3Кичевец управувал возило за време на активна забрана, предизвикал сообраќајна незгода и одбил да му биде извршен алкотест
КултураПретстава „Име“ и концерт на Франческо Дорацио на „Охридско лето“ Драмската програма на 57.„Охридско лето“ продолжува со изведбата на претставата „Име“ на НУ „Театар Комедија“, на авторите Александар де ла Пателие и Метју Делапорт, во режија на Нени Делместре.Станува збор за комедија на ситуации, во чиј центар е филигранската вивисекција на „непотребните“ расправии во едно семејство. „Име“ како драмски текст има доживеано и успешна екранизација на филмското платно во Франција. Дејството во претставата е адаптирано за едно македонско современо семејство. Дејството се одвива во станот на сопружниците Бети и Петар каде секојдневието тече со „нормално“ темпо на живеење, сè до моментот, кога братот на Бети, Виктор како иден татко, свечено, но „зајадливо“ ќе го објави името на својот нероден син. Токму луцидната постапка со изборот и најавувањето на фамозното име ќе нè воведе во канонада од недоразбирања во конкретното семејство, во кое расправијата за тоа кое име е прифатливо за детето на Виктор и Ана, ќе доведат до уште поголеми комични заплети. Во претставата како дел од семејството се и Тони, нивниот пријател од детството и сопругата на Виктор, Ана. Нени Делместре е родена во Сплит, каде што живеела до своите осумнаесет години. Дипломирала технологија на комуникации на Меѓународниот универзитет на Флорида, САД, во 1981 година, а на истиот универзитет во 1984 година дипломирала и театарска режија. Оттогаш режира во Хрватска, Словенија, Венецуела, Мексико, Италија и Македонија. Меѓу другото, преведува драмски текстови од англиски, шпански и италијански јазик, а објавува и есеи од областа на театарот. Од 1997 година работи како режисерка во Народниот театар во Сплит, а во сезоната 2002/2003 беше директорка на ХНТ „Сплит“. Од 2002 до 2004 год. беше директор на драмската програма на „Сплитско лето“. Улогите во претставата ги толкуваат Атанас Атанасовски, Јелена Жугиќ, Роберт Ристов, Илија Илиоски и Кристина Ласовска. Поради неповолните временски прилики претставата што требаше да се изведува на отворената сцена на Предворјето на „Света Софија“ ќе се игра на Големата сцена на Центарот за култура „Григор Прличев“ со почеток од 21 часот. За вљубениците во музичката уметност вечерва сцената на Катедралнта црква „Света Софија“ е резервирана за солистичкиот концерт на италијанскиот виолинист Франческо Дорацио, кој ќе изведе одбрани соло партитури на Бах, Берио, Изаи, Чеса, Дал Онгаро. Маестро Дорацио е дипломец на академиите „Моцартеум“ во Салцбург, под менторство на Денес Зигмонди и на „Рубин“ во Тел Авив, во класата на Јаир Клес. Како солист настапува во Европа, САД, Јужна Америка, Австралија, Кина и Јапонија. Негови изведби се запишани на носачи на звук на издавачките куќи „Дека“, „Хиперион“, „Опус 111/ Наив“, „Страдивари“ и „Амадеус“. Настапите го носат Франческо Дорацио на сцените на некои од најпрестижните светски концертни сали и аудиториуми, како миланската „Скала“, салата на Берлинската филхармоинја, Академијата „Санта Чечилија“, лондонските „Ројал Алберт хол“ и „Кадоган хол“, Центарот за барокна музика во Версај, како и на фестивалите во Буенос Аирес, Истанбул, „Мито“ во Торино, Монпелје, фестивалите во Равена, Равело, Урбино, Салцбург, Стразбур, Стреса, Танглвуд и на Венециското биенале. Франческо Дорацио свири на виолина „Гварнери“ со име „Грофот од Кабриак“ изработена во 1811 година во Кремона, како и на вреден инструмент изработен од францускиот мајстор Жан Баптист Вијом во 1863 година. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЛишено од слобода лице од тетовско, чистејќи го својот имот запалил оган и предизвикал пожарНа 08.09.2026 во 09:30 часот, полициски службеници од Полициското одделение Попова Шапка го лишија од слобода Р.С.(55) од с.Гајре. Според пријавеното, на место викано „Мала Зецка“ под с.Гајре, додека го чистел сопствениот имот од сува трева и нискостеблеста шума, запалил оган, по што пожжарот се проширил и зафатил поголема површина. Од екипа на Територијалната противпожарна единица Тетово и вработени во Шумското стопанство, пожарот е изгаснат, а повредени лица нема. По целосно документирање на случајот, против неа ќе биде поднесена кривична пријава за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“.Тагови: пожар Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМВР: На граничниот премин Долно Блаце за влез во Македонија се пријавил Перпарим Бајрами, баран со меѓународна потерница11:11Перпарим Бајрами, обвинет во случајот на Државна лотарија, се предал на македонските власти09:08Македонија го слави 8-ми Септември, Денот на независноста18:19Македонија го слави 8-ми Септември, Денот на независноста15:16Македонија одбележува 35 години независност 08:09
МВР: На граничниот премин Долно Блаце за влез во Македонија се пријавил Перпарим Бајрами, баран со меѓународна потерница11:11
МакедонијаСДСМ: Тошковски го штити кумашинот ЈанушевСкандалот со митото на возачот на генералниот секретар на Владата, Игор Јанушев, отвора многу посериозни прашања за неговата инволвираност.Според јавно објавените информации, биле побарани 1.500 евра мито за да се „заврши“ вработување како пожарникар, а акцијата била спроведена при предавање на 500 евра. Зошто истрагата застанала тука? Зошто не било дозволено парите да го продолжат патот за да се утврди кој навистина стои зад ова и кој навистина го „завршил“ вработувањето? Возач не може сам да вработи пожарникар, ниту да влијае на конкурс, избор на кандидат или на одлука за вработување. Но Јанушев, како генерален секретар на Владата, како член на ИК на ВМРО, има. Дали Панче Тошковски го спаси својот кумашин Јанушев? Со прекинување на акцијата е спречен нејзиниот понатамошен развој. Ова е причина плус Јавното обвинителство да одговори зошто акцијата е прекината пред да се утврди целиот тек на парите и сите можни учесници. И во случајот со ИПАРД, кога беше уапсен директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, јавноста не доби целосен одговор каде водела трагата на парите и дали истрагата стигнала до сите можни учесници. Сега повторно имаме случај во кој се апси човек што е непосредно фатен, но останува неодговорено најважното прашање – кој стои над него? Откако Савески се врати од екскурзија и седна до Мицкоски, СДСМ бара да отвори истрага за случајот со возачот на Јанушев, која ќе се прошири и на Јанушев. Граѓаните заслужуваат одговори. Одговорност мора да има. СДСМТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМВР: На граничниот премин Долно Блаце за влез во Македонија се пријавил Перпарим Бајрами, баран со меѓународна потерница11:11Перпарим Бајрами, обвинет во случајот на Државна лотарија, се предал на македонските власти09:08Македонија го слави 8-ми Септември, Денот на независноста18:19Македонија го слави 8-ми Септември, Денот на независноста15:16Македонија одбележува 35 години независност 08:09
МВР: На граничниот премин Долно Блаце за влез во Македонија се пријавил Перпарим Бајрами, баран со меѓународна потерница11:11
МакедонијаКичевец управувал возило за време на активна забрана, предизвикал сообраќајна незгода и одбил да му биде извршен алкотестТој, со возилото „фолксваген голф“ со кичевски регистарски ознаки, кое го управувал, на кружен тек на ул.„Борис Кидрич“ удрил во бетонски рабник и излетал од патот. На 09.09.2026 во 03:10 часот на магистрален пат Охрид - Кичево, полициски службеници од ОВР Кичево го лишија од слобода Д.С.(32) од Кичево поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „безобѕирно управување со моторно возило“ по член 297-а од Кривичниот законик. Тој, со возилото „фолксваген голф“ со кичевски регистарски ознаки, кое го управувал, на кружен тек на ул.„Борис Кидрич“ удрил во бетонски рабник и излетал од патот. При преземање мерки во врска со незгодата било констатирано дека го управувал возилото за време на активна забрана за управување со моторно возило од Б категорија. Тој одбил да му биде извршен алкотест, а по наредба на јавен обвинител возилото е одземено. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.Тагови: сообраќајна незгода Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter