Синер го смени тренерот и рече: „Нема да почнам од почеток, продолжувам да напредувам – по еден процент!“
1Синер го смени тренерот и рече: „Нема да почнам од почеток, продолжувам да напредувам – по еден процент!“
СветПретседателските избори во Романија како референдум за европската иднина на земјатаРoманија би можела да го избере својот прв екстремно десничарски претседател в недела, на клучни избори за членката на ЕУ и НАТО што граничи со Украина.Екстремно десничарскиот политичар Калин Георгеску, поранешен висок државен службеник, ја шокираше источноевропската нација со победата во првиот круг од претседателските избори на 24 ноември, наведуваат западни медиуми. В недела, во вториот круг, тој ќе се соочи со Елена Ласкони, градоначалничката на еден мал романски град. Се стравува дека под Горгеску, земјата, чие стратешко значење се зголеми по нападот на Русија врз Украина, ќе се приклучи на екстремно десничарскиот блок на ЕУ и ќе го поткопа европското единство по прашањето на Русија, кон која Букурешт покажа со прст поради мешањето во првиот круг на избори. „Исходот од вториот круг од претседателските избори се смета за референдум за идната надворешнополитичка ориентација на земјата“, изјави Мариус Гинеа, политиколог од Универзитетот ЕТХ во Цирих. Во пресрет на вториот круг, Ласкони истакна колку е голем влогот на овие избори во една од најголемите земји-членки на ЕУ, со околу 19 милиони жители. Новинарката кој стана политичар предупреди дека земјата се соочува со „егзистенцијална битка“ и „историски конфликт“ меѓу оние кои сакаат да ја „зачуваат младата романска демократија“ и оние кои сакаат „да се вратат во руската сфера на влијание“. Анкетите, кои не успеаја да го предвидат успехот на Георгеску во првиот круг, сега му даваат 58 отсто поддршка, а на Ласкони 42 отсто. Откако во минатото го пофали рускиот претседател Владимир Путин, 62-годишниот Горгеску сега избегнува да одговара на прашања за неговата проруска ориентација.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаИталија на нозе: Евакуирани над 300 училишта по закани за поставени бомби (ВИДЕО)Најмалку 300 училишта низ Италија денеска беа евакуирани откако добиле идентична заканувачка порака за поставена бомба, изјави италијанскиот министер за образование, пренесува Ројтерс.Оваа безбедносна тревога доаѓа во време на растечка загриженост во Европа поради заканите од таканаречената „хибридна војна“, која неодамна беше насочена кон супермаркети, центри за трансфузија на крв, авиосообраќај и телевизиски куќи. Министерот за образование Џузепе Валдитара за телевизискиот канал „Ла7“ изјави дека се верува оти заканите се лажни, додавајќи дека се очекува бројот на погодени училишта дополнително да се зголеми. Several schools in Rome were evacuated on Wednesday following emailed bomb threats. Primary schools and nurseries in the Appio-Tuscolano area were among those affected. Security checks were underway. #Rome #Italy #BreakingNews #SchoolEvacuation https://t.co/a4hKQpjjBM — ChinaLensOnEurope (@CHNLensOnEurope) November 11, 2026 Пораки до родителите и необичен потпис „Поради тревогата за поставени бомби низ целата земја, ве известуваме дека сите ученици се преместени на безбедна локација и се под надзор на наставниот кадар“, соопшти едно училиште во Рим до родителите преку апликација за пораки. Фактот што толку голем број училишта биле цел „покажува колку всушност е неверодостојна оваа закана“, нагласи министерот Валдитара. Заканувачката електронска порака била потпишана со името „Михаил Андропов, лидер на Вилает Мизогинистан“, се наведува во копијата од пораката до која дојде Ројтерс. Истиот потпис се појавил и во претходни закани. Истиот наводен испраќач ја презел одговорноста и за заканувачките пораки за поставени бомби, кои во петокот преку електронска пошта беа испратени до медиуми во Ирска и Бугарија. Италијанската полиција го истражува целиот случај, потврди портпарол на полицијата во Рим.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЃорѓиевски: И денеска оставивме пример, а не ѓубреГрадоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска на Водно заедно со учениците, волонтерите и младите, ја продолжија големата еко-акција за расчистување на Скопје.- Повеќе од 30.000 вредни луѓе повторно се обединија во најмасовната акција за расчистување на Скопје. На повеќе од 50 локации покажавме колкава сила има еден град кога неговите луѓе ќе се здружат за заедничкото добро. Денес бев на Водно, рамо до рамо со вредните ученици. Со секое подигнато парче отпад, овие деца одржаа голема лекција за одговорност, за совест и за љубов кон својот град. Нивниот пример заслужува и почит и следбеници – изјави Ѓорѓиевски. Градоначалникот Ѓорѓиевски на сите што несовесно создаваат депонии им порача да земат пример од младите и да покажат дека го сакаат Скопје со тоа што ќе го чуваат. - Наша должност е да им оставиме почист град. Благодарам на секој што одвои време, се приклучи и остави свој белег во оваа акција. Секој ваш труд се гледа. Секој ваш пример вреди. Продолжуваме со следната акција, со истата решителност и со уште повеќе луѓе – рече Ѓорѓиевски.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЈанчев: Работен состанок за конечното утврдување на трасата на обиколницата за градот КавадарциДенеска, во просториите на Општина Кавадарци, се одржа работен состанок посветен на конечното утврдување на трасата на обиколницата за градот Кавадарци.На состанокот присуствуваа градоначалникот на Општина Кавадарци Митко Јанчев, претставници на Јавното претпријатие за државни патишта, општинската администрација, стручните служби и инженери, поголем дел од членовите на Советот на Општина Кавадарци, како и професори од Градежниот факултет, во својство на ревиденти на проектот. По претходно разгледување на повеќе технички решенија и усогласување на стручните предлози, на денешниот состанок беше усвоено конечното решение за вториот дел од трасата, на потегот од „Југо Комерц“ до Витач. Согласно досега спроведените активности и обемот на потребната проектна документација, се очекува до средината на следната година да биде финализиран основниот и инфраструктурен проект, со што ќе се создадат услови за пристапување кон тендерска постапка и понатамошна реализација на проектот на терен. Утврдувањето на конечната траса претставува значаен чекор во процесот на подготовка за реализација на еден од важните инфраструктурни проекти за Кавадарци, кој има за цел подобрување на сообраќајното поврзување и растоварување на градскиот сообраќај. Тагови: Митко Јанчев Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook