните расходи се проектирни на 40,1 милијарда денари со кои се продолжува со вложувања во одбраната, патната и железничката инфраструктура, комуналната инфраструктура, животната средина, енергетската ефикасност, образованието, детската и социјалната заштита, земјоделството и локалната инфраструктура. Исто така продолжува и финансиската поддршка за општините и капиталните инфраструктурни проекти на локално ниво.Тагови: МФ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМинистерот Муцунски ја отвори македонската Амбасада во Вилнус: Ново поглавје во односите со ЛитванијаМинистерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска престојува во работна посета на Република Литванија.Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска престојува во работна посета на Република Литванија, во чии рамки оствари билатерална средба со министерот за надворешни работи Кештудис Будрис и официјално ја отвори првата резидентна Амбасада на Македонија во Вилнус. На средбата со министерот Будрис во фокусот беа натамошното унапредување на политичкиот дијалог, економската соработка, евроинтегративната агенда, актуелните безбедносни предизвици и соработката во рамките на евроатлантското сојузништво. Посебно внимание беше посветено на европската интеграција, надминувањето на пречките и динамизирањето на пристапниот процес. Министерот Муцунски изрази благодарност за континуираната и принципиелна поддршка од Литванија за стратешката цел на државата, полноправно членство во Европската Унија. Тој ја реафирмираше посветеноста на Владата на спроведувањето на реформската агенда, како и конструктивниот пристап кон изнаоѓање заемно прифатливо решение во билатералниот дијалог со источниот сосед, засновано на европските вредности и принципи. Централен настан во рамките на посетата беше официјалното отворање на македонската Амбасада во Вилнус, со што се отвора ново поглавје во односите меѓу двете држави и се создаваат дополнителни можности за продлабочување на политичката, економската и институционалната соработка. „Повеќе од три децении нашите две држави градат пријателство засновано на меѓусебна почит, доверба и вредности што ги споделуваме“, истакна Муцунски. Воедно, тој изрази посебна благодарност за солидарноста покажана по трагичниот пожар во Кочани, кога четворица од најтешко повредените пациенти беа примени на лекување во Вилнус и Каунас. „Македонскиот народ нема да го заборави тоа. Семејствата во Кочани нема да го заборават тоа. И јас нема да го заборавам тоа“, истакна Муцунски. Министерот посочи дека новото дипломатско присуство ќе отвори дополнителни можности за економско, образовно, културно и технолошко поврзување. „Гледаме можности за продлабочување на економските врски, зголемување на трговијата и инвестициите, за поврзување на нашите студенти, академската заедница и уметниците, како и за заедничка работа во областа на иновациите и дигиталната трансформација“, рече Муцунски. На крајот, тој ја нагласи и пошироката улога на новата Амбасада во натамошното поврзување на двете држави. „Оваа Амбасада ќе биде мост меѓу Скопје и Вилнус, меѓу нашите институции и бизнис-заедници, и меѓу нашите граѓани. Заедно, нашите две дипломатски мисии ќе создадат посилна основа за дијалог, соработка и нови можности што ќе создаваат конкретни придобивки за граѓаните“, истакна Муцунски, соопштуваат од МНРиНТ.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook