ЕвропаПретседателот на словенечкиот парламент најави референдум за излегување од НАТОПретседателот на словенечкиот парламент, Зоран Стевановиќ, изјави дека неговата партија Ресница ќе инсистира на организирање референдум за излгување на Словенија од НАТО .Претседателот на словенечкиот парламент, Зоран Стевановиќ, изјави дека неговата партија Ресница ќе инсистира на организирање референдум за излгување на Словенија од НАТО додавајќи дека ќе го исполни ова предизборно ветување - јави националното радио „РТВ Сло“. Во интервјуто Стевановиќ најави и можна скорешна посета на Москва со цел, како што рече, „обнова на мостовите меѓу Истокот и Западот“. Ресница, чиј лидер е Стевановиќ, има пет пратенички места во 90-члениот словенечки парламент, конституиран по изборите од 22 март. На 10 април, при конституирањето на парламентот, тој беше избран за претседател со тајно гласање, со поддршка од 48 пратеници. Стевановиќ нагласи дека Словенија треба да води самостојна и суверена политика и да соработува со сите држави, особено со големите сили, но без тоа да значи потчинетост. - Добри односи со сите, но во интерес на Словенија. Апсолутно ќе се спротивставуваме на вмешување во воени и дипломатски конфликти на други држави бидејќи од тоа Словенија нема корист. Им ветивме на граѓаните референдум за излез од НАТО и ќе го организираме - истакна тој додавајќи дека ставовите на партијата се „прословенечки“. Тој оцени дека граѓаните треба да го имаат „последниот збор“ поради што партијата го избрала слоганот „Власт на народот“. - Политиката не треба да се плаши од референдуми. Тие не се проблем, туку коректив на политиката, а поголемото учество на граѓаните значи и поголема доверба во системот - рече Стевановиќ додавајќи дека довербата во моментот е ниска. Според него, зголемувањето на бројот на референдуми не е проблем, но потребно е да се развијат технолошки решенија, вклучително и електронски референдуми, кои би биле поевтини и побрзи за утврдување на волјата на граѓаните. Во однос на евентуален референдум за излез од Европската Унија, Стевановиќ оцени дека таква иницијатива нема да добие поддршка бидејќи „Словенија има повеќе придобивки од членството“. - Љубљана треба повторно да стане главниот центар за донесување одлуки за Словенија, а не Брисел - нагласи тој. Тој додаде дека Ресница ќе поддржи и референдум за излез од Светската здравствена организација како дел од предизборните ветувања. Стевановиќ истакна и дека партијата ќе го поддржи оној кандидат за премиер кој ќе ги прифати нејзините програмски определби, но повтори дека нема да поддржи влада составена од двете главни политички сили - либералното „Движење Слобода“ и конзервативната Словенечка демократска партија. - Нема да отстапиме од подобрувањето на животниот стандард, транспарентноста и борбата против корупцијата. Тоа се нашите клучни принципи за кои нема преговори. За сè друго може да се разговара - рече тој. Ресница, заедно со коалицијата меќу Нова Словенија и демократите, формира десноцентристички трет блок во парламентот. Поддршката од 48 пратеници за изборот на Стевановиќ за претседател беше оценета од медиумите како „коалиција на оние што сакаат“, но тој негира дека во моментот се разговара за формирање влада. - Имаме веќе неколку планирани посети, меѓу првите се Скопје и Копенхаген. Сакам да градиме мостови и да соработуваме со сите држави, без оглед на поделбите меѓу Истокот и Западот. Планирам набргу да ја посетам и Москва - додаде Стевановиќ.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
БалканБугарија избира претседател: Илијана Јотова и Андреј Ѓуров во вториот круг Во Бугарија се одржуваат избори на кои граѓаните на земјата ќе го изберат својот седми претседател. Кандидати се Илијана Јотова, вршител на должноста претседател на Бугарија, и Андреј Ѓуров, поранешен привремен премиер и поранешен гувернер на Централната банка на Бугарија. Во првиот круг од изборите, одржан пред една недела, ниту еден од 27-те претседателски кандидати не ја обезбеди поддршката потребна за победа во првиот круг, пренесува БТА. Според Централната изборна комисија на Бугарија, право на глас имаат речиси 6,6 милиони граѓани, а 9.373 избирачки места ќе бидат отворени од 07:00 до 20:00 часот по локално време. Гласачите исто така ќе гласаат и за кандидати за потпретседател. Кандидат за потпретседател во тимот на Илијана Јотова е Кирил Влчев; тие ја уживаат поддршката на владејачката партија „Прогресивна Бугарија“ и на Социјалистичката партија. Кандидат за потпретседател во тимот на Андреј Ѓуров е Георги Кандев; тие се поддржани од прозападните опозициски сили. ЦИК ќе ги објави конечните резултати од претседателските и потпретседателските избори во рок од три дена по гласањето.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДИК: Излезноста на локалните избори во Брвеница до 13 часот е 27.81 %.13:24Претежно облачно со повремени врнежи од дожд, локално пообилни09:06НБРМ: Банкарскиот систем е стабилен и отпорен, а сите банки во земјава се под непосреден супервизорски надзор15:00ЈО: Се бара нов краткотраен притвор од 48 часа за осомничените за разбојништвата со смртни последици во Ѓорче11:48Признание пред судот: Дашковски ја призна вината за палењето на дипломатските возила - дејствувал сам без туѓо влијание15:00
НБРМ: Банкарскиот систем е стабилен и отпорен, а сите банки во земјава се под непосреден супервизорски надзор15:00
ЈО: Се бара нов краткотраен притвор од 48 часа за осомничените за разбојништвата со смртни последици во Ѓорче11:48
Признание пред судот: Дашковски ја призна вината за палењето на дипломатските возила - дејствувал сам без туѓо влијание15:00
ТехнологијаРусија гради огромен радар во Калининград, ќе може да ја следи речиси цела ЕвропаРусија е сè поблиску до активирање на своето „ново око“ над Европа. Според медиумските извештаи, изградбата на огромен радарски комплекс во Калининград – руска област со силно воено присуство – е речиси завршен, пишува „Дојче веле“. Гледано од воздух, трите крака на овој простран комплекс, од кои секој е долг повеќе од 500 метри, изгледаат како трага оставена од некоја вонземска форма на живот среде инаку недопрена шума. Објектот, исто така, би можел да се спореди со платформа за слетување или лансирање, наменета за широката разузнавачка мрежа на Москва. Безбедносниот аналитичар Вајдотас Малинионис вели дека радарот е толку голем што може да „гледа“ зад закривеноста на Земјата. Еден поранешен литвански командант изјави за „Дојче веле“ дека радарскиот систем за надзор преку хоризонтот (OTH), кој се гради во близина на Гвардејск, ќе има домет од околу 3.000 километри. Ова би ѝ овозможило на Москва да ја контролира речиси цела Европа, како и целата територија на Украина. Според извештаите, системот би ѝ овозможил на Русија да пресретнува сателитски комуникации и да го детектира движењето на летала и балистички ракети. „Целта и намената на овој радар е набљудување на цели на големи растојанија и можност за рано предупредување. Сè уште не знаеме дали тој е оперативно способен да ги извршува тие задачи, но секако е во фаза на изградба“, додаде тој. Според „Тајмс“, ICEYE смета дека проширувањето на рускиот систем за надзорни радари со дострел зад хоризонтот покажува оти Калининград се развива во центар за напредни воени сензори и системи за електронско војување. „Новиот радар укажува на засилување на конкуренцијата меѓу Русија и НАТО за воена надмоќ и контрола врз Калининградската област“, истакна летонскиот геополитички аналитичар Евија Џатковица.Тагови: русија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаДИК: Излезноста на локалните избори во Брвеница до 13 часот е 27.81 %.Според пресекот направен во 13 часот, и податоците пристигнати до Државната изборна комисија, статистиката за излезност на гласачите на вториот круг од Предвремените избори за градоначалник на општина Брвеница е следната:Според пресекот направен во 13 часот, и податоците пристигнати до Државната изборна комисија, статистиката за излезност на гласачите на вториот круг од Предвремените избори за градоначалник на општина Брвеница е следната: Од пристигнати податоци од 24 избирачки места, вкупниот број на гласачи кои го оствариле правото на глас изнесува 4518 , или изразено во проценти 27.81 %. Во споредба со првиот круг на изборите кој се одржа на 18 октомври 2026, излезноста е зголемена за 7.31 %. Во однос на заштитата на личното избирачко право, до 13 часот е пристигнат 1 приговор кој е усвоен и на гласачот му е овозможено да гласа. Следната информација за пресекот на излезноста на гласачите и текот на гласање следува на прес конференцијата во 15.30 ч, која ќе се одржи во седиштето на ДИК.Тагови: ДИК Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook