Коперникус: Овој октомври бил најтопол во историјата- последиците за целиот свет би биле катастрофални
2Коперникус: Овој октомври бил најтопол во историјата- последиците за целиот свет би биле катастрофални
МакедонијаПретседателот на Уставниот суд најавува нова ера на транспарентност и судски активизамУставниот суд и покрај притисоците и влијанијата остана цврст столб на правната држава, и неприкосновен чувар на Уставот. Претседателот на Уставниот суд, Дарко Костадиновски, на годишната прес-конференција работењето на Уставниот суд изминатата година го оцени како ефикасно и транспарентно, нагласувајќи дека во услови на динамични општествени политички процеси Уставниот суд и покрај притисоците и влијанијата остана цврст столб на правната држава, и неприкосновен чувар на Уставот. Уставниот суд, според Костадиновски, одговорил на доверената задача професионално, независно, непристрасно. -Наспроти конформизмот на претходните состави овој состав на Судот покажа судски активизам. Не чекаше некој друг му ја заврши работата, внесовме и применивме значајни реформи. Судот преку својата работа покажа дека правдата не смее да чека, изјави Костадиновски. Во решавањето на предмети од високи јавен и општествен интерес, како измените на Кривичниот законик, Изборниот законик, но и други Уставниот суд, Костадиновски рече, за првпат во своето постоење ја штитеше уставноста во нејзината најширока можна интерпретација, односно покрај материјалната условност почна да ја цени и формалната уставност или поедноставно како Собранието ги носи законите, во каква постапка. - Уставниот суд излезе од формализмот и започна нова ера во уставната правда односно почна да ги применува таканаречените метаправни аргументи во својата работа, што значи да ја оценува легитимната цел општествената оправданост и нужност, како и пропорционалноста на законските решенија во однос на целите што сакаат да се постигнат, рече Костадиновски. Суштината на овие новини, според Костадиновски, е да ја унапреди уставно правната култура, да воведе уставна дисциплина меѓу државните органи, да ги штити трите власти од пречекорување на границите на нивните надлежности и изместениот баланс на спреги и кочници - со еден збор да го обезбеди владеењето на правото и да ја врати довербата во правната држава. -Ценејќи низ призма на чувствителните предмети на одлуките кои ги донесовме, ќе кажам дека не беше лесно и едноставно, ниту пак одлуките секогаш беа примани со одобрување во јавноста. Но, при носење на одлуките секогаш се водевме по една единствена цел, а тоа е нашата лојалност кон Уставот наспроти сите останати политички, економски, партиски обиди влијанија, изјави Костадиновски. Тој упати апели до Судскиот совет да постапи итно неодложно и во најбрзо можно време да предложи кандидат за уставен судија, до Собранието да постапи итно не одложно и во најбрзо време да предложи и да избере уставен судија и до политичарите да покажат повисоко ниво на уставно правна култура, да се воздржат од лесно посегнување по етикети и поделби, да покажат реална, а не декларативна посветеност кон владеењето на правото. -До државните органи да се однесуваат дисциплинирано, да го почитуваат Уставот и да ги штитат гарантираните права на граѓаните. И конечно до сите граѓани ние сме институција која ќе ги штити вашите права и која нема да прави компромиси. Запомнете силата на Уставот лежи во одлучноста на секој еден од нас да го почитува Уставот, а посветеноста и одговорниот пристап кон владеењето на правото и правната држава, претставува денес чин на највисок патриотизам, која е наш долг за сегашните и идните генерации, изјави Костадиновски. Довербата на граѓаните во Уставниот суд продолжува да расте што, како што рече Костадиновски, се потврдува и со тоа што годинава има оформено рекордни 306 предмети, од кои 271 се иницијативи и барања поднесени од граѓани, седум од политички партии, осум од државни институции, три од општини и два предмета оформени по сопствена иницијатива. - Овие бројки ми овозможуваат да изразам задоволство од укажаната доверба, бидејќи станува се појасно дека граѓаните во Уставниот суд гледаат правно засолниште, институција во која можат да најдат заштитата, рече Костадиновски. Уставниот суд годинава има решено 230 предмети, што е приближно како и минатата година и се издигнува на просекот во последните пет години. -Најголем број од решените предмети беа формирани минатата година. Најстариот предмет кој овој суд го реши оваа година датираше 2017, а тоа е Законот за електронски комуникации. Исклучително сум задоволен што изминатата година беше година на значајни историски одлуки и новини во Уставен суд, на конкретен начин, во предметот за Законот за електронски комуникации и измените во КЗ ја применивме новината односно таканаречените интерпретативни одлуки со која Судот за да не создава правни празнини одлучуваше и го задолжи Собранието да постапува во согласност со нашите правни стојалишта, нагласи Костадиновски. Судот, подвлече Костадиновски, не се двоумеше да поништува закон, како што е примерот со Законот за данокот да се солидарност и не се колебаше да одлучува по таканаречените сензитивни предмети, постапувајќи за платите на судиите обвинителите, за линеарното усогласување на пензиите, верските училишта, Законот употреба на јазиците описот итн. -Оваа година не стави пред значајни уставноправни предизвици. Наша оценка е дека Судот го положи тестот на професионално одговорно непристрасно и независно постапување во периоди кога бевме напаѓани и етикетирани со непристојни квалификации, кога се вршеа притисоци и влијанија, кога се искажуваа лаги и манипулации насочени кон поединци и кон целата институција. Од такви моменти манифестиравме интегритет и кредибилитет, чувајќи ја нашата независност самостојност во делувањето. Сум кажал и ќе повторам, нервозата кај политичките фактори, кај државните органи, значи само едно дека Уставниот суд е на правиот пат и успешно си ја обавува својата надлежност, изјави Костадиновски. Уставниот суд, според Костадиновски и со намален број на судии продолжи да ја унапредува транспарентноста преку постојано и информирање за сите предмети и активности, а особено со редовното одржување на брифинзи, интервјуа и прес-конференции и на судиите и јас лично како претседател. -Ќе работиме на обезбедување на широка поддршка од сите политички чинители за да се донесат уставни измени, во кои ќе се предвиди уставен основ за двотретински закон за Уставниот суд, како и да се воведе уставната тужба. Имајќи предвид дека сите технички предуслови се исполнети, јас лично како претседател, ќе инсистирам овој состав на Судот но овозможи снимање и пренесување на седниците на судот во живо, со цел граѓаните да се запознат со работата на Судот непосредно и да разберат какви одлуки, и на каков начин ги носиме. Тоа единствениот начин и најсилниот аргумент граѓаните да ја вратат довербата во институциите на системот, порача Костадиновски. Тагови: Дарко Костадиновски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДали Софија дефинитивно го одби европско посредништво во дијалогот со Скопје?15:44Мицкоски: Продолжуваме со посветена работа на реформите12:29Муцунски: Работиме на дијалогот со Бугарија, имаме поддршка од ЕУ и земјите членки15:00Народна банка: Пензионерите кои сакаат нова банка, мора прво да се одјават од АЛТА банка 10:27Муцунски: Нема назадување во ниту една област во извештајот на ЕК08:28
Судбина„Беше прекрасен татко, но падна во депресија по отказот“- мајка за сопругот кој ги уби нивните две деца Мајката на две деца чиј татко ги убил фрлајќи ги од покривот на гаража, а потоа извршил самоубиство, проговори за околностите околу нивната трагична смрт!Шестгодишната Каролин Линч и нејзиниот брат Џејмс Линч, на осум години, беа пронајдени во вторник, 3 ноември, пред општинска зграда во Маунт Либан, Пенсилванија, со повреди за кои се сомнева дека се предизвикани од падот, објави Пипл. Нивниот татко, Патрик Линч, исто така е пронајден со слични повреди. Сите тројца починаа во инцидент што полицијата го истражува како убиство-самоубиство, соопшти шерифската служба на округот Алегени. Според PennLive, Патрик ги фрлил децата од петкатна паркинг гаража. По убиствата, мајката на децата објави на Фејсбук дека Патрик бил депресивен откако неодамна ја изгубил работата. Mom of Kids Pushed to Death in Murder-Suicide Says Killer Was ‘Wonderful Dad’ Who Was ‘Depressed’ After Layoff https://t.co/DVaNxyQPEx — People (@people) November 5, 2026 На снимка од екранот од објавата, која ја споделија Daily Voice, WPXI TV и PennLive, Ана ДеМеј Линч напиша дека Патрик „донел неповратна одлука да ги убие нашите две деца и себеси“, додавајќи дека тој бил „прекрасен татко“. „Тој беше отпуштен во август и набргу потоа, стана депресивен“, додаде таа во објавата. На профилот на Патрик на LinkedIn е наведен како научник за податоци, кој работел на машинско учење и вештачка интелигенција, а неговата последна работа завршува во август. Ана во својата објава на Фејсбук напиша дека успеала да го убеди Патрик да оди на терапија и дека тој имал закажан преглед за следниот ден. „Еден ден предоцна“, напиша таа. „Никогаш не помислив дека нашата приказна ќе заврши вака“. За Ана е отворена страница GoFundMe додека се бори со загубата на Каролин и Џејмс и се подготвува за нивните погреби. Заедницата на Маунт Либан, исто така, се собира за да им оддаде почит на децата, за кои канцеларијата на медицинскиот испитувач соопшти дека починале од „повеќе повреди од тап предмет“. „Таа беше само мало снопче радост. Ги сакаше луѓето“, изјави Вики Хефелфингер, која го познаваше семејството Линч преку нивното учество во училиштето за пливање. „Секој пат кога ја гледавме, таа им мавташе на сите. Ги гледаше другите деца и беше едноставно толку храбро мало девојче“.Тагови: деца татко Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗабаваПознато е колку заработува Ламар Одом за една недела на OnlyFans (ВИДЕО)Поранешната НБА ѕвезда Ламар Одом би можела да заработи повеќе од 180.000 евра благодарение на својот нов профил на платформата OnlyFans. Поранешниот кошаркар на Лос Анџелес Лејкерс заработил повеќе од 45.000 евра за само осум дена, изјавил извор за TMZ. Месечната претплата за пристап до неговите ексклузивни фотографии и видеа е околу 13,45 евра. Одом отвори профил на OnlyFans минатиот месец, што го прави првата поранешна НБА ѕвезда што се приклучила на платформата, според медиумските извештаи. Тој ја објасни својата одлука велејќи дека смета дека времето е вистинско за тоа. Призна дека во текот на својот живот поминал низ многу бурни периоди, но исто така рече дека подготвува уште неколку изненадувања за своите фанови. „Сите опции се отворени“ Поранешниот кошаркар на Лос Анџелес Клиперс објави дека на неговиот профил ќе има разновидна содржина, вклучувајќи изненадувања што неговите фанови можеби не ги очекуваат. „Сè уште нема да откривам премногу. Ќе мора да се претплатите за да дознаете. Само знајте дека сум искрен и сите опции се отворени“, рече тој. Одом рече дека во текот на целиот свој живот често донесувал непредвидливи одлуки и дека сè уште може да ја изненади јавноста. „Отсекогаш сум бил отворена книга, но има поглавја што луѓето сè уште не ги виделе“, изјави тој. View this post on Instagram A post shared by Lamar Odom (@lamarodom) Неговата девојка Рејчел Бредли исто така отвори профил на OnlyFans. Извор близок до двојката откри за TMZ дека постои можност тие да објавуваат содржина заедно во иднина. Беше во брак со Клое Кардашијан Одом јавно ја потврди својата врска со Рејчел Бредли во април, кога објави видео на Инстаграм од нив како заедно влегуваат во Crypto.com Arena во Лос Анџелес. Неколку дена претходно, тие споделија и заедничка фотографија со актерот Тери Крус и неговата сопруга Ребека Кинг Крус. View this post on Instagram A post shared by Lamar Odom (@lamarodom) Пред врската со Бредли, Одом беше во долгогодишна врска со Лиза Моралес, со која има две деца, ќерката Дестини (28) и синот ЛЈ (24). Тој е особено познат на јавноста по бракот со ријалити ѕвездата Клое Кардашијан, со која се ожени во 2009 година. Нивниот брак западна во криза, а во 2013 година решија да се разделат. Разводот официјално беше финализиран во 2016 година.Тагови: OnlyFans Ламар Одом Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаФицо тврди: Резултатите од референдумот за пристапување во ЕУ беа фалсификат Словачкиот премиер Роберт Фицо денес тврдеше дека референдумот за пристапување на земјата во Европската Унија бил наместен и дека немало да има пристапување доколку не било така.„Одржавме референдум кој, доколку не беше наместен, немаше да биде успешен. Тоа мора да се каже. Разликата беше толку мала што, според мене, беа направени одредени корекции за да се обезбеди дека исходот е онаков каков што беше потребен за Словачка да го одобри пристапувањето кон оваа организација“, изјави Фицо за телевизијата TA3. Зборувајќи за атмосферата во Словачка во 2004 година, кога земјата се приклучи кон ЕУ, Фицо оцени дека пристапувањето било проследено со голем ентузијазам од една страна, но дека од друга страна, резултатот од референдумот бил многу тесен. Референдумот за пристапување кон Европската Унија во Словачка се одржа во мај 2003 година, со излезност од 52 проценти, а мнозинството гласаше позитивно за пристапувањето. Словачка се приклучи кон Европската Унија во 2024 година.Тагови: Роберт Фицо Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook