3СДСМ: Две и пол години ВМРО-ОКГ и Мицкоски, што доби Македонија? Сиромаштија, изолација и празен фрижидер!
МакедонијаПретседателката Сиљановска-Давкова ја врачи Големата годишна награда за најуспешно реализирано архитектонско дело во 2025 годинаПретседателката Сиљановска-Давкова, во својство на покровителка, ја врачи Големата годишна награда за најуспешно реализирано архитектонско дело во 2025 година.Лауреати на Големата годишна награда за најуспешно реализирано архитектонско дело во 2025 година се авторите Искра Лековска и Владимир Лековски од архитектонското студио „Лелелеле“, за проектот Православен храм – црква „Св. Рамноапостоли цар Константин и царица Елена“ во Скопје. Таа истакна дека наградувањето не е ларпурлартизам, ниту се наградуваат само резултатот и творбата, туку се евалуира процесот на истражување, трагање, компарирање, сомневање, преиспитување, kако и одговорниот однос кон просторот и луѓето во него. Според неа, изборот на добитниците се темели на строга и аргументирана стручна обсервација на делата, во потрага по она што ги надминува професионалните стандарди и воспоставува нови критериуми во современата архитектонска практика. Претседателката потсети дека архитектурата, како триаголник на наука, уметност и општествен ангажман, има суштинско влијание врз убавината и функционалноста на јавниот простор, односно врз квалитетот на урбаното живеење. Во услови на забрзана урбанизација, финансиски интереси и економски притисоци, архитектот, според неа, има обврска да го штити јавниот интерес и да го брани јавниот простор, просторот како заедничко добро, градејќи рамнотежа меѓу потребите на сегашноста и одговорноста кон иднината. За авторите на награденото архитектонско дело, црквата „Св. Константин и Св. Елена“ е метафора за македонската колективна меморија и идентитет и ја персонифицира хармонијата меѓу небото и земјата, духовното и световното, традицијата и современоста. Претседателката им честиташе на добитниците, потенцирајќи дека наградата има силна, едукативна и инспиративна вредност за архитектонската фела и за младите архитекти! Во продолжение е интегралниот текст од обраќањето на претседателката Сиљановска-Давкова: Почитувани, Големата годишна награда за архитектура, во амбиент на урбан хаос, е ретка прилика за мене да се дружам со луѓе коишто веруваат во убавото и во функционалното. Оваа манифестација не ја доживувам само како чин на оддавање свечено признание на најуспешното архитектонско дело, туку и ретка можност за стручна и уметничка евалуација на архитектонските остварувања. Не случајно, настанов се случува овде, на Архитектонскиот факултет, како култен образовен амбиент во којшто виреат и растат идните архитекти, каде што се негуваат и се поттикнуваат критичката мисла и одговорноста кон просторот во којшто живееме. Архитектурата, како триаголник на уметност, наука и општествен ангажман, има длабоко и трајно влијание врз нашето ментално и физичко здравје, но и врз човековото поведение што, пак, влијае врз квалитетот на нашите секојдневни активности. Архитектите се оние што естетски го обликуваат секојдневието, преку креирањето функционални, одржливи и хумани решенија. Логосот, но и еросот и патосот на нивните творби го креираат и го обележуваат духот на епохата, ги вградуваат потребите на човекот во просторот и оставаат траги што нè надживуваат нас, нивните современици, а нив ги вградуваат во вечноста! Денешново дружење на еден лаик како мене, којшто во потрагата по убавото, ви се придружува во уживањето на моментумот, е значаен момент не само за македонската архитектура, туку и за македонското општество, но и пошироко. Не сведочиме и не ѝ се радуваме само на индивидуалната извонредност, туку и на вредностите коишто современата архитектура ги отсликува или негира под влијание на конфузната и конфликтна (не)цивилизациска реалност во која живееме, испреплетена со глобалните текови и трендови, како нивен одраз, сенка или отпор. Улогата на архитектот денес е посложена и поважна од кога било. Во време на забрзана до забревтаност урбанизација, економска логика и притисоци, занемарен квалитет на живот, архитектот не е само проектант, туку и чувар и бранител на јавниот интерес и на просторот како заедничко добро, на рамнотежата меѓу потребите на денешницата и одговорноста кон иднината. Да потсетам: Се уверив на дело и на самото место дека изборот на добитникот не е случаен, туку произлегува од студиозна, строга и одговорна евалуација на дела коишто не само што ги исполнуваат високите професионални стандарди, туку и ги надминуваат, поставувајќи нови критериуми и репери во современата архитектонска практика и реалност. Искрена благодарност до членовите на стручната комисија, соочени со сложената и одговорна задача: да ги вреднуваат пристигнатите трудови, да направат вистински избор којшто го препознал најдоброто и најуспешното, уникатното, оригиналното! Особено значајно е што наградените достигнувања секогаш имаат едукативна и инспиративна улога, како пример и поттик за младите архитекти и студентите коишто допрва го градат својот професионален пат. Преку вакви примери се создава дијалог меѓу искуството и новите идеи, меѓу традицијата и иновацијата, дијалог без кој развојот на архитектонската мисла е неможен. Почитувани, Денес, повеќе од кога било, архитектурата е соочена со сериозни предизвици: климатските промени, одржливиот развој, социјалната еднаквост, технолошките трансформации, вештачката интелигенција. Делата коишто ги создаваат македонските архитекти, вклучително и оние што ги наградуваме вечерва, покажуваат и докажуваат дека со знаење, визија, креативност, посветеност и работа, идеите можат да се преточат во дела што оживуваат. Големата годишна награда за архитектура не ја слави архитектурата само како ларпурлартизам, ниту само како очигледен резултат и творба, туку како процес на истражување, трагање, компарирање, сомневање, преиспитување и одговорност кон просторот и луѓето во него. Таа испраќа порака дека достоинството на архитектонската професија се гради врз креативен и етички идентитет, професионален интегритет и дигнитет, уметничка смелост и хуманистичка свесност. Им честитам на архитектите – учители од Сократовски и менторски тип, им честитам на архитектите – ученици од Телемаховски тип, желни и жедни за знаење, им честитам на гласните архитекти кога архитектурата е под закана од профитерите за иновативност, за љубовта кон оваа прекрасна професија, за оригиналноста, посветеноста, критичноста, идејноста и истрајноста. Денешниот настан нека биде поттик за сите архитекти да ја разбудат и освестат во себе, кај студентите, колешките и колегите смислата за просторот, да ја негуваат способноста за соживот со амбиентот и почитта кон него, да не ја заборават човековата потреба од облагородување и хуманизирање на средината во која живееме, да го негуваат и да го обликуваат урбаниот идентитет по мерка на човекот, а не на парите! Дозволете, пред да го соопштам добитникот на Големата годишна награда за архитектура, да ви посакам среќна, здрава и успешна 2026 година, со нови градителски подвизи и високи архитектонски достигнувања. Посакувам да ја помните по добро!Тагови: Гордана Сиљановска-Давкова Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСкопје пулсира во маратонски ритам - Ристовски: Скопскиот маратон е спортски настан кој ја става Македонија на светската мапа09:54Се одржува „Виз Ер Скопски маратон 2026“, посебен сообраќаен режим во Скопје09:11Дијалог со Софија па патоказ за ЕУ- дали Скопје и Софија ќе најдат решение за деблокада на европскиот пат?15:05Мицкоски: Капиталните проекти ќе го подобрат животот на скопјани12:41Посебен режим на сообраќај во Скопје поради фудбалски натпревар на арената „Тодор Проески“09:30
Скопје пулсира во маратонски ритам - Ристовски: Скопскиот маратон е спортски настан кој ја става Македонија на светската мапа09:54
Дијалог со Софија па патоказ за ЕУ- дали Скопје и Софија ќе најдат решение за деблокада на европскиот пат?15:05
СветРегистриран силен земјотрес во ИндонезијаЗемјотрес со јачина од 5,9 степени според Рихтеровата скала го погоди регионот Сумбава во Индонезија, соопшти Германскиот истражувачки центар за геолошки науки (GFZ).Земјотресот се случил во саботата во 22:55 часот по Гринич, со епицентар на длабочина од 10 километри. Според прелиминарните податоци од „GFZ“, епицентарот е регистриран на 9,69 степени јужна географска ширина и 118,93 степени источна географска должина. Засега нема информации за можни жртви или материјална штета.Тагови: земјотрес Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Нови градинки, спортски сали и мега-парк во Карпош за поквалитетен живот на граѓанитеВо изминатиот период во Карпош фокусот е на она што им е најважно на граѓаните на чистотата, инфраструктурата и подобри услови за живот.Општина Карпош продолжува со реализација на конкретни проекти насочени кон подобрување на секојдневниот живот на граѓаните. Во изминатиот период беа преземени низа активности за уредување на општината. На критични локации беа расчистени над 3.500 кубни метри наталожен материјал, а со отстранување на хаварисани возила беа ослободени повеќе од 150 паркинг места. Во делот на инфраструктурата, завршена е реконструкцијата на улиците „Џумајска“ и „Трифун Бузев“, реконструиран е дел од „Бранислав Нушиќ“, а започна и реконструкцијата на „Јуриј Гагарин“ во Козле. Во периодот што следува, Општина Карпош го продолжува инвестицискиот циклус со изградба на детската градинка „Пролет 2“, нови и унапредени спортски сали, како и реализација на мега-парк и нови зелени површини. Целосно беа обновени игралишта на повеќе локации кај фонтаната во Карпош 3,плоштад ПБК – спроти студентски дом „Гоце Делчев“, ул. Никола Парапунов спроти „Специјал" Карпош 4, во дворот на ООУ „Ј. А. Коменски„, ул. Љубљанска до Адреналинскиот парк, ул. Јуриј Гагарин 23, ул. Јуриј Гагарин (помеѓу 25 и 35), плоштад Млечен, во населба Жданец (кај спортските терени), ул. Козле 8, Нерези. Фокусот останува на повеќе инвестиции, подобра инфраструктура, повеќе зеленило и поквалитетни услови за живот. Карпош продолжува да се развива со конкретни проекти и видливи резултати. ВМРО-ДПМНЕТагови: ВМРО-ДПМНЕ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСДСМ: Две и пол години ВМРО-ОКГ и Мицкоски, што доби Македонија? Сиромаштија, изолација и празен фрижидер!Гета. Нула денари чини, рече арамијата Мицкоски. За 24 часа вистината излезе на виделина: 5,53 милиони евра од Лотарија. Дивиденда што требаше да оди во буџет. Пари на граѓаните, фрлени на бина.Пет нови рудници во просторниот план до 2040 година. Антимон кај Крива Паланка- пет милиони долари грант, помалку од концерт на ди-џеј. Јаловина во почва и вода. Дата-центри за туѓа дигитализација: струја на грб на граѓанинот, вода на земјоделецот. Гостивар - дванаесет недели без извештај дека водата е чиста. Над педесет места без информации. Лепенец и Вардар затруени, без име, без да се знае кој, без одговорност. Ѓубре во Скопје на секој чекор. Проверка од дрон. А одговорни нема. Броила: Адамовиќ–Мицкоски, извршители Божиновска–Лазаревиќ, Руднап. Орбанови автобуси во круг. Криминални тендери од стотици милиони евра. Тендер за татко, па таткото не е татко. Обвинителство на повик. За вода нема одговорен. За тендери нема одговорни. Циркус-дипломатија. Две недели екскурзија, педесет луѓе, стрини и тетки, на народен грб. Лобирање од 1,56 милиони долари, платено од трговец со оружје. Резултат: ходник со Рубио, пет милиони за антимон. Концертот поскап од „стратешката инвестиција“. Потрошувачка кошница со изнајмен стан - 95.000 денари. Гориво преку 100 денари. Земјоделците се на раб на егзистенција, работат без пари, нема откуп, нема субвенции, ИПАРД загорзен затоа што директорот е уапсен за корупција. Нема реформи. Има руска агенда и агенда на Вучиќ. Министри од кругот на БИА го слават осудениот воен злосторник Ратко Младиќ. Економски колапс. Работниците се понижени, нема пари за поголеми плати, нема пари за минимална плата од 600 евра. Пензионерите се украдени. Нема пари за пензии. Дупката во ПИОМ зголемена на 1 милијарда евра. Вториот столб сакаат да го национализираат. Сега нов предлог - да им се земат парите на луѓето за да се инвестира. Од каде, кога нема пари? Значи ново задолжување. Секоја недела државата зема 40, 50, 70, 100 милиони евра. За две години - четири милијарди евра нов долг. Половина од долгот за 30 години независност. Сè е потрошено на криминални тендери. Нема подобри услови за преговори со ЕУ. Фон дер Лајен го кажа во лице: идентитетот и јазикот се зачувани. Чекорот останува. Ковеши пред членство. Тој е незадоволен. Затоа што лагата му ја одзедоа. Што донесоа две и пол години ВМРО и Мицкоски? Сиромаштија. Изолација. Уништено стопанство. Полош стандард. Уште поголемо иселување на младите. „Трета економија“ во Европа со празни празни паричници и празни фрижидери. Што сега? Пролетни избори? Да избега од обврските кон ЕУ? Да му фрли ракавица некој Спутник? Да го предизвика големиот арамија? Да рече: народе, бирајте. Уште лаги. Уште анти-ЕУ пропаганда. Уште Латас и останатите. СДСМ нема да биде алиби. Власта наскоро се враќа во рацете на граѓаните. Бандата ќе одговара пред независно судство и европско обвинителство. СДСМТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter