Претседателот на Палестина: Хамас мора да го предаде оружјето и да стане политичка партија - Канал 5

Претседателот на Палестина: Хамас мора да го предаде оружјето и да стане политичка партија

Палестинскиот претседател Махмуд Абас ја повика денеска палестинската милитантна група Хамас да се откаже од одговорноста за Појасот Газа, да го предаде оружјето на палестинската управа и да се претвори во политичка партија.

Претседателот на Палестина: Хамас мора да го предаде оружјето и да стане политичка партија

Во последниве месеци, Хамас ги отфрли повиците на Израел и САД да го положат оружјето. Абас ги даде своите забелешки во говорот за време на состанокот во градот Рамала на Западниот Брег, каде што се очекува да именува наследник, како дел од напорите да се решат меѓународните сомнежи за одржливоста на палестинската управа во критично време за регионот.

Хамас мора да се откаже од одговорноста за Газа, да го предаде оружјето на палестинската управа и да се трансформира во политичка партија“, рече Абас. Абас го критикуваше нападот на Хамас врз Израел на 7 октомври 2023 година, за кој рече дека му дал изговор на Израел да ја уништи Газа. Израел започна воена кампања во Газа по нападот предводен од Хамас.

Абас ги повика светските лидери да го принудат Израел да ја прекине војната

Хамас, кој се противи на напорите на Абас да постигне мир со Израел, го обвини за уништување на милитантните фракции на Западниот Брег, окупиран од Израел. Групата веднаш не ги коментираше новите изјави на Абас.

Абас ги повика светските лидери да го принудат Израел да ја прекине војната во Газа, да ги повлече своите сили и да ги прекине активностите на еврејските населби, додавајќи дека не може да има мир додека Палестинците не воспостават држава во границите што постоеја пред војната на Блискиот Исток во 1967 година. Во 2007 година, Хамас ја презеде контролата врз Појасот Газа, додека Западниот Брег остана легитимна управа на Палестина со претседателот Абас на чело.

Филипче за одбиениот закон за Кочани: Ова не беше момент за политички инает,туку за одговорност

Денешната одлука на ВМРО-ДПМНЕ и нивните коалициски партнери да не го поддржат Законот за помош на семејствата на загинатите и повредените од Кочани, за мене е вистинско разочарување.

Филипче за одбиениот закон за Кочани: Ова не беше момент за политички инает,туку за одговорност

Денешната одлука на ВМРО-ДПМНЕ и нивните коалициски партнери да не го поддржат Законот за помош на семејствата на загинатите и повредените од Кочани, за мене е вистинско разочарување, ова беше можент на одговороност и зрелост а не за политички инает, истакна претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, по денешната собраниска седница на којашто пратениците од ВМРО ДПМНЕ не го подржаа предлог законот на СДСМ да се најде на дневен ред.

„Од првиот ден по трагедијата во Кочани, СДСМ се однесува со целосна почит, сочувство и одговорност за семејствата на загинатите и повредените.

Не ловевме политички поени, не обвинувавме и дадовме целосна поддршка за институциите да ја завршат работата. Го ставивме страдањето на нашите сограѓани над политиката. Покажавме емпатија и конструктивност – и како партија, и како поединци.

Во тој дух поднесовме закон со кој се обезбедува финансиска помош за семејствата на загинатите и повредените. Без никакави политички намери, со јасна цел – да им помогнеме на оние што изгубија најмногу.

Денешната одлука на ВМРО-ДПМНЕ и нивните коалициски партнери да не го поддржат овој закон за мене е вистинско разочарување. Не можам да најдам разумно објаснување за оваа постапка. Не станува збор за политика, туку за човечност, морал и совест кои очигледно пратениците на ВМРО-ДПМНЕ ги немаат.

Државата мора да покаже дека стои зад своите граѓани кога е најмногу потребно. Ова не беше момент за политички инает, туку за заедничка грижа. СДСМ ќе продолжи да се бори за вистински вредности и да нуди и дава поддршка таму каде што најмногу треба“, вели претседателот на СДСМ, Венко Филипче, се наведува во партиското соопштение.

Диди ја претепува пејачката Кеси и ја влече по подот- се појави целата снимка (ВИДЕО)

Се појави вознемирувачка снимка од безбедносни камери од хотел во Лос Анџелес, на која јасно се гледа како музичкиот могул Шон „Диди“ Комбс брутално физички ја напаѓа својата тогашна девојка Кеси Вентура.

Диди ја претепува пејачката Кеси и ја влече по подот- се појави целата снимка (ВИДЕО)

Снимката, која беше прикажана во целост пред поротата на судењето, ги прикажува морничавите моменти од насилството во 2016 година во хотелот „Интерконтинентал“ во Сенчури Сити, објави Њујорк Пост.

Во видеото, Комбс, облечен во крпа, бесно ја брка Кеси по ходникот, ја зграпчува за косата, ја соборува на подот и ја клоца злобно додека таа лежи неподвижна. Потоа ја влече назад во собата за качулката, додека подоцна на видеото се појавува обезбедувач како се обидува да интервенира. Снимката нема звук, но визуелната содржина е толку вознемирувачка што предизвика целосна тишина во судницата.

Обезбедувањето Израел Флорез, кој сега е полицаец од полицијата во Лос Анџелес, беше првиот сведок на судењето и сведочеше дека Комбс потоа се обидел да му понуди поткуп за да го прикрие инцидентот. Флорез снимил видео на својот телефон за да ѝ докаже на сопругата што се случило, бидејќи мислел дека таа нема да му верува во спротивното. Во еден извештај од тој период, тој навел дека Комбс му рекол: „Не сакам да изгубам сè. Можам да изгубам сè.“

За време на нејзиното сведочење, Кеси Вентура детално ги опиша годините физичко и психолошко злоставување што ги претрпела за време на нејзината десетгодишна врска со Комбс. Таа тврдеше дека тој целосно ја контролирал, често упатувал закани и оставал оружје низ куќата за да ја заплаши. Најшокантните обвинувања се однесуваат на таканаречените забави „Freak Off“ - повеќедневни сексуални оргии во кои Комбс ја принудувал да учествува со платени мажи, додека тој гледал и снимал.

- Во првата година од нашата врска, тој ми предложи брак под изговор на воајеризам. На почетокот сакав да му угодам бидејќи бев заљубена, но многу брзо сфатив дека ова е нешто што не сакам да го правам. Немав избор. „Се плашев - од него, од последиците, од уцената“, рече Кеси низ солзи.

Таа изјавила дека овие забави траеле од 36 до дури 72 часа, понекогаш и подолго, и дека на една од нив биле користени десетици шишиња бебешко масло.

- Тоа стана моја работа. Немаше место за ништо друго освен закрепнување - рече таа.

Таа, исто така, откри дека Комбс редовно била физички напаѓана:

- Ме удираше по главата, ме шутираше додека бев на подот, ме влечеше низ станот. Ме удри толку силно што белките на очите ми поцрвенеа.

И покрај сè, два дена по нападот во 2016 година, Кеси стоеше со Комбс на црвениот тепих држејќи го за рака на премиерата на филмот „Совршениот пар“. Кога ја прашале зошто останала, таа одговорила дека се плашела - не само физички, туку и психолошки:

- Ме увери дека може да ме уништи ако некогаш си заминам.

YouTube video

Кеси моментално е осми месец бремена со својот сопруг, личниот тренер Алекс Фајн, кого Комбс првично го ангажирал за неа. За време на судењето, адвокатите на Комбс безуспешно се обидоа таа да сведочи пред да пристигне поротата, бидејќи тврдеа дека нејзината бременост може да влијае на поротниците. Судијата не го прифати тоа барање.

Обвинителите тврдат дека Комбс водел „криминална организација“ која со децении се насочувала кон сексуална експлоатација и заплашување на жени, користејќи моќ, пари и слава за да ги контролира и замолчи. Доколку биде осуден, тој се соочува со доживотна казна затвор.

Инхибитори на ароматазата за онколошките болни ќе се префрлат на позитивна листа

Од УК за радиотерапија и онкологија информираат дека работните групи во ФЗО и МЗ работа на префрлање на оваа група на лекови (инхибитори на ароматазата) на позитивна аптекарска листа.

Инхибитори на ароматазата за онколошките болни ќе се префрлат на позитивна листа

Од УК за радиотерапија и онкологија информираат дека работните групи во ФЗО и МЗ работа на префрлање на оваа група на лекови (инхибитори на ароматазата) на позитивна аптекарска листа, по што истите ќе можат да се издадат со рецепт во аптеките низ земјата.

Во меѓувреме за да не се создаваат залихи, од клиничката аптека при УК за радиотерапија и онкологија се издава месечна терапија за пациентите кај кои оваа терапија е индицирана, реагираат од Клиниката за онкологија, откако пациенти с епожалиле дека им било даваносамо по едно пакување.

притисни ентер