Претседателката Сиљановска Давкова предводи државна делегација во Ватикан и Рим

Денеска и утре во Рим и Ватикан се претседателите на Македонија и Бугарија, Гордана Сиљановска-Давкова и Румен Радев.

И двајцата доаѓаат по ист повод - 24 мај, денот на Светите браќа Кирил и Методиј и словенската азбука.

И Сиљановска и Радев утре се на аудиенција кај папата Франциско, но не истовремено, а и двајцата ќе се сретнат со државниот секретар на Ватикан, кардиналот Пјетро Паролин.... Извори од кабинетот на претседателката велат дека Сиљановска Давкова изразила подготвеност да се сретне со Радев со цел подобрување на односите меѓу двата народи и држави.

Руски напад со беспилотно летало ноќеска го остави без струја западниот украински град Тернопил

„Тимовите за итни случаи и спасувачите ги отстрануваат последиците од нападот. Снабдете се со вода и наполнете ги телефоните“, напиша Сергиј Надал, шеф на регионалниот штаб за одбрана во Тернопил, на апликацијата Телеграм.

Руски напад со беспилотно летало ноќеска го остави без струја западниот украински град Тернопил, соопшти регионалната воена администрација, една недела по нападите на Москва кои го прекинаа снабдувањето со електрична енергија во поголемиот дел од градот и областа.

„Тимовите за итни случаи и спасувачите ги отстрануваат последиците од нападот. Снабдете се со вода и наполнете ги телефоните“, напиша Сергиј Надал, шеф на регионалниот штаб за одбрана во Тернопил, на апликацијата Телеграм.

Целосните размери на нападот врз Тернопил, голем град во западна Украина, остануваат нејасни. Воздушната тревога во областа Тернопил, чиј регионален центар е истоимениот град, траеше околу 2,5 часа.

Едно лице загина, а неколку се повредени во напад на руски дрон на Тернопил претходно вчера.

Пред една недела голем дел од градот остана без струја по најголемиот руски напад со беспилотни летала против Украина.

Тернопил е на околу 220 километри источно од Полска. Областа имаше население од повеќе од милион луѓе пред руската инвазија во февруари 2022 година.

Во МНТ инклузивна танцова претстава „MUSICAL“

Инклузивното танц студио „Dancers United“ одбележува 10 години од инклузивните танцови претстави каде сите танчари на танцовото студио ја слават различноста преку танц, музика и уметност. 

Десеттата јубилејна инклузивна танцова претстава „MUSICAL“ по сценарио и режија на Сара Кочан ќе се одржи вечер во Македонскиот народен театар. Во претставата „MUSICAL“ ќе учествуваат повеќе од 200 танчари од различна возраст кои со своите танцови перформанси уште еднаш ќе покажат и докажат дека танцот е универзален јазик кој ги обединува сите без оглед на полот, возраста, можностите и способностите.

Инклузивната претстава е поддржана од Комерцијална банка и е дел од програмата на Министерството за култура и туризам за поддршка на проекти од национален интерес.

Претставата ќе биде изведена на 3 Декември – Светскиот ден на лицата со попреченост.

Вучиќ и Курти во Брисел на средба со новата шефица на европската дипломатија, Калас

Косовскиот премиер, Албин Курти и претседателот на Србија, Александар Вучиќ ќе се сретнат денеска со новата шефица на дипломатијата на Европската унија, Каја Калас, објави Радио Слободна Европа (РСЕ).

Одделните средби на Калас со Курти и Вучиќ во Брисел, кои ги потврди и портпаролката на ЕУ за надворешна политика, Анита Хипер, нема да бидат во рамките на дијалогот за нормализација на односите меѓу Косово и Србија, процес кој го посредува Европската унија.

Калас е новата шефица на надворешната и безбедносната политика на ЕУ и заедно со останатите нови комесари на Европската комисија го започна својот мандат на 1 декември.

Портпаролката Хипер, на вчерашната прес-конференција, одговараше на прашања во врска со нападот на каналот Ибар-Лепенец во северно Косово во петокот, на 29 декември, како и за иднината на дијалогот меѓу Косово и Србија.

Таа го повтори ставот што ЕУ го изрази ден по нападот во селото Варага кај Зубин Поток, опишувајќи го како терористички напад врз критичната инфраструктура на Косово и ги повика сите да соработуваат со косовските власти за да се откријат сторителите и истите да се соочат со правдата.

За средбите што Калас ќе ги одржи во Брисел, Хипер појасни дека тие нема да бидат дел од дијалогот меѓу Приштина и Белград.

Каја Калас сега, по добивањето на мандатот, треба да одлучи како ќе продолжи процесот на дијалог, кој започна во 2011 година.

Косовскиот премиер и српскиот претседател во Брисел ќе имаат одвоени средби и со новиот претседател на Европскиот совет, Антонио Коста, а потоа ќе присуствуваат на неформална вечера што Коста ќе ја организира со сите лидери од регионот на Западен Балкан.

Курти и Вучиќ во последните денови разменија обвинувања за нападот во Зубин Поток. Косово ја обвини Србија за нападот на водениот канал Ибар-Лепенец. Србија негира дека стои зад нападот и рече дека започнала сопствена истрага за случајот.

притисни ентер