СветПретседателот Трамп порача дека нема да брза да постигне договор со ИранДоналд Трамп нема да брза да постигне договор со Иран, ниту да поставува рокови до кога би траел прекинот на огнот што е на сила. Додека пакистанската престолнина со развеани банери цела недела чека да ја одржи новата рунда мировни преговори, американскиот претседател појаснува дека договорот доцни поради превирањата во врвот на иранското раководство. -Не сакам да брзам, сакам да си одвојам време. Имаме време и сакам да постигнам одличен договор, договор со кој нашата нација и светот ќе бидат безбедни од лудаци со нуклеарно оружје. , изјави Доналд Трамп, претседател на САД. Откако неодамна го разбранува светот со најавата дека ќе уништи цела една цивилизација, а во јавноста се покренаа стравувањата од можно најлошо сценарио, Трамп сега уверува – црвеното копче нема да го притисне. -Зошто би се поставило такво глупаво прашање. Зошто би употребил нуклеарно оружје, кога на многу конвенционален начин ги уништивме. Мислам дека нема да има ништо полошо од нуклеарен холокауст во Европа, Лондон, Париз, разни места во Германија, сите би биле мета. , вели Трамп. Во цврст нуклеарен компромис верува и Брисел, кој смета дека на преговарачка маса мора да седнат и нуклеарни експерти, за да не се повтори договорот постигнат од Обама пред девет години, кој Трамп го напушти во првиот мандат. -Ако разговорите се однесуваат само на нуклеарното оружје, а на масата нема нуклеарни експерти, тогаш ќе завршиме со договор што е послаб од што беше ЈСPОА (договор од 2015 г.), изјави Каја Калас, шефица на европската дипломатија. Кризата на Блискиот исток е клучна тема на самитот на европските лидери во Кипар, од каде дојде инфомација дека Брисел од актуелната криза губи половина милијарди евра дневно. Цената на нафтата и денеска минимално се зголеми и изнесува 105 долари за барел.Тагови: Доналд Трамп Иран Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски и Николоски ќе присуствуваат на почетокот на изградба на автопатот Букојчани – Кичево09:08Македонија го одбележува 11 Октомври - ден на народното востание -Мицкоски: Ни требаат победи и големи цели18:00Македонија го одбележува 11 Октомври15:16Собрание: Нека ни е честит 11 Октомври 09:14Мицкоски: Дијалогот со Бугарија ќе продолжи и очекувам во определена фаза ставовите да се приближат15:00
Македонија го одбележува 11 Октомври - ден на народното востание -Мицкоски: Ни требаат победи и големи цели18:00
Мицкоски: Дијалогот со Бугарија ќе продолжи и очекувам во определена фаза ставовите да се приближат15:00
МакедонијаСтоле Наумов на „Кавга со Иван“Вечерва, во оригиналното шоу „На кавга со Иван“ ќе гостува Столе НаумовКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски и Николоски ќе присуствуваат на почетокот на изградба на автопатот Букојчани – Кичево09:08Македонија го одбележува 11 Октомври - ден на народното востание -Мицкоски: Ни требаат победи и големи цели18:00Македонија го одбележува 11 Октомври15:16Собрание: Нека ни е честит 11 Октомври 09:14Мицкоски: Дијалогот со Бугарија ќе продолжи и очекувам во определена фаза ставовите да се приближат15:00
Македонија го одбележува 11 Октомври - ден на народното востание -Мицкоски: Ни требаат победи и големи цели18:00
Мицкоски: Дијалогот со Бугарија ќе продолжи и очекувам во определена фаза ставовите да се приближат15:00
ХороскопДневен хороскоп за 12. октомври 2026 годинаДневен хороскоп за понеделник, 12. октомври 2026 година. Вага 24.9.-23.10 Љубов Ви претстои пријатна и многу емотивна средба со пријатели или драги личности. Врската добро се развива. Кариера Без оглед што и натаму трпите мали стресови од страна на надредените, денеска ќе бидете дури и поддржани.Контрадикторно е , но вистинито. Здравје и совет Медитирајте. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Вашите лични опдноси се развиваат во поволна насока за вас. немојте премногу да барате или да анализирате , зошто и вака е добро. Кариера Своите идеи внимателно ќе ги презентирате , поучени од претходните искуства . Сепак , би можеле да бидете малку посмели. Здравје и совет Останете доследни. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Денеска ќе бидете многу среќни во својот дом. Ако сте во двојка , ќе се посветите на домашните работи , кои ве опуштаат. Доколку сте сами , нема да излегувате. Кариера Работата што не сте ја довршиле , денеска би можеле да ја доведете кон крај на многу инспиративен и пријатен начин. Здравје и совет Избегнувајте колачи. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Од удобноста на домот денеска ќе излезете надвор на сонце со своето друштво за да ги почестите саканите лица. Кариера И со мали чекори може да се стигне на целта. Не ви се потребни сензации. Можеби е помалку атрактивно , но е ефективно. Здравје и совет Здравјето ви се подобрува. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Се што на каков било начин може да влијае на вашиот љубовен и емотивен живот , денеска нема да ви оди од рака. Стрпете се. Кариера Ќе ви се чини како да имате многу пријатна позиција , но ќе треба да ја оправдате со професионализам и работа. Здравје и совет Непостојаност во навиките. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Ќе се послужите со нежен речник за да освоите нечие срце. Делумно ќе успеете. Кариера На службен пат би можеле да доживеете исклучително убаво искуство . Ќе успеете да споите пријатно со корисно. Здравје и совет Не анализирајте премногу. Овен 21.3-20.4. Љубов Пред вас е ден е ден во кој ќе имате посебна инспирација за љубов и за своите идеали за личните односи. Кариера Нека ве води вашето знаење и креативните идеи . Нема да ве изневерат , туку ќе ви помогнат да излезете на вистинскиот пат. Здравје и совет Ги победувате грижите. Бик 21.4- 20.5. Љубов Вашата љубовна врска убаво ќе се развива и покрај вашата повремена нетрпеливост. Ќе ви помогнат одредени ситуации. Кариера Полека излегува на виделина дека по некои прашања вие имате поголемо стручно занење од вашите надредени.Немојте поради тоа да се замислувате. Здравје и совет Прошетајте се на чист воздух. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Немојте да се фалите со нешто што не постои и што никогаш не се случило. Прифатете го ова сиромашно време за љубов како нешто минливо. Кариера Поддршката што можеби ја очекувавте нема да се оствари. Треба да се потпрете на сопственото знаење и труд. Здравје и совет Внимавајте што јадете. Рак 22.6-22.7. Љубов Во попладневните часови би можеле да покажете високо ниво на конфузија или да претерате во консумација на пијалоци додека сте во друштво. Внимавајте. Кариера Повторно нема да бидете сигурни што сакате. Ќе се обидувате нешто да отплеткате и ќе имате делумен успех. Ќе ви недостига доследност и прерфекционизам во работењето. Здравје и совет Изолирајте се во мир. Лав 23.7-22.8. Љубов Доколку уште сте сами , излезете меѓу луѓе зашто се можни преубави средби полни со искрени емоции. Кариера Без оглед на малото количество стрес , денеска сите предизвици ќе ги решавате со леснотија и ќе уживате во тоа. Здравје и совет Одете таму каде што ви е добро. Девица 23.8.-23.9. Љубов Во врска со љубовниот живот немате никакви грижи. Оние кои се во врска уживаат, а самите имаат успех во додворувањата. Кариера Следуваат минливи компликации со колегите , од кои некои ќе одат на боледување или ќе изостанат поради битна причина. Ќе мора да се снаоѓате. Здравје и совет Внимавајте на вируси.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМицкоски и Николоски ќе присуствуваат на почетокот на изградба на автопатот Букојчани – КичевоОваа автопатска делница е дел од Коридорот 8 која ги поврзува превојот Стража со Кичево.Претседателот на владата Христијан Мицкоски, заменик претседателот и министер за транспорт Александар Николоски и директорот на јавното претпријатие за државни патишта Коце Трајановски ќе присуствуваат на почетокот на изградба на автопатот Букојчани – Кичево. Оваа автопатска делница е дел од Коридорот 8 која ги поврзува превојот Стража со Кичево. Проектот треба да се реализира во две фази - првата ја опфаќа трасата од селото Црвевци до Кичево, а втората од Долно Строгомиште до Црвевци.средствата се обезбедени преку заем од Европската банка за обнова и развој и грантови од инвестициската рамка за Западен Балкан.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски и Николоски ќе присуствуваат на почетокот на изградба на автопатот Букојчани – Кичево09:08Македонија го одбележува 11 Октомври - ден на народното востание -Мицкоски: Ни требаат победи и големи цели18:00Македонија го одбележува 11 Октомври15:16Собрание: Нека ни е честит 11 Октомври 09:14Мицкоски: Дијалогот со Бугарија ќе продолжи и очекувам во определена фаза ставовите да се приближат15:00
Македонија го одбележува 11 Октомври - ден на народното востание -Мицкоски: Ни требаат победи и големи цели18:00
Мицкоски: Дијалогот со Бугарија ќе продолжи и очекувам во определена фаза ставовите да се приближат15:00