Каранфилова - Пановска: Светска банка му ја избриша таблата на Мицкоски, не сме „трета економија“ во Европа
2Каранфилова - Пановска: Светска банка му ја избриша таблата на Мицкоски, не сме „трета економија“ во Европа
МакедонијаПретседателот на Советот на ЕУ Антонио Кошта во Скопје на средба со премиерот МицкоскиПретседателот на Европскиот совет Антонио Кошта како дел од неговата турнеја во земјите од Западен Балкан, денеска ќе престојува во еднодневна посета на Скопје, каде ќе оствари средба со премиерот Христијан Мицкоски .Претседателот на Европскиот совет Антонио Кошта како дел од неговата турнеја во земјите од Западен Балкан, денеска ќе престојува во еднодневна посета на Скопје, каде ќе оствари средба со премиерот Христијан Мицкоски и со претседателката Гордана Сиљановска-Давкова. По средбата што ќе се одржи во Владата предвидена е заедничка прес-конференција на Мицкоски и Кошта. Кошта претходно ги посети Белград и Сараево, а целта на неговата регионална посета е да ја потврди посветеноста на ЕУ кон регионот и перспективата на земјите од Западниот Балкан за членство во Унијата. - Зајакнувањето на соработката со Западен Балкан е врвен политички приоритет за ЕУ и за мене лично, порача Кошта во пресрет на неговата западнобалканска турнеја. Тој нагласи дека заминува во посета на регионот за да разговара со лидерите на земјите од Западниот Балкан, кои „се соочуваат со постојани предизвици“ и за да покаже дека ЕУ е подготвена да им помогне. Премиерот Христијан Мицкоски, во врска со посетата на Скопје на претседателот на Европскиот совет, истакна дека ќе бидат пренесени нашите ставови во врска со уставните измени. - Нашите ставови се јасни во врска со уставните измени и тука нема промена, затоа што од другата страна не гледаме барем во овој момент било каков сигнал дека има промена во однесувањето, односно од страна на нашиот источен сосед. Ќалам што е тоа така и се надевам дека во периодот што следи повеќе ќе зборуваме за решенија отколку за проблеми, истакна Мицкоски. Додаде дека на покана на Кошта ќе го придружува на неговиот лет од Скопје до Тирана, каде што претседателот на Советот на ЕУ ќе приреди вечера за лидерите на Западен Балкан, додека в петок ќе имаат состанок на Европската политичка заедница во Тирана. Полскиот амбасадор во земјава Мариуш Бримора, чија земја е актуелен претседавач со ЕУ, во интервју за МИА во петокот, рече дека посетата на претседателот на Советот на Европската Унија Антонио Кошта на Скопје следната недела, е уште еден силен сигнал на приоритетите на ЕУ и оти фактот што го посетува Западен Балкан и што доаѓа во Скопје, е доказ дека се подготвени за проширување. - Од моја перспектива, исто така можам да споменам дека нашиот премиер Доналд Туск, ќе го посети Скопје во следните неколку месеци и ова ќе биде уште еден сигнал дека ние се грижиме за Македонија, дека ја поддржуваме државата, дека Претседателството, Советот на ЕУ го поддржуваат процесот на отворањето преговори и тоа е силен знак дека ќе чекаме одговор од македонска страна, нагласи амбасадорот, рече Бримора за МИА. Тагови: Христијан Мицкоски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаУченик избоде повеќе лица во училиште во Полска: Двајца се тешко повредениНапад со нож се случи во среда наутро во комплекс на стручни училишта во полскиот град Остроленка, при што се повредени најмалку седум лица, објави полскиот медиум RMF24.Нападот го извршил ученик Според првичните наоди од истрагата, нападот го извршил 19-годишен ученик. Тој со нож нападнал други ученици и еден наставник. Двајца од седумте повредени се во тешка состојба. Уапсен по бегството По нападот, напаѓачот побегнал од училишниот комплекс. Полицијата го лоцирала и го уапсила во близина на градската плажа на реката Нарев. Policjanci z Ostrołęki w pobliżu plaży miejskiej zatrzymali 19-letniego mężczyznę podejrzewanego o zaatakowanie ostrym narzędziem osób w pobliżu i na terenie szkoły w Ostrołęce. Ze wstępnych informacji wynika, że mogło dojść do zranienia 7 osób. Policjanci na miejscu wykonują czynności i ustalają przebieg zdarzenia. — Policja Mazowsze (@PolicjaMazowsze) October 7, 2026 Фото:„Policja Mazowsze“ Тагови: Полска ученик Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаКаранфилова - Пановска: Светска банка му ја избриша таблата на Мицкоски, не сме „трета економија“ во ЕвропаСветка банка му ја избриша таблата на Мицкоски, не сме „трета економија“ во Европа, нагласи заменик претседателката на СДСМ, Фани Каранфилова Пановска, на денешната прес-конфефренција. Таа посочи дека Светска банка со најновиот извештај ги побива оптимистичките тврдења на премиерот Христијан Мицкоски за економскиот напредок на државата, и дека констатира стагнација на Македонија, отсуство на доволно структурни реформи, заостанување во економскиот, политичкиот развој и приближувањето кон Европската Унија. „Самиот наслов во извештајот на Светска банка кажува се - „Излез од стапицата на среден доход“. Светска банка само ја дава дијагнозата која што ја говориме веќе повеќе од две години. А тоа е дека Македонија стои во место, дека е комплетно изолирана, дека нема реформи и дека таквото непостоење на реформи директно удира во развојот и во економското и политичко и секакво приближување на државата кон Европската Унија. Тоа значи дека бајките на Мицковски за трета економија во светот се распаѓаат како кула од карти. Тоа може да го говори овде внатре за внатрешни потреби. Извештаите на Светска банка и на сите други меѓународни институцији се погласно го говорат спротивното.Светската банка му ја избриша вчера табелата на Мицкоски, веројатно ќе треба да почне одново да црта “ рече Каранфилова Пановска. Каранфилова Пановска укажа дека според прогнозите на Светска банка, ако политиките на власта продолжат, економскиот раст без структурни реформи ќе биде 2,4 отсто, што би значело дека земјата со децении ќе заостанува зад европскиот просек. „Извештојот констатира дека растот на економијата, ако продолжиме на истиот начин, без структурни реформи, ќе биде 2,4%. И дека со таков раст од 2,4% до 2050 година, до средината на векот, ќе стасаме едвај до 55% од просекот на развој на европската економија, или со други зборови, со ваков раст, ќе ни требаат 75 години, ниту една цела генерација нема да може да ја заврши работата, да го стасаме, просекот на Европска Унија“ рече Каранфилова Пановска. Таа додаде дека споредбата со останатите земји во регионот дополнително ја покажува реалната состојба со македонскиот економски раст кој заостанува во споредба со регионот. „Иако, годинава банката проценува дека растот е 3,2%, што е далеку помалку од сите држави во регионот, констатира дека сите држави од соседството одат побрзо и напредуваат подобро од нас економски“ рече Каранфилова Пановска. Притоа, Каранфилова Пановска посочи дека и Светска банка укажува на потребата од спроведување на реформите како можност за подобри економски резулти. „Извештајот вели дека ако ги спроведеме реформите, имаме шанса да обезбедиме раст од 3,8% и да обезбедиме дополнителни 250.000 доброплатени нови работни места до 2050 година.“ рече Каранфилова Пановска. Скопје, 07.10.2026 СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЈанчев: Поставени топлотните пумпи во затворениот базен во КавадарциЗатворениот базен во Кавадарци постепено ги добива сите потребни системи за да биде целосно функционален.Поставени се топлотните пумпи, а во тек е опремувањето со се што е потребно за еден современ затворен базен – од системите за греење и одржување на температурата, до останатата техничка опрема. Чекор по чекор, објектот се подготвува за својата намена – спорт, рекреација и пливање во текот на целата година, соопшти градоначалникот на Општина Кавадарци, Митко Јанчев. Тагови: Митко Јанчев Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЈО: Виш јавен обвинител осомничен за примање награда за противзаконито влијание10:40Сончево и релативно топло време08:22ЕК предлага квалификувано мнозинство, наместо едногласност за време на преговорите по кластери17:59Пензискиот систем е под контрола, уверува премиерот Мицкоски15:08Македонија привремено ја одложи имунизацијата на БСЖ вакцината15:00