Претседателот на МОК Бах за Русија: Нема санкција за поседување пасош - Канал 5

Претседателот на МОК Бах за Русија: Нема санкција за поседување пасош

Претседателот на Меѓународниот олимписки комитет Томас Бах ги предупреди спортските федерации да не подлегнат на влијанието на владите за да ги санкционираат спортистите врз основа на нивната земја на потекло во врска со руската инвазија врз Украина

Претседателот на МОК Бах за Русија: Нема санкција за поседување пасош

– Потребна ни е почит од владите за нашата улога, рече Бах во обраќањето на генералното собрание на Асоцијацијата на меѓународните федерации на летните олимписки игри (ASOIF) во Лозана доцна синоќа, пренесува ДПА.

– Погледнете ги нашите пријатели од тенисот, во Париз, руските играчи можат да играат како неутрални спортисти, во Лондон, на Вимблдон, Владата вели дека нема шанси, а ако го дозволиме ова, ако се предадеме, тогаш сме изгубени, нагласи тој.

Бах (68) предупреди дека „ако се отвори оваа врата, денес тоа се Русија и Белорусија, утре тоа е вашата земја, нема земја во светот што ја сака секоја влада".

– Ова е спротивно на сите принципи за кои се залагаме, ако ова го оставиме на владите, тогаш стануваме политичка алатка, истакна тој.

Бах рече дека „секој што ја поддржува војната, може и треба да биде санкциониран, но секој што не ја поддржува војната, неговите права мора да се почитуваат ... нема санкција и не треба да има санкција за поседување пасош".

Извршниот одбор на МОК, сепак, на 28 февруари, четири дена по почетокот на инвазијата, соопшти дека „за да се заштити интегритетот на светските спортски натпревари и за безбедноста на сите учесници", им препорача на организаторите на меѓународните настани „да не покануваат или да дозволат учество на руски и белоруски спортисти и официјални лица".

Ако тоа не е можно, тогаш „руските или белоруските државјани, било да се тоа поединци или тимови, треба да се прифаќаат само како неутрални спортисти или неутрални тимови", потсетува ДПА.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Бројот на жртви од ебола во Конго надмина 5.000, стапката на смртност изнесува 48,6 отсто

Бројот на потврдени смртни случаи од ебола во Демократска Република Конго (ДР Конго) надмина 5.000, при што се регистрирани вкупно повеќе од 10.350 потврдени случаи, соопшти Министерството за јавно здравје, хигиена и социјална заштита.

Бројот на жртви од ебола во Конго надмина 5.000, стапката на смртност изнесува 48,6 отсто

Во соопштението се наведува дека, од почетокот на епидемијата, во ДР Конго се евидентирани вкупно 10.351 потврден случај и 5.026 смртни случаи, што претставува стапка на смртност од 48,6 отсто. Тековната епидемија на ебола започна на 15 мај во ДР Конго и Уганда.

На 28 јули, властите во Уганда објавија дека епидемијата во нивната земја е завршена.

Светската здравствена организација го потврди ова на 25 август. Во соседна Кенија, првиот случај на ебола беше потврден на 6 октомври, пренесува ТАСС.

Пациентот бил државјанин на Кенија кој претходно живеел во ДР Конго. Тој пристигнал во Најроби преку Уганда на 3 октомври, а починал на 5 октомври. До 19 октомври, во Кенија биле откриени вкупно осум случаи.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Флик: „Ламин Јамал добро го поднесе исходот во трката за „Златната топка““

Тренерот на Барселона, Ханси Флик, вели дека најдобриот млад фудбалер на светот, нивната ѕвезда Ламин Јамал добро реагирал по разочарувачкиот исход во изборот за „Златната топка“.

Флик: „Ламин Јамал добро го поднесе исходот во трката за „Златната топка““

Многумина очекуваа, вклучително и самиот Јамал, дека престижниот трофеј ќе заврши во негови раце, но титулата за најдобар играч во Европа, изненадувачки, му припадна на Хари Кејн.

-Ова не беше добра вечер за Јамал ​​– какви што имало и други во неговата млада кариера. Како член на златната генерација светски шампиони, тој, разбирливо, имаше големи очекувања; сакаше да ја круниса неверојатната година со најпрестижниот индивидуален трофеј, а само тој знае како се чувствувал кога сфатил дека останал со празни раце.

Познато е дека ваквите моменти можат да го вознемират еден млад фудбалер, па иако ова можеби претставувало удар за Јамал, тоа траело кратко, бидејќи, според Флик, неговиот најдобар играч на крајот реагирал „многу добро“.

„Горд сум на Јамал ​​бидејќи реагираше навистина добро и гледам дека е фокусиран на тренинзите. Тоа е реакција на шампион“, изјави Флик. „Мило ми е што тој чекори во вистинската насока со својот менталитет, што е важно и за целиот тим“, додаде германскиот стручњак. На крајот, да потсетиме, Јамал ​​заврши дури на третото место, зад Кејн и Мбапе, според бројот на гласови. „На крајот на краиштата, и Хари заслужи награда“, рече Флик.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Шокантен пресврт во Шпанија: Пет исчезнати лица по железничката несреќа пронајдени живи

Пет исчезнати лица пронајдени живи, бројот на загинати би можел да надмине 70.

Шокантен пресврт во Шпанија: Пет исчезнати лица  по железничката несреќа пронајдени живи

Од 72 лица пријавени за исчезнати по железничката несреќа во Шпанија, петмина се пронајдени живи.

Тројца се пронајдени неодамна, двајца се наоѓаат во болница, а едно лице воопшто не се качило во возот, изјави Емилијано Гарсија-Пахе, претседател на регионалната влада на Кастиља-Ла Манча.

Според него, меѓу преостанатите 67 исчезнати лица има 14 странски државјани од Аргентина, Австралија, Канада, САД, Франција, Јапонија, Мексико, Чешка, Тунис и Венецуела, пренесува „Ел Мундо“.

Бројот на потврдени жртви во несреќата останува 69, но оваа бројка би можела да се зголеми откако ќе заврши ДНК-идентификацијата на пронајдените човечки останки, изјави Гарсија-Пахе на прес-конференција – на која присуствуваше и шпанскиот премиер Педро Санчез – одржана по состанокот на Координативниот центар за цивилна заштита (CECOPI).

Претседателот на Кастиља-Ла Манча појасни дека бројот на загинати изнесува 69, „врз основа на веродостојни податоци потврдени од правосудните органи и Граѓанската гарда“.

Сепак, тој додаде дека има 70 пријави за исчезнати лица, па постои можност конечниот број на жртви да надмине 70.

Пахе изјави дека има 31 вреќа што содржи човечки останки, како и дека нивното собирање и идентификација се „исклучително сложени“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер