Претседателските избори во Хрватска ќе се одржат на 29 декември, Милановиќ пак ќе се кандидира - Канал 5

Претседателските избори во Хрватска ќе се одржат на 29 декември, Милановиќ пак ќе се кандидира

Владата на Хрватска на денешната седница официјално донесе одлука за распишување претседателски избори кои ќе се одржат во недела на 29 декември.

Претседателските избори во Хрватска ќе се одржат на 29 декември, Милановиќ пак ќе се кандидира

Одлуката ќе стапи на сила на 28 ноември, кога ќе почне и рокот за собирање потписи за кандидатура на осмите претседателски избори од независноста на Хрватска. Кандидатите имаат рок од 12 дена да соберат 10.000 потписи на полнолетни граѓани, без разлика дали се поддржани од политички партии или се независни.

Секој избирач може да поддржи само еден кандидат со свој потпис. По 12 дена, Државната изборна комисија има рок од 48 часа да ги објави кандидатите кои ги исполниле условите за кандидирање.

Тоа значи дека изборната кампања официјално започнува на 13 декември и ќе трае до 28 декември на полноќ, односно 24 часа пред изборите, кога стапува на сила изборниот молк. Доколку ниту еден кандидат не освои мнозинство гласови во првиот круг, вториот изборен круг ќе се одржи на 12 јануари.

Петгодишниот мандат на актуелниот претседател Зоран Милановиќ истекува на 18 февруари следната година. Милановиќ претходно најави дека ќе се кандидира за уште еден претседателски мандат, а кандидатурата ја објавија уште 10 други кандидати.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Изградба на дата центри – државен интерес или енергетски ризик?

Изградбата на дата центри е од државен интерес за Македонија, секоја висока технологија во иднина ќе биде зависна од нив и доколку создадеме сопствена база ќе ги елиминираме безбедносните ризици на податоците- оценува за Канал 5 деканот на ФИНКИ.

Изградба на дата центри – државен интерес или енергетски ризик?

Изградбата на дата центри е од државен интерес за Македонија, секоја висока технологија во иднина ќе биде зависна од нив и доколку создадеме сопствена база ќе ги елиминираме безбедносните ризици на податоците- оценува за Канал 5 деканот на ФИНКИ, Петре Ламески. Според него, во ера на напредна вештачка интелигенција воопшто не треба да има дилема за овие инвестиции, единствено вели треба да се направи добра стратегија за потрошувачката на струја како клучен ресурс за работа на дата центрите.

-Имањето на сопствени дата центри на територија на државата гарантира донекаде суверенитет на сопствените податоци. Доколку ние немаме сопствени капацитети ќе бидеме увозно зависни и ќе мора нашите податоци да одат некаде во странство да се процесираат и да се враќаат и тоа е безбедносен ризик и ризик по внатрешните капацитети за иновација. Не става под ризик на индустриска шпиуниажа. / Веќе е државен интерес да имаме и на наша територија, секако тоа да биде направено со добро планирање на енергетските ресурси и со добро менаџирање со отпадот,- Петре Ламески – декан на ФИНКИ.

Дата центрите се објекти во кои се сместени голем број на моќни комплјутери и сервери кои чуваат, обработуваат и разменуваат огромни количини податоци. Ламески вели дека тие трошат струја како големите компании, но секогаш постои опција за снабдување од обновливи извори за да не се загрозат постојните количини со кои располагаме. И во однос на водата смета дека нема простор за загриженост бидејќи тие можат да користат т.н. затворени системи кои не ја доведуваат во опасност животната средина.

-Во зависност од големината, тие знаат да бидат потрошувачи на електрична енергија во ранг на една поголема фабрика. Како таков објект, мора добро да се испланира мрежната инфраструктура за снабдување со електрична енергија, а имаме и дата центри кои користат електрична енергија и за самото процесирање, меѓутоа и за нивното ладење или да користат вода којашто во помодерните системи е затворен систем којшто овозможува помали загуби или да имаат од помодерните енергетски ефикасни решенија кадешто топлината од дата центрите којашто се ослободува се реискористува во некои други процеси,- Петре Ламески – декан на ФИНКИ.

Изградбата на дата центри не е нова, ниту пак сме единствени во намерата, потенцира Ламески, кој вели дека многу држави од регионот и светот веќе ги користат и ги надградуваат.

-Во Грција, Србија, Бугарија веќе се градат големи вакви центри како државни. Во Грција има и приватни како инвестиции.. Романија планира во стотици мегавати да се градат на нејзина територија во наредниот период, и Словенија планира исто такви капацитети, се градат и во Хрватска. Сите држави од регионот, во Европа, Америка и Кина веќе се наптпреваруваат во тоа кој ќе има поголеми капацитети. Петре Ламески – декан на ФИНКИ.

Власта пред неколку месеци ги изгласа измените на Законот за градење и Законот за урбанистичко планирање, со што дата-центрите станаа објекти од национално значење, и е воведена забрзана постапка во која стручна ревизија и јавна анкета не се задолжителни.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Владата преговара со неколку компании за изградба на дата-центри во Македонија, вели Мицкоски

Владата ништо не прави тајно, ниту преговара под маса, но нема нема да се откаже од стратегијата за изградба на дата-центри, порача премиерот Христијан Мицкоски. 

Владата преговара со неколку компании за изградба на дата-центри во Македонија, вели Мицкоски

Според него ова е иднината на светот и прашање е дали државата ќе го препознае моментот. Се што се прави ќе биде јавно и транспарентно, уверува Мицкоски, а во моментов Владата преговара со најмалку пет до шест потенцијални инвеститори за изградба на дата-центри во Македонија, изјави Мицкоски.

-Апсолутно остануваме на таа стратегија како влада, овие впрочем проекти се во таа насока да преку гас се изградат гасни централи кои ќе произведуваат електрична енергија која што подоцна ќе се користи во овие дата центри... И преговараме, јавно кажувам со најмалку 5-6 потенцијални инвеститори. Меѓу нив е и голема мултинационална компанија и нема да отстапиме од тој чекор ни милиметар. Овој процес е неповратен и дека светот ќе го развива и дали ние ќе го препознаеме, ќе се качиме на бродот и ќе ја развиеме Македонија во богата европска држава, бидејќи ова е моментот кога треба да се почне, затоа што ова е новата нафта, изјави Мицкоски.

Од СДСМ, пак, и денеска ја обвинија власта дека под радарот турка изградба на дата центри за профит и со тоа, како што велат, ги става во ризик водата, струјата и земјоделството.

-Се прават дилови за профити додека се крие од јавноста какви обврски се преземаат и како овие проекти ќе влијаат врз природните, енергетските ресурси во државата и земјоделието. Овие дата-центри, додава таа, трошат огромен капацитет на струја. Понатаму, прашањето е и за огромната количина на вода која што ќе ја користат дата-центрите, кои што Организираната криминална група на ВМРО ги турка под радар за профит, изјави Борозан.

За коментарите од опозцијата премиерот Мицкоски, вели Фројд работел кај нив, а нивните критики ги оцени како неточни и целосно непознавање.

- Тоа што го слушам претставува тотална невистина, незнаење и непознавање и понекогаш и се срамам што тие луѓе кои ги испраќаат овие пораки имаат политичка тежина и водат политички партии. Замислете, да не е вештачката интелигенција или податочните центри или дата центрите, како би изгледал денеска БДП на САД. Зарем Амазон, Спејсекс, Опен АИ, мултинационални глобални компании чии што бреднови тежат трилиони, илјадници милијарди, би постоеле денеска ако на било каков начин тие ги добиваат квалитетот на животот на граѓаните под знак прашање, изјави Мицкоски.

Во однос на проектот во Пехчево, премиерот Мицкоски повтори дека тоа е приватна иницијатива и предлог на нацрт урбанистички план, а тука државата според него нема никаква улога.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

72-годишен маж е шестата жртва од западнонилска треска

Западно нилската треска продолжува да зема данок во животи. 

72-годишен маж е шестата жртва од западнонилска треска

Шестата жртва на вирусот е 72 годишен скопјанец од Аеродром, кој по три недели откако бил хоспитализиран и поради критичната состојба ставен на апарати за дишење ја загуби битката, потврдува Директорот на Инфективната клиника д-р Фадил Цана. Во моментот 18 пациенти се во болница поради тешки симптоми на западен нил, односно воспаление на мозокот и мозочните обвивки, и сите клинички се сметаат за потврдени, иако за неколкумина од нив се чека лабораториска потврда. Петмина остануваат критични и се на респиратор. Инфектолозите сметаат дека тоа што лани има евидентирано само двајца, а годинава педесетина случаи на западно нилска треска се должи на тоа што вирусот годинава засилено циркулира во земјава.

-Смртноста ја овие пациенти кои се повозрасни се зголемува. Тоа што имаме тешки случаи не значи дека отстапуваме од другите земји, туку сме во склоп на тие проценти кои научно се веќе потврдени. Порано не сме имале толку многу? Па не сме имале бидејќи вирусот не бил толку присутен, сега како што е повеќе присутен, односно повеќе циркулира, нормално, се очекува бројот на случаи да се зголемува,- - д-р Фадил Цана – директор на инфективна клиника.

Во меѓувреме, потврда дека вирусот е присутен таму и каде што досега нема евидентирано случаи е гавран со западно нилска треска пронајден угинат во центарот на Ресен, во паркот покрај општината. Здравствените власти велат дека и таму ќе се прска против комарци, да се спречи епедемија.

-Веднаш се известени ЦЈЗ Битола и општината во Ресен за преземање засилени мерки и прскање против комарци по индикација. Во моментот уште две птици од скопското подрачје се во фаза на тестирање, ќе следиме како се развива ситуацијата и ќе реагираме. Важно е граѓаните да пријавуваат угинати гаврани, бидејќи гавранот е генерално стационарна птица и е показател на локална циркулација на вирусот, појасни министерот Клековски.

Во Ресен ќе бидат активни мерките на претпазливост што освен прскање против комарци вклучува и засилен надзор од страна на лекарите кои веќе ќе ги имаат упатствата од Министерството, рано да препознаат дека воспалението на мозокот кај одреден пациент е токму од западен нил.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер