МакедонијаПретседателот на ЗЕЛС, градоначалникот Ѓорѓиевски, на средба со францускиот амбасадор РиголерПретседателот на ЗЕЛС, градоначалникот Ѓорѓиевски, на средба со францускиот амбасадор Кристоф Ле РиголерДенес во просториите на Општина Кисела Вода се одржа средба помеѓу Претседателот на ЗЕЛС и градоначалник на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, и Амбасадорот на Француската Република, Н.Е. Кристоф Ле Риголер. Во конструктивна атмосфера, се дискутираше на повеќе теми, а главен акцент беше ставен на досегашната успешна соработка меѓу Општина Кисела Вода и Франција, како и на можностите за нејзино продлабочување. Градоначалникот Ѓорѓиевски го запозна амбасадорот Ле Риголер со бројни иницијативи реализирани во изминатиот период, потенцирајќи ја отвореноста на општината за идна билатерална и проектна соработка. Од аспект на ЗЕЛС, Претседателот Ѓорѓиевски го претстави начинот на функционирање на општините во Република Македонија, како и заложбите на ЗЕЛС за унапредување на децентрализацијата, зголемување на надлежностите на локалната самоуправа и градење партнерства со меѓународни чинители. Во тој контекст, беше истакната и важноста на воспоставувањето на поблиски односи меѓу македонските и француските градови, преку иницијативи за збратимување и размена на добри практики. -Општина Кисела Вода е општина со брз развој, посебно во последните години, отворена за партнерства и нови идеи. Франција е земја со богата традиција и искуство во многу области, и затоа верувам дека преку продлабочена соработка можеме да донесеме нов квалитет во нашето локално делување. Верувам дека оваа средба ќе биде поттик за идни заеднички проекти и зближување меѓу нашите две земји, како на институционално, така и на општествено ниво-нагласи Ѓорѓиевски Амбасадорот Ле Риголер ја поздрави отвореноста на Општина Кисела Вода и ЗЕЛС за меѓународна соработка, нагласувајќи дека Франција останува подготвена да ја поддржи размената на искуства и иницијативи. Тој ја истакна важноста од поврзување на француски и македонски општини преку конкретни проекти и збратимувања, оценувајќи дека ваквите партнерства претставуваат солидна основа за заеднички развој и приближување на двете земји.Тагови: ЗЕЛС Орце Ѓорѓиевски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиКривични пријави за два слуачи поврзани со силување деца08:55На бебе му бил повреден прст на Гинекологија при вадење инфузија – ГАК отвора дисциплинска постапка15:088 месеци затворска казна и 3300 евра парична казна доби Игор Дашковски Стојановски за палењето на дипломатски возила на бугарската амбасада10:45АНБ откри терористичка мрежа во Македонија: Подготвувале атентат во Грција15:00Кристијан Корабоски доби 30 дена притвор за нападот врз Сара во Охрид11:20
На бебе му бил повреден прст на Гинекологија при вадење инфузија – ГАК отвора дисциплинска постапка15:08
8 месеци затворска казна и 3300 евра парична казна доби Игор Дашковски Стојановски за палењето на дипломатски возила на бугарската амбасада10:45
МакедонијаКривични пријави за два слуачи поврзани со силување децаПолицијата поднесе кривични пријави за два случаи во кои биле силувани деца.. Едниот случај се случил во февруари 2026 година, а другиот во јули 2025 година.„СВР Скопје поднесе кривична пријава против П.Н.(49) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело силување на дете кое не наполнило 15 години. Во февруари 2026 година, пријавениот извршил полови дејствија врз малолетник“, соопшти полицијата. Втората пријава е поднесена протов двајца сторители. „СВР Скопје поднесе кривична пријава против П.Н.(47) и А.Т.(62) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело силување на дете кое не наполнило 15 години. Во јули 2025 година, пријавените извршиле полови дејствија врз малолетник“, соопшти полицијата.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаАХВ заловила 96 грла добиток во Крива Паланка, акцијата ја попречуваат сопственицитеИма ли решение за кравите кои слободно шетаа низ Крива Паланка, а по кои станавме светски познати. Агенцијата за храна и ветеринарство досега заловила 96 грла крупен добиток во Крива Паланка, но акцијата се соочува со сериозни пречки. Од АХВ велат дека екипите имаат проблеми со непристапниот терен и опструкциите од поранешните сопственици. Институцијата, во координација со надлежните органи и локалната самоуправа, работи на одржливо решение за проблемот. Во меѓувреме, случајот предизвика политички препукувања меѓу градоначалникот Сашко Митовски и локалната ВМРО-ДПМНЕ. Од партијата бараат вонредна седница на советот и акциски план за решавање на проблемот. Обвини градоначалникот го обвинуваат дека избегнува одговорност, додека Митовски возврати дека ахв веќе донела решенија за одземање на добитокот, кои не се спроведуваат. Градоначалникот претходно побара од владата да му додели законски овластувања за самостојно координирање на акцијата, како и прогласување 30-дневна кризна состојба.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиКривични пријави за два слуачи поврзани со силување деца08:55На бебе му бил повреден прст на Гинекологија при вадење инфузија – ГАК отвора дисциплинска постапка15:088 месеци затворска казна и 3300 евра парична казна доби Игор Дашковски Стојановски за палењето на дипломатски возила на бугарската амбасада10:45АНБ откри терористичка мрежа во Македонија: Подготвувале атентат во Грција15:00Кристијан Корабоски доби 30 дена притвор за нападот врз Сара во Охрид11:20
На бебе му бил повреден прст на Гинекологија при вадење инфузија – ГАК отвора дисциплинска постапка15:08
8 месеци затворска казна и 3300 евра парична казна доби Игор Дашковски Стојановски за палењето на дипломатски возила на бугарската амбасада10:45
СветТрамп, Путин и Си Џинпинг на историска трилатерална средба во КинаАмериканскиот претседател Доналд Трамп се сретна со рускиот претседател Владимир Путин на маргините на Самитот на АПЕК во кинескиот град Шенжен.Пред средбата, Трамп изјави дека од разговорите можат да произлезат „прекрасни работи“. Тој претходно имал и краток разговор со кинескиот претседател Си Џинпинг, во кој, меѓу другото, станало збор за директорот на „Нвидија“, Јенсен Хуанг нарекувајќи го неговото отстранување од компанијата „вистинска трагедија“ - Хуанг призна дека имал афера со жена која е обвинета дека шпиунира за Кина. Подоцна е предвидена и заедничка тристрана средба на Трамп, Путин и Си Џинпинг, прва од ваков формат меѓу лидерите на трите земји. На дневен ред се очекува да бидат војните во Украина и Иран, нуклеарното оружје, трговските тензии и развојот на вештачката интелигенција. Јавноста е загрижена, особено во Европа, дека трилатералната средба меѓу Си, Трамп и Путин ќе биде одраз на конференцијата на Јалта одржана во 1945 година, кога Втората светска војна се ближеше кон крајот,пишува Би Би Си.Таа конференција беше жестоко критикувана за одлуките што ја обликуваа иднината на помалите нации без нивно учество.Украинскиот претседателот Зеленски изрази стравувања дека состанокот би можел да доведе до договор за Украина без учество на Киев.Тагови: Владимир Путин Доналд Трамп Кина Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook