3Македонецот Волкановски ја одбрани титулата Светски шампион- го нокаутира досега непоразениот Евлоев
МакедонијаПретседателката Сиљановска-Давкова постхумно ќе го одликува Анастас Коцарев со орден „Илинден - 1903 година“ Претседателката Горадан Сиљановска-Давкова постхумно го одликува Анастас Коцарев со орден „Илинден - 1903 година“. На свечена церемонија во Скопје, претседателката Гордана Сиљановска - Давкова постхумно го одликува д-р Анастас Коцарев со Орденот „Илинден 1903“ за неговиот исклучителен придонес во медицината и борбата за независна Македонија. Коцарев, роден во Охрид во 1890 година, бил еден од пионерите на радиотерапијата и радиографијата, соработувал со нобеловката Марија Кири и истовремено активно се залагал за македонската кауза преку студентските и политичките друштва во Швајцарија и Франција. Претседателката Сиљановска Давкова истакна дека признанието е повеќе потребно на државата отколку на самиот Коцарев. - Впрочем, нам ни е повеќе потребна наградата одошто нему, оти медицинскиот великан и луцидниот општественик кој бил далеку пред времето, ја легитимира малата држава како татковина на научникот од светски глас, со којшто се гордееме, кого го почитуваме и наградуваме - рече таа. Додаде дека неговата личност е симбол на спојот меѓу науката и патриотизмот. - Коцарев е синоним за синергија меѓу прекрасниот ум, продорната мисла и храброто дејствување. Тој не е само македонски, туку и француски, швајцарски и светски научник. Со оваа постхумна награда и со обележјето на куќата во која што е роден ќе го вратиме Анастас Коцарев дома. А Охрид ќе добие уште еден великан - дополни претседателката. Од името на семејството и Здружението на заборавени Македонци, Соња Коцарева Трпезановска нагласи дека признанието е чин на враќање на Коцарев во македонскиот Пантеон на вечноста. - Денес овде кога душата ни е преполна со радост и гордост што присуствуваме на овој настан со кој после долги години се оддава највисока почест на еден светски признат научник и голем патриот, ние потомците на д-р Анастас Коцарев одлучивме овој орден да го отстапиме на музејот во Охрид заедно со неговата слика со оригиналниот потпис. Иако долги години работеше во Швајцарија и Франција, неговата најголема желба беше да се врати во Охрид. Се надевам понатака државата ќе направи напори за негово конечно враќање во Македонија во неговиот сакан Охрид, каде секоја година достоинствено ќе чествуваме - посочи таа. Орденот „Илинден – 1903 година“ е едно од високите државни одличја на Република Македонија, кое го доделува претседателот на државата. Востановен е во чест на Илинденското востание од 1903 година и се доделува за исклучителни заслуги во борбата за национално и социјално ослободување, за придонес во изградбата на државноста, суверенитетот и независноста, како и за јакнење на општествениот и државно‑правниот развој. Орденот може да се додели и постхумно.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиИзбори во Србија: Незапаметени редици од рано наутро, излезноста над 61% до 17 часот18:20Избори во Србија: Незапаметени редици од рано наутро пред избирачките места, излезноста над 46% до 14 часот15:29Вучиќ гласаше, откако два часа чекаше во ред со сопругата (ВИДЕО)10:50Само уставните измени или и акцискиот план за малцинствата – кои се условите за Македонија да ги почне преговорите со ЕУ?15:38Мицкоски: Честит Ден на македонската револуционерна борба!21:16
Избори во Србија: Незапаметени редици од рано наутро пред избирачките места, излезноста над 46% до 14 часот15:29
Само уставните измени или и акцискиот план за малцинствата – кои се условите за Македонија да ги почне преговорите со ЕУ?15:38
АвтомобилизамВолво губи 333 милиони евра и најавува нов бран откази- укинуваат уште 2.500 работни местаАкциите на шведскиот производител на автомобили „Волво Карс“ паднаа за речиси 30 проценти во вторник откако компанијата објави многу поголема од очекуваната оперативна загуба во третиот квартал од 2026 година .Акциите на шведскиот производител на автомобили „Волво Карс“ паднаа за речиси 30 проценти во вторник откако компанијата објави многу поголема од очекуваната оперативна загуба во третиот квартал од 2026 година и најави елиминација на дополнителни 2.500 работни места, претежно во Шведска. „Волво Карс“ објави прилагодена оперативна загуба од околу 333 милиони евра во третиот квартал од 2026 година, во споредба со профит од околу 522 милиони евра во истиот период минатата година, објави „Ројтерс“. Аналитичарите анкетирани од „Ситибанк“ очекуваа многу помала загуба од околу 65 милиони евра. Компанијата се соочува со нееднаква побарувачка за електрични автомобили, растечки притисок од царините и влошување на пазарните услови во Кина. „Третиот квартал од 2026 година беше многу разочарувачки и одразува година што стана многу попредизвикувачка отколку што првично очекувавме“, рече главниот извршен директор Хакан Самуелсон. Новите отпуштања во „Волво Карс“ ќе влијаат на околу 2.000 работни места во Шведска и уште 500 низ целиот свет. Намалувањето на персоналот, што одговара на приближно шест проценти од вкупната работна сила, ќе се спроведе преку раскинување на договорите со консултанти, природно отпуштање на вработените и целни пакети за доброволно заминување. Волво, покрај претходно најавените заштеди од околу 2,07 милијарди евра, постави цел да ги намали индиректните трошоци и варијабилните трошоци за дополнителни околу 450 милиони евра до крајот на следната година. Акциите на Волво Карс достигнаа рекордно ниско ниво оваа недела и изгубија повеќе од две третини од својата вредност од почетокот на годината. Тагови: Волво Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
БалканЕУ загрижена поради насилните инциденти на изборите во СрбијаШефот на делегацијата на Европската Унија во Србија, Андреас Фон Бекерат, изрази длабока загриженост поради пријавените насилни инциденти на повеќе избирачки места за време на денешните предвремени парламентарни избори во Србија.„Длабоко сме загрижени поради пријавените насилни инциденти на повеќе избирачки места“, порача Фон Бекерат. Неговата реакција доаѓа во текот на изборниот ден, кога од повеќе локации во Србија пристигнуваат информации за инциденти и нарушувања на гласачкиот процес. Изјавата претставува реакција на Европската Унија на пријавите за изборно насилство, но во засега достапниот дел од соопштението не се наведени конкретните избирачки места на кои се однесува загриженоста, ниту дополнителни детали за инцидентите.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
БалканЈотова со неочекувано слаб резултат, оди во втор изборен круг со ЃуровАктуелната бугарска претседателка Илијана Јотова има мала предност во првиот круг од претседателските избори во Бугарија пред поранешниот привремен премиер Андреј Ѓуров, покажаа излезните анкети.Анкетите покажуваат дека Јотова добила помеѓу 35 и 36,5 проценти од гласовите, а Ѓуров помеѓу 32,2 и 32,5 проценти. Разликата меѓу двајцата кандидати е значително помала од она што го покажаа предизборните анкети, според кои се предвидуваше дека Јотова ќе добие повеќе од 40 проценти од гласовите, а Ѓурова малку повеќе од 28 проценти. Доколку тврдењата на анкетите се потврдат со официјални резултати, двајцата ќе се соочат во вториот круг на 1 ноември. Јотова се залага за дијалог со Москва, додека Ѓурова е поддржана од прозападната опозиција. Бугарите избраа нов претседател од 27 кандидати. Претседателската функција е претежно церемонијална, но изборите добија на значење по серијата напади со беспилотни летала врз трговски бродови по должината на бугарскиот брег на Црното Море, во кои загинаа околу дваесет морнари од различни земји. Бугарија е во незгодна ситуација Тие напади предизвикаа низа осуди од меѓународната заедница, како и загриженост за ширењето на руско-украинската војна. Затоа, бугарската влада побара помош од сојузниците на НАТО за зајакнување на поморската безбедност. Двајцата водечки претседателски кандидати ги осудија нападите. Андреј Ѓуров, кој привремено беше премиер оваа година, ужива поддршка од прозападните, реформистички партии. Тој отворено ја поддржува Украина, а како премиер потпиша договор за безбедносна соработка со Киев. Илијана Јотова беше потпретседател на земјата, а функцијата претседател ја извршува од јануари, кога Румен Радев поднесе оставка за да се натпреварува на парламентарните избори. На тие избори, Радев победи, а политичките аналитичари го сметаат за про-Кремљ. Доколку Јотова победи во вториот круг, таа ќе стане првата жена претседател на Бугарија.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter