3Скопјанец се бори за живот на респиратор: Прв тежок случај со западнонилска треска од домашен комарец
КултураПретстава за деца и концерт вечер на „Скопско лето“Во рамки на 45. „Скопско лето“, вечер во Куршумли ан ќе биде изведена претстава за деца „Разгалениот принц“, а во Културно-информативен центар ќе се одржи концерт на мецосопранот Александра Коцевска и пијанистот Глигор Гелебешев.Претставата „Разгалениот принц“ е во продукција на Театар ХИТ – Скопје. Автор и режисер е Сашо Ристовски, сценографијата и костими на Диди, а играат Магдалена Ризова-Черних, Сашо Ристовски и Бранко Атанасов. Како што соопшти Дирекцијата за култура и уметност – Скопје, се работи за детска комедија со многу едукативни и педагошки елементи. Раскажува за неправилно однесување на еден принц со „исклучителен специфичен карактер и однесување кон повозрасните, врсниците и средината“. -Неговото однесување во дворецот и во околината воопшто не доликува на еден принц, кој треба да биде пример за сите. Низ низата комични ситуации кои се создаваат со однесувањето на принцот кон својот татко - кралот, дадилката и околината, се покажува дека таквото однесување не е дозволено, а притоа и се укажува дека секое дете има свои права, но пред се и обврски кои мора да ги знае и исполнува. Кралот со дадилката, а и децата од публиката, ќе успеат да дојдат до целта, да го променат принцот и да го научат на неговите вистински права, но и на неговите обврски, посочуваат во соопштението. Програмата на концертот во КИЦ, пак, ќе опфати дела од Жорж Бизе и од Жан-Батист Векерлен. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветЗеленски и Трамп во Белата куќа. „Средбата беше добра“Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска се сретна со американскиот претседател Доналд Трамп во Белата куќа за да разговараат за нови дипломатски напори за ставање крај на војната во Украина. Двајцата лидери разговараа и за можноста за лиценцирано производство на американски системи за противвоздушна одбрана, пренесува „Киев индепендент“ (The Kyiv Independent). По средбата, Зеленски изјави дека таа била „добра“. „Со претседателот разговаравме за лиценци за производство на пресретнувачи за системот ’Патриот‘ и за неколку други идеи што би можеле да помогнат“, рече Зеленски. „Исто така, се осврнавме и на дипломатијата. Важно е тој процес повторно да се активира, а нашите тимови ќе ја организираат понатамошната комуникација.“ Средбата започна во 9:47 часот по локално време, траеше околу еден час и се одржа зад затворени врати, потврди претставник на Белата куќа. Советниците на украинскиот претседател сметаат дека Трамп станал посклонен кон Украина и дека оваа средба е можност да се обезбеди неговата поддршка.Тагови: Володимир Зеленски Доналд Трамп Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ФудбалМанчини се поблиску до клупата на Италија?!Враќање по три години – Италија пронајде селектор Претседателот на Италијанскиот фудбалски сојуз, Џовани Малаго, вели дека трофејниот стратег Роберто Манчини наскоро треба да стане новиот-стар селектор на „Аѕурите“. По одбивањето од страна на Андреа Пирло и оставките на Паоло Малдини и Леонардо, во вторникот се одржа итен состанок на Асоцијацијата. „Разговарав со Роберто Манчини за преземање на функцијата нов селектор. Го чекаме неговиот потпис“, изјави Малаго. Манчини веќе еднаш ја извршуваше оваа функција, во периодот од 2018 до 2023 година, кога си замина и набрзо потоа ја презеде репрезентацијата на Саудиска Арабија. Тој го освои Европското првенство во 2023 година со „Аѕурите“. Со оваа репрезентација не учествуваше на Светското првенство во Катар во 2022 година, а има и две трети места во Лигата на нации, во 2021 и 2023 година. По Саудиска Арабија, Манчини го водеше само катарскиот клуб Ал-Сад, кој неодамна го напушти. Манчини е тренер веќе две и пол децении. Во кариерата до сега ги водел Фиорентина, Лацио, Интер, Манчестер Сити, Галатасарај, повторно Интер и Зенит.Тагови: Манчини Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Шоу бизТејлор Свифт и Тревис Келси донирале два милиона долариСветската музичка ѕвезда Тејлор Свифт и нејзиниот сопруг, рагбистот Тревис Келси донираа 2 милиони долари на организацијата „Answer the Call NYC“, која обезбедува финансиска помош за семејствата на полицајци, пожарникари и болничари...Светската музичка ѕвезда Тејлор Свифт и нејзиниот сопруг, рагбистот Тревис Келси донираа 2 милиони долари на организацијата „Answer the Call NYC“, која обезбедува финансиска помош за семејствата на полицајци, пожарникари и болничари кои ги загубиле животите вршејќи ја својата должност. По овој гест, направен пред нивната свадба, тие добија бројни емотивни пораки на благодарност од организацијата и од семејствата на настраданите. Патриша Полимени, сопругата на покојниот њујоршки детектив Џек Полимени, изјави дека донацијата од славниот пар носи многу повеќе од само пари: – Вашата донација носи надеж, утеха и чувство на заедништво за семејствата кои се обидуваат да продолжат со животот по загубата на личност што го посветила својот живот на служење на другите. Слични пораки на благодарност упатија и Аманда Ривера, ќерката на полицаецот Вилијам Ривера, како и Алисон Гаргер, сопругата на Томас Џ. Кенеди, кој го загуби животот во терористичкиот напад на 11 септември. Извршната директорка на организацијата, Лорен Профета, потврди дека овие значителни средства ќе овозможат продолжување на неопходната помош за семејствата во Њујорк. Оваа донација е дел од поширокиот хуманитарен ангажман на парот; Тејлор Свифт и Тревис Келси досега имаат донирано вкупно околу 26 милиони долари на разни организации низ САД.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПаѓа цената на нафтата на светските берзи: Барел Брент се стабилизира на околу 85 долари15:00Водата во Гостивар може да се користи само како техничка, не и за пиење и готвење08:48Водата во Гостивар може да се користи како техничка, но не и за пиење и готвење15:04Тошковски: Во Гостивар има техничка вода, но за пиење и подготвување на храна уште да се користи флаширана11:20Гостивар се очекува денеска да добие техничка вода 08:11
Тошковски: Во Гостивар има техничка вода, но за пиење и подготвување на храна уште да се користи флаширана11:20