Претседателката Сиљановска-Давкова на 12. Глобален форум во Баку: ЕУ останува наша стратешка це

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска се обрати на 12. Глобален форум во Баку, на сесијата на тема „Пактот за иднината на Обединетите нации: градење на нов глобален консензус“.

Претседателката Сиљановска-Давкова на 12. Глобален форум во Баку: ЕУ останува наша стратешка це

Таа повика на суштински реформи коишто ќе ги направат глобалните институции полегитимни, поправедни, поефективни и подоследни во исполнувањето на Повелбата на Обединетите нации. Воедно, истакна дека иако се застарени, Обединетите нации сепак се единствената организација којашто, освен универзален легитимитет, има потенцијал за да ги адресира проблемите.

Во обраќањето го реафирмираше членството во Европската Унија како стратешка цел на државата. Посочи и дека не отстапуваме ниту од нашето стратешко партнерство со САД.

Побара јасен интегративен пат, базиран на принципи и правила.

Во продолжение е интегралниот текст од обраќањето на претседателката Сиљановска-Давкова.

Ценети екселенции,

Дами и господа,

Им благодарам на нашите домаќини од Меѓународниот центар „Низами Ганџави“ за срдечната покана да учествувам на 12. Глобален форум.

Овој Глобален форум во Баку се одржува во периодот меѓу годишнините на две важни конференции. Во февруари се навршија 80 години од конференцијата во Јалта, на којашто беа исцртани контурите на меѓународниот поредок по Втората светска војна. Во април ќе се навршат 80 години од почетокот на конференцијата во Сан Франциско на којашто и формално се воспостави поредокот со Обединетите нации како негов центар.

80 години подоцна, сè уште е тешко да се замисли светот без Обединетите нации. Но, речиси е невозможно да се замисли создавањето на Обединетите нации во оваа 2025 година според амбициозните цели од 1945 година.

Зошто е тоа, така?

Светската организација беше дизајнирана за ера којашто одамна е зад нас со помала комплексност и поголема предвидливост во меѓународните односи.

Од тогаш светот мина низ голема геополитичка, геоекономска, научна, технолошка, индустриска трансформација. Порасна бројот на земјите членки и на светското население, се продлабочи глобализацијата, се намножија предизвиците. Сепак, надлежностите, структурите и процедурите на Обединетите нации останаа претежно замрзнати во времето на нивното основање. Беа пропуштени многу можности за неопходни реформи. Застарените мултилатерални инструменти на Обединетите нации веќе не можат да одговорат на сегашните геополитички, економски, еколошки, демографски и технолошки предизвици.

Ретко кога Обединетите нации ни биле толку потребни како денес. А сепак, ретко кога Обединетите нации биле толку политички маргинализирани како што се денес.

За да коригираме некои од недостатоците, минатиот септември се собравме во Њујорк, на Самитот на иднината за да го донесеме Пактот за иднината. Пактот, заедно со Глобалниот дигитален договор и Декларацијата за идните генерации, понуди визија за мултилатерализам што на поинклузивен и поправеден начин би можел да ги исполни трите врвни цели на ОН – мир и безбедност, човекови права и одржлив развој.

Но, уште не донесен, Пактот се соочи со двојната критика на премали и преголеми очекувања.

Од една страна, некои идеалисти тврдеа дека Пактот не е доволно силен за да биде еликсирот којшто ќе ја подмлади нашата 80 години стара организација.

Од друга страна, пак, некои реалисти сметаа дека Пактот е само уште еден очаен обид да се спаси поредокот воспоставен по Втората светска војна чиишто урнатини се околу нас. Наместо мултилатерализам имаме мултиполаризација и растечко геополитичко ривалство. Меѓународното право е еродирано поради двојните стандарди. Се разгоруваат нови конфликти за ресурси, вода, енергенси и ретки минерали. Битката со природата како да е однапред изгубена. Меѓународните односи станаа непредвидливи. Наместо Кантовиот вечен мир за којшто мечтаеја некои од авторите на Повелбата на Обединетите нации, ние како да се наоѓаме во предхобсовска состојба.

Но, и покрај ваквите критики, Пактот беше усвоен како внимателно изграден глобален консензус околу две нешта.

Прво, иако се застарени, Обединетите нации сепак се единствената организација којашто, освен универзален легитимитет, има и акумулирано искуство, знаење и потенцијал за да ги адресира проблемите, да ја мобилизира глобалната јавност, да ги координира процесите на креирање политики и носење одлуки, и да помага во нивното спроведување.

Второ, неопходни се суштински реформи коишто ќе ги направат глобалните институции полегитимни, поправедни, поефективни и подоследни во исполнувањето на Повелбата на Обединетите нации. Советот за безбедност треба да се прошири, да се реформира и да се демократизира за биде поотчетен и поодговорен во одржувањето на меѓународниот мир и безбедноста. Генералното собрание треба да го заземе своето вистинско место на главен претставнички орган не само за дебата, туку и за креирање политики. Пресудите на Меѓународниот суд на правдата мора да станат обврзувачки за сите. Само така Обединетите нации ќе можат да одговорат на сегашните геополитички, економски, еколошки, климатски, технолошки и демографски предизвици.

Пактот за иднината е еден вид глобален општествен договор, нов Русоов договор, којшто треба да го зајакне мултилатералниот систем со Обединетите нации во нивно јадро.

Но, уште во своите први месеци, овој глобален општествен договор се најде пред нов предизвик. Прашањето што многумина сега го поставуваат не е дали Пактот за иднината ќе биде успешен, туку дали воопшто ќе ја преживее 2025 година. Дали ќе успее да опстане во новите геополитички околности, и, ако опстане, дали ќе биде референтна точка за обнова на Обединетите нации, или, пак, ќе се сведе на уште еден амбициозен, но задоцнет документ што ќе собира прашина во архивите на Ист Ривер?

Тоа зависи од две нешта.

Прво, дали државите ќе ги одржат преземените обврски. И, второ, дали ќе ги напуштат двојните стандарди. Зошто токму двојните стандарди? Бидејќи тие се Ахиловата пета на мултилатерализмот. Селективната, наместо универзална примена на меѓународните правила и принципи ја доведува во прашање универзалноста на самите принципи.

Со само една илустрација, ќе се осврнам на мојот континент и на мојата земја.

Она што Обединетите нации се за светот, Европската Унија е за Европа – мултилатерален проект со една врвна цел – мир на континентот. Тоа го постигнува преку политиката на проширување со нови земји членки коишто ги исполнуваат копенхагенските критериуми. Како олицетворение на мултилатерализмот, Европската Унија има обврска непристрасно и конзистентно да го брани мултилатерализмот. Но, европскиот пат на мојата држава е поплочен со двојни стандарди, со нови барања и услови коишто не им биле поставени на други држави.

Неодамна, на еден од панелите на Минхенската безбедносна конференција, македонскиот премиер постави реторичко прашање: зошто, кога Русија го негираше украинскиот идентитет и јазик, цела Европа стана во одбрана на Украина, а кога една земја членка на Европската Унија го негираше македонскиот идентитет и македонскиот јазик сите молчат. Oдговор на модераторот на панелот беше: „затоа што вие не сте нападнати“. Значи, треба да делуваме „ex ante“ наместо „post festum“.

За волја на вистината, не молчат, туку бараат да ги прифаќаме неправедните услови и да преговараме за нашиот национален идентитет, за нашиот јазик, нашата култура, историја, па и за нашиот уставен поредок.

Како мала држава, ние не отстапуваме од нашата стратешка цел – членство во Европската Унија. Впрочем, ние сме природен дел од Европа: географски, историски, културно. Ако сме интегрален дел од Европа и ако себеси се перципираме како Европејци, тогаш европската реунификација не може да биде завршена без нас. Таа е недовршена симфонија без нас. Не отстапуваме ниту од нашето стратешко партнерство со Соединетите Американски Држави бидејќи, и покрај тековните превирања, веруваме во важноста од ефективен трансатлантизам, базиран на меѓународни правила и принципи. Но, исто така, свесни сме дека секогаш, пред да се погазат физичките граници, се газат принципите и вредностите. Двојните стандарди генерираат преседани коишто прераснуваат во правила. A кога се прават компромиси со меѓународните правила и принципи и со меѓународното право, се компромитираат Обединетите нации, се обезвреднува Повелбата и се поткопува меѓународниот поредок.

Па, да се навратам на прашањето: Дали Пактот за иднината ќе ја преживее оваа 2025 година?

Не е првпат да сме во ваква ситуација. И генерацијата што пред 80 години ги основаше ОН се бореше со сомнежи и со стравови дека нивниот голем мултилатерален експеримент ќе ја доживее судбината на Лигата на народите. Па сепак, не се откажаа и ја формираа Организацијата. Слично на нив, и ние сме растргнати меѓу копнежот за Кантовиот вечен мир и реалната опасност од Хобсовата војна на секој против секого. И, наместо да станаме наивни идеалисти или сурови Макијавелисти, треба со реалистична надеж да го одржиме овој глобален консензус.

Ова го говорам како претседателка на држава којашто многупати го почувствувала товарот на двојните стандарди, на прекршените договори, на неисполнетите ветувања. Малите држави треба да бидат најгласните и најголемите поддржувачи на овој пакт.

Што нѐ очекува доколку ја пропуштиме оваа можност? Дали, наместо Обединети, би имале разединети нации, сведени на реликт од минатото, блокирани поради ветото и парализирани поради бројните кризи и предизвици? Дали би имале поделба на светот во зони на влијание и интереси, паралелни поредоци коишто ќе гравитираат околу различни геополитички центри, секој со свој систем на вредности, правила и принципи, секој со свој аршин за човекови права и слободи. Дали би живееле во свет без универзални вредности и без свест и грижа за глобалните добра и за иднината на сè уште неродените? Тоа е нешто што не смееме да си го дозволиме.“

Маж се удави додека го крштевале во езеро (Вознемирувачко видео)

Верска церемонија заврши трагично откако маж се удави во езеро во Гватемала.

Маж се удави додека го крштевале во езеро (Вознемирувачко видео)

Застрашувачката снимка го прикажува Мигел Сут (45) како стои на страната на водата длабока до половината додека членовите на христијанската црква се подготвуваат да крстат друг верник во езерото Атитлан во југозападниот град Сан Лукас Толиман, објави Дејлимаил.

Двајца мажи потоа се гледа како трчаат во водата кога лицето кое се крсти изгубило рамнотежа и паднало наназад во езерото. Сут се наведнал напред за да помогне, но и тој изгубил рамнотежа пред да исчезне под површината на водата во настанатиот хаос.

Неколку други луѓе скокнале во езерото за да го бараат Сут, а се слуша како жена извикува „Помош“. Дополнителните снимки покажаа дека групата се бори да стигне до брегот откако не успеале да го спасат Сут.

"О, се удавил. О, се удавил. Го нема", рекла загрижена жена во позадина.

„Го изнесуваат, нема спасувачи.

„И се удави оној во црно. Имаше уште еден“, рекол маж во близина на жената.

На друго видео се гледа како Мигел Сут е извлечен на брегот, каде што други верници се обиделе да го реанимираат додека не пристигнала брзата помош, која ја потврдила неговата смрт.

„Тоа беше моментална и очајна ситуација“, изјави Хуан Кук, еден од членовите на црквата, за порталот Centra News.

„Направивме сѐ што можевме да го спасиме, но не успеавме, не одговори на укажаната прва помош.“

Паника во град во Германија-сите во потера по 6- годишно дете со аутизам,го викаат и на разглас

Во германскиот град Вајлбург во тек е драматична потрага по момче со аутизам, Павлос (6), кое вчера исчезнало после училиште.

Паника во град во Германија-сите во потера по 6- годишно дете со аутизам,го викаат и на разглас

Околу 130 лица од итната помош трагаат по малото дете кое исчезнало во вторникот попладне. За него се загрижени спасувачите, семејството и целиот град.

Синоќа, откако момчето било пријавено за исчезнато, противпожарното возило емитувало гласовна порака од мајката која директно му се обраќа на момчето.

„Павлос, ова е твојата мајка. Излези и не се криј, те молам. Ни недостигаш“, рекла таа, пренесува RTL.

Од звучниците се пуштала и една од неговите омилени детски песни, пишува Билд.

Градоначалникот на Вајлбург, Јоханес Ханиш, утринава преку видео на Инстаграм вети дека секој камен ќе биде превртен додека не се најде Павлос, кој има аутизам.

Тој им се заблагодари на граѓаните за нивното сочувство и упати апел.

„Побарајте го Павлос во вашите градини, бараки, подруми и ќошиња! Ве молиме имајте ги очите отворени“, рече тој.

Можно е момчето да талкало по улиците или да се криело во канцелариите во градот. Сведоците последен пат го виделе Павлос на железничката станица Вајлбург во вторникот, откако тој го напуштил основното училиште.

Цела ноќ дежурале доброволци од полицијата, противпожарната служба, градот, спасувачките служби и Федералната агенција за техничка помош (ТХВ). Барале од воздух со хеликоптер, со брод во вода и со кучиња трагачи по нивите и ливадите. Денеска биле распоредени и хеликоптери и коњаница.

„Над 100 полицајци трагаат по Павлос“, велат властите.

Службите за итни случаи утрово одржаа брифинг.

„Потрагата ја опфаќа целата област Вајлбург. Ќе ги пребаруваме, меѓу другото, јавните згради во градот и визбите кои биле отворени во моментот кога момчето исчезнало“, изјавил за Билд портпаролот на полицијата Карстен Вернер.

Спасувачите веруваат дека Павлос можеби се криел и веројатно е исплашен.

Градоначалникот Ханиш го опиша момчето со корени од Еритреја како авантуристичко, желно да се искачи и да ужива во водата. Ова е и една од причините поради која интензивно се одвива потрагата покрај реката Лан.

Целиот град (околу 13.000 жители) френетично го бара исчезнатото дете. Многумина се надеваат дека момчето навистина нашло топло скривалиште во зграда, бидејќи ноќта надвор била студена на околу шест степени Целзиусови.

Како што информираат од полицијата, засега не се сомничи дека имало кривично дело.

Уапсена е мајка- монструм: За своето дете користела ремен со електричен шокер за кучиња

Жена е уапсена во округот Кејп Меј, Њу Џерси, поради наводна употреба на кучешки ремен со електричен шокер врз своето дете, соопшти локалното обвинителство.

Уапсена е мајка- монструм: За своето дете користела ремен со електричен шокер за кучиња

"Полицијата на Њу Џерси започна истрага на 17 март, откако дете дошло на училиште со видливи повреди на телото. Истрагата утврдила дека повредите биле предизвикани од кучешки ремен со електричен шокер.", соопшти обвинителството на Кејп Меј, пренесува Sky News.

Мајката на детето, 30-годишната Кимберли Круз-Фелисијано, е уапсена и обвинета за тежок напад, загрозување на благосостојбата на детето, манипулација на сведоци и други поврзани обвиненија.

Круз-Фелисијано е обвинета дека му се заканувала на детето со дополнително насилство доколку некому каже дека користела оглавник за кучиња со електричен шокер.

Уапсената Кимберли Круз-Фелисијано моментално се наоѓа во притворскиот центар Кејп Меј, во очекување на судење.

притисни ентер