Претседателот на Финска: Нема да ја одбијам улогата на преговарач меѓу ЕУ и Русија - Канал 5

Претседателот на Финска: Нема да ја одбијам улогата на преговарач меѓу ЕУ и Русија

Финскиот претседател Александар Стаб изјави дека нема да ја одбие улогата на преговарач на ЕУ со Русија доколку му биде понудена, објавија руските медиуми.

Претседателот на Финска: Нема да ја одбијам улогата на преговарач меѓу ЕУ и Русија

„Ако прашаат, тоа е веројатно прашање на кое не може да се одговори негативно“, им рече Стаб на новинарите кога го прашаа дали би бил спремен да ја преземе улогата на претставник на ЕУ во преговорите со Русија.

Претходно, медиумите објавија, повикувајќи се на дипломатски извори, дека кандидатурата на Стаб за улогата на потенцијален европски преговарач со Русија се разгледува во рамките на ЕУ.

„Можам да замислам дека Европа ќе започне дијалог со Русија во некоја форма оваа година. Во овој момент е невозможно да се каже кога тоа ќе се случи“, рече финскиот претседател.

Во исто време, Стаб се изјасни против отворањето на границата со Русија.

Како што објавија медиумите, повикувајќи се на интервју дадено од финскиот лидер, тој изјави дека границата ќе биде отворена кога ќе има доверба дека Русија нема да ги користи мигрантите или бегалците како алатка против Финска.

Финскиот претседател не даде докази дека Русија наводно испраќа мигранти или бегалци во Финска, објави Спутник.

Претходно, рускиот претседател Владимир Путин, одговарајќи на новинарски прашања за можен соговорник во преговорите меѓу Русија и Европа, изрази мислење дека лично би го претпочитал поранешниот германски канцелар Герхард Шредер, но истакна дека на Европејците е да изберат лидер на кого му веруваат и кој не кажал ништо лошо за Русија.

Во исто време, Путин нагласи дека Европа, а не Русија, ги отфрлила разговорите. Претходно, претседателот на Европскиот совет, Антонио Коста, изјави дека со лидерите на ЕУ разговара за подготовките за преговори со Русија кога ќе дојде време.

Границата меѓу Финска и Русија е затворена со одлука на финските власти до понатамошно известување.

Хелсинки започна со воведување гранични ограничувања во ноември 2023 година, поради неконтролиран прилив на бегалци од трети земји, потсети Спутник.

Финските власти ја обвинија Русија дека намерно испраќа баратели на азил на границата. Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, ги отфрли обвинувањата за руска вмешаност во миграциската криза на Европската Унија, нарекувајќи ги манифестација на западни двојни стандарди.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Скопје го одбележува Денот на ослободувањето – 13 Ноември

На денешен ден пред 82 години, на 13 ноември 1944 година, Скопје беше ослободено од фашистичката окупација. 

Скопје го одбележува Денот на ослободувањето – 13 Ноември

По повод празникот, предвидено е положување цвеќе пред Споменикот на ослободителите на Скопје на Партизанските гробишта во Бутел, на Алејата на заслужните граѓани на гробот на генералот Михајло Апостолски на гробиштата во Бутел, како и пред споменикот на Ослободителите на Скопје пред зградата на Владата.

Скопје денеска го одбележува 13 Ноември, Денот на ослободувањето на градот во Втората светска војна .

Од Град Скопје информираат дека вечерва во Македонската опера и балет ќе се одржи свеченото доделување на наградата „13 Ноември“.

На денешен ден пред 82 години, на 13 ноември 1944 година, Скопје беше ослободено од фашистичката окупација. Во ослободителните операции учествувале 42. и 50. Народноослободителна дивизија на македонската војска и 16. Македонска бригада, кои по неколкудневни жестоки борби влегле во градот.

Борбите се воделе на повеќе локации низ Скопје, меѓу кои на улицата „Илинденска“, кај Главната пошта, Офицерскиот дом, Народната банка и Старата железничка станица. Македонските борци ја спасиле хидроцентралата „Матка“ од уништување, додека граѓани учествувале во одбраната на Камениот мост од минирање.

Во борбите за ослободување на Скопје загинале повеќе од 420 борци, а за време на целата Втора светска војна животот го загубиле околу 4.600 скопјани.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Бесплатни скрининг тестови за рак на простата денеска во Железничар

Во здравствениот дом Железничар денеска ќе има бесплатни тестирања за рак на простата.

Бесплатни скрининг тестови за рак на простата денеска во Железничар

Бесплатниот скрининг е наменет за мажи над 45 години и ќе се спроведува во рамки на кампањата „Мовембер“ односно ноември - месец за подигнување на свеста за машкото здравје. Бесплатните прегледи ќе се одвиваат од 13 часот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Предлог буџет за 2027 година на собраниска комисија

Во Собраниската комисија за финансирање и буџет денеска на дневен ред е предлогот на буџетот на Македонија за 2027 година, во второ читање.

Предлог буџет за 2027 година на собраниска комисија

Поднесени се над 100 амандмани.

Согласно проекциите, вкупните приходи на буџетот се планирани на ниво од 395,4 милијарди денари, расходите на ниво од 440,4 милијарди денари, додека буџетскиот дефицит е проектиран во износ од 45 милијарди денари или на ниво од 3,5% од планираниот БДП. Отстапувањето од фискалното правило е резултат на очекуваниот фискален ефект од потребата за исполнување на обврските од членството во нато алијансата за капитални вложувања во одбраната, со утврден износ од 2% од БДП-то.

Проекциите на даночните приходи се планирани на ниво од 223 милијарди денари, со што тие учествуваат со 17,4% во БДП-то. Воедно износот на проектираните приходи е намален за 1,5 милјарди денари поради обврската за враќање на солидарниот данок кој се прибираше во 2023 година, а врз основа на законско решение за кое уставниот суд заклучи дека тоа било неуставно.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер