Беше страв и трепет за мафијата, а сега е пронајден мртов- случајот ја потресе Италија, се огласи и Мелони
2Беше страв и трепет за мафијата, а сега е пронајден мртов- случајот ја потресе Италија, се огласи и Мелони
3Претседателката на Молдавија го алармира НАТО: Русија ја напаѓа Европа на два фронта, едниот е особено опасен
3Серија инциденти на Мис Универзум: Мисица е отруена, друга паднала по скали, Бугарката имала тешка сообраќајка
МакедонијаПретседателката Сиљановска Давкова ги додели стипендиите „Борис Трајковски“ за академската 2025/2026 годинаПретседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска ги додели стипендиите „Борис Трајковски“ за академската 2025/2026 година на 20 најдобри студенти кои своето образование ќе го продолжат на Сити колеџ, Европскиот кампус на Универзитетот „Јорк“.Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска ги додели стипендиите „Борис Трајковски“ за академската 2025/2026 година на 20 најдобри студенти кои своето образование ќе го продолжат на Сити колеџ, Европскиот кампус на Универзитетот „Јорк“, со седиште во Солун, Грција. Секоја стипендија поединечно е во висина на уписнината на Сити колеџот и изнесува 14.890 евра при што 50 педесет проценти или 7.445 евра по студент обезбедува Министерството за образование и наука, а останатите 50 проценти ги обезбедува Сити колеџот од Солун. Стипендиите се резултат на заедничката активност и соработка на претседателот, Министерството за образование и наука, Фондацијата „Борис Трајковски“ и Сити колеџ, Европскиот кампус на Универзитетот „Јорк“. Во своето обраќање на настанот, претседателката Сиљановска Давкова рече дека денеска сме соочени со феноменот на енормна емиграција, егзодус на најдобрите односно одлив на мозоци. Таа посочи дека без интелигенција нема ниту политичка, ниту културна ниту научна елита оти тие се фактор и агенс на реформите, на развојот и на демократијата. Потрагата по Соломонското решение, потенцира, претседателката, е во постојаниот контакт и соработка односно размена на информации со нашите студенти каде и да се, со магистрите и докторантите, со истражувачите, со научниците, со уметниците, со бизнисмените надвор, но и оние кои се вратиле дома, внатре, затоа што тоа ни го овозможуваат вештачката интелигенција и дигитализацијата. Според неа, решението е во домашните реформи, односно промени што ќе ги привлечат најумните и најперспективните да размислуваат за враќање дома или да останат тука. - Највисоката цена за отсуството на фер шанса за напредување ја плаќаат граѓаните, ама и државата. Знаеме дека една од главните причини за иселувањето на нашите најталенирани млади е токму нивната интерна потреба да создаваат вредности, да напредуваат не врз основа на врски, привилегии или протекција, туку само и само со своето напорно стекнато знаење, квалитет и способност. Вие почитувани стипендисти сте дел од малата група на млади луѓе кои не смееме да ги изгубиме. Со оваа стипендија за паневропската извршна MБИ програма на Сити колеџот во Солун, која е кампус на Универзитетот Јорк за Европа, вам ви се отвораат не само многу европски, туку и подалечни врати за квалитетен успех, за студирање, за работа, за кариерен растеж и за напредување, рече Сиљановска Давкова. Затоа, истакна таа, денеска кога ставаме уште едно камче во мозаикот на искрена доверба меѓу македонското и грчкото општество би сакала да ви порачам две нешта. - Прво дека нема ништо лошо во личната амбиција оти таа е себе двигател, двигател на економијата иновации и на растот, но да потсетам дека постојат вредности што не можат да се постигнат само преку задоволување на личниот интерес како взаемната доверба, солидарноста, хуманоста, емпатијата и свеста за општото добро, односно јавниот интерес и јавното добро. Второ ве охрабрувам знаењата, вештините и контактите кои ќе ги стекнете освен за вашиот персонален успех и престиж да ги насочите и кон институциите и кон панелите во кои ќе работите односно за подобрување на состојбата во државата што вложува во вас стипендирајќи ве. На тој начин ќе придонесете и вие за неа и за заедницата. На патот пред вас не сте сами. Изминатите 20-тина години се создаде почитувана, позната и експонирана заедница од над 300 успешни реализирани личности кои се издигнале над индивидуалните кариери и придонеле за општото добро, рече Сиљановска Давкова. Појасни дека оваа стипендија е обврска на државата да не ве заборави по завршувањето на програмата. - Ние ги очекуваме вашите иницијативи и вашето вклучување во креирањето на јавните политики и јавната вредност од важност за сите. Да не заборавиме дека за Аристотел крајната цел на политичката заедница на државата е добриот живот, а добриот живот, пак, е посветен на служење на просперитетот на заедницата, додаде Сиљановска Давкова. На настанот присуствуваше и министерката за образование и наука Весна Јаневска, која рече дека со годинашното доделување на стипендиите „Борис Трајковски“, чија традиција трае веќе 22 години, го поддржуваат образованието на нова генерација постдипломци на реномирана високообразовна установа, кои ќе го зајакнат кадровскиот потенцијал на државата и од нив ќе се очекува да придонесат кон нејзиниот развој. - Јас ви честитам вам, на сите селектирани кандидати, добитници на стипендија и ви посакувам успех во студиите, навремено завршување на испитите во рамки на студиските програми и стекнување на оптималното знаење, заради кое и Ве праќаме на усовршување. А, знаеме каде ве праќаме. Сити колеџот во Солун како Европски кампус на Универзитетот Јорк, веќе создаде 20тина генерации од тука, што сега успешно се интегрирани во македонското општество и го ефектуираат знаењето. Верувам во вашиот успех, бидејќи сите вие дотука не сте стигнати без доволно ентузијазам и труд. Така и оваа стипендија доаѓа како признание на вашата упорност, талентот и потенцијалот што го носите во себе. Таа е поттик да продолжите да чекорите храбро напред, да истражувате, создавате, учите и да ги поминувате границите на можностите, рече Јаневска. Таа ги советуваше стипендистите дека откако ќе стигнат до дипломите, со двоен потпис на Универзитетот Јорк и на Факултетот за економија и менаџмент на Универзитетот во Стразбур, и кога ќе ги фрлаат капите во височина, како чин на заокружување на постдипломските студии, да се сетат од каде доаѓаат и кој ги поддржал на патот до тој успех. - Сетете се дека ве поддржа вашата земја Македонија и возвратете и’ вложувајќи го знаењето во неа. Затоа што, кога знаењето го вложувате во татковината, не градите само поубава земја — туку градите и поубава иднина за вас, за нас и за сите оние што ќе дојдат по нас. Ние и понатаму ќе ве поддржуваме. Од година во година сé повеќе пари од државниот буџет се одвојуваат за образование, наука и истражување. Тоа се нашите алатки за зацврстување на темелот врз кој градиме посилна и поуспешна земја. Среќно и со успех!, додаде Јаневска. Директорот на Европскиот кампус на Универзитетот Јорк, Сити Колеџ, Јанис Верверидис рече дека тој Универзитет континуирано се вбројува меѓу најдобрите универзитети во светот. Посочи дека стипендистите се избрани во една многу строга процедура за да станат дел од уникатна, врвна академска програма, која е современа, напредна и се реализира заедно со Универзитетот во Стразбур, кој е високо престижна француска институција со 18 добитници на Нобелова награда во својата историја и води до две МБИ дипломи, една од Универзитетот Јорк и една од Универзитетот во Стразбур. - Станувате дел од вистинска интернационална програма која со голем успех се реализира веќе 30 години и се изведува во седум градови од поширокиот регион. Предавачи се врвни меѓународни професори и таа ви овозможува да студирате, да се сретнувате и да вмрежувате со колеги од 25 други земји без при тоа да мора да ги напуштите вашите држави, работа и вашето семејство на подолг период. Но, најважно од се ова е програма која ќе ви овозможи пошироко образовно искуство кое ќе го промени тоа што го знаете и начинот на кој учите, ќе го промени начинот на кој размислувате и делувате, но и ќе ги промени и животните предизвици и вашата иднина преку развивање нови способности и квалитети, рече Верверидис. Аристотел, кој е еден од најголемите филозофи на сите времиња, потенцира тој, пред 2300 години рекол „ние сме тоа што постојано го правиме. Извонредноста не е чин туку навика“. -Тоа е стремежот на нашата МБИ програма да ги подготви студентите да тежнеат кон извонредност во се што прават. Нашата цел е да ви понудиме уникатно интернационално образовно искуство кое ќе ги овозможи да направите разлика за општеството, за економијата, за вашата земја и за целиот регион придонесувајќи за општото добро, додаде Верверидис.Тагови: Сиљановска - Давкова Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМуцунски во Атина: Герапетритис ја пофали Македонија за значителен напредок во повеќе области15:15Муцунски на министерски состанок на „Пријателите на Западен Балкан“ во Атина11:30Муцунски на министерски состанок на „Пријателите на Западен Балкан“ во Атина09:28Од воена вежба до спасувачка мисија: Припадници на армиските Волци спасија планинар 15:00Припадниците на Баталјонот на специјални сили евакуираа тешко повреден алпинист од непристапен терен во реонот на Демир Капија09:28
Припадниците на Баталјонот на специјални сили евакуираа тешко повреден алпинист од непристапен терен во реонот на Демир Капија09:28
СудбинаЖена, прогласена за мртва се разбудила во мртовечница- доктор потоа ја убил за да си ја прикрие грешката 73-годишна Русинка била прогласена за мртва во декември 2025 година од страна на лекар за реанимација, но два часа подоцна покажала знаци на живот во мртовечницата. Докторот е обвинет дека ѝ инјектирал смртоносен лек за да ја прикрие својата грешка. Тој е уапсен и е задржан во притвор. Можеби мислите дека ова е сценарио за ТВ серија. Сепак, оваа приказна навистина се случила во Русија минатата година. Лекар за реанимација е осомничен дека ѝ инјектирал смртоносен лек на 73-годишна пациентка, која погрешно била прогласена за мртва, за да ја прикрие својата грешка, објави оваа недела рускиот новински портал Газета.ру. Против него е покрената истрага. На 17 декември 2025 година, Галина, 73-годишна жена, била примена во болница во Северодвинск, Архангелска област, поради акутна тромбоза. Сепак, за време на третманот, нејзиното срце застанало. Речиси половина час, Олег Г., 29-годишен лекар, се обидувал да ја реанимира, но без успех. Потоа специјалистот ја прогласил за мртва. Тој ѝ инјектирал пропофол Сепак, според првичните резултати од истрагата, срцето на жената наводно повторно почнало да чука без лекарот да забележи. Кратко потоа, 73-годишната жена, која била прогласена за мртва, била однесена во мртовечница. Сепак, два часа подоцна, еден од вработените забележал знаци на живот и го известил лекарот. Потоа случајот добил сосема поинаков пресврт. Наместо да ѝ пружи итна медицинска помош, лекарот за реанимација ѝ инјектирал пропофол, интравенски анестетик што се користи за индуцирање и одржување на анестезија и кој може да предизвика респираторна депресија. Истражителите веруваат дека Олег Г. ѝ го дал овој смртоносен лек за да ја прикрие својата првична грешка. Покрената е истрага за „убиство на лице во беспомошна состојба“. Олег Г., кој дипломирал во 2023 година, бил уапсен и потоа задржан во притвор. Тој ги негира обвиненијата и тврди дека постапил во согласност со медицинскиот протокол. На телото на жената ќе биде спроведен токсиколошки тест за да се утврди со сигурност причината за смртта на 73-годишната жена.Тагови: Доктор мртовечница Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветСтудентка во Калифорнија брутално убила бездомник, па побарала помош од мајка ѝ Студентка од колеџ во Сан Хозе и нејзината мајка се осомничени дека избоделе маж до смрт, а потоа го скриле неговото тело во клисура во близина на Ливермор! Двете се уапсени, соопшти полицијата, откривајќи детали за грозоморното злосторство. Алесија Ниевес Солас (22) и нејзината мајка, Вероника Рангел (55) се уапсени под обвинение за убиство, соопшти полициската управа во Сан Хозе. Жртвата, идентификувана како Марселино Перез Хименез (44), престојувал во засолниште за бездомници во Сан Хозе, објави „Меркјури њуз“. Последен пат бил виден на 22 август, кога влегол во стан во апартманите „Павона“ на Северната 7-ма улица во Сан Хозе, соопшти канцеларијата на шерифот. Влегол во станот со Солас, носел пакување пиво од 24 парчиња. Следниот ден, безбедносните камери во комплексот наводно ги снимиле Солас и нејзината мајка како се борат со голема, тешка кутија. Според судските документи добиени од „Меркјури њуз“, мајката и ќерката користеле рачна количка за да ја пренесат кутијата до нивниот изнајмен автомобил. Шерифската канцеларија соопшти дека подоцна го следела движењето на автомобилот од станбениот комплекс до улицата Тесла. California nursing student, 22, stabs man to death then dumps him in ravine with help from her mom: cops https://t.co/t4J5hVoaZ9 https://t.co/m1IeuqB4MH — California Post (@californiapost) November 23, 2026 Мистеријата почнала да се одгатнува попладнето на 25 август, кога возач го запрел својот автомобил за да направи пауза во близина на улицата Тесла и улицата Иглс Ран. Погледнал во клисура и видел нешто што личело на човечко тело, па се јавил во канцеларијата на шерифот на округот Аламеда. Полицајците го пронашле телото скриено под ѓубрето што луѓето го фрлале од автомобилите што минувале. Мажот бил избоден со нож, соопшти канцеларијата на шерифот. Солас била уапсена во Лос Анџелес, а подоцна екстрадирана назад во Сан Хозе, каде што е притворена во затворот во округот Санта Клара. Нејзината мајка била уапсена истиот ден во Сан Хозе. Ренџел, која работи во болница, била ослободена од затвор под надзор. Таа рекла дека верува оти нејзината ќерка дејствувала во самоодбрана. Не е јасно како Солас и Хименез се познавале. Мотивот за наводното убиство е под истрага, соопштија властите на Калифорнија.Тагови: Калифорнија студентка Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМуцунски во Атина: Герапетритис ја пофали Македонија за значителен напредок во повеќе области15:15Муцунски на министерски состанок на „Пријателите на Западен Балкан“ во Атина11:30Муцунски на министерски состанок на „Пријателите на Западен Балкан“ во Атина09:28Од воена вежба до спасувачка мисија: Припадници на армиските Волци спасија планинар 15:00Припадниците на Баталјонот на специјални сили евакуираа тешко повреден алпинист од непристапен терен во реонот на Демир Капија09:28
Припадниците на Баталјонот на специјални сили евакуираа тешко повреден алпинист од непристапен терен во реонот на Демир Капија09:28
БизарноАмериканската влада објави документи за суштеството „Бигфут“, деталите го зачудија светот (ВИДЕО)Американската влада објави документи поврзани со едно од најпознатите митски суштества од локалниот фолклор - Бигфут, познат и како Саскуч.Тие содржат извештаи за необични траги, сведоштва на ловци и детали од истраги кои привлекуваат внимание на јавноста со децении, објави Пипл. Случаи од Монтана и Орегон Следејќи го примерот на Пентагон, кој на почетокот на 2026 година ја прошири јавно достапната архива за неидентификувани летечки објекти, Шумската служба на својата веб-страница објави и помала збирка документи за мистериозното суштество. Федералната агенција, која работи во рамките на Министерството за земјоделство на САД, објави документи со наслов „Bigfoot/Sasquatch Records“ на 15 октомври, во согласност со Законот за слобода на информации. Според веб-страницата, историските документи потекнуваат од нивната канцеларија во Вашингтон, но се однесуваат на средби и случаи поврзани со Бигфут во сојузните држави Монтана и Орегон. Меѓу нив е исечок од весник од 2003 година за мистериозни отпечатоци пронајдени во Монтана. Текстот, преземен од изданието на Clark Fork Valley Press, опишува „стотици неидентификувани траги“ пронајдени во близина на патот. Вклучува и интервјуа со локалните жители кои ги откриле. Заедно со написот беа објавени и фотографии од наводните стапалки, за кои жителите претпоставуваа дека „припаѓаат на Сасквач“. „Што друго би можело да биде? праша еден од нив. Вториот документ ја претставува истрагата на американското Министерство за земјоделство за пријавени „траги пронајдени во шумата во Орегон во 1982 година“. „Чудни индиции“ Извештајот се занимава со друго наводно откритие на стапалки од Бигфут во сливот на Мил Крик, во Националната шума Уматила во Орегон. Документот, од 18 јуни 1982 година, опишува три случаи во кои биле забележани наводните траги и вклучува фотографии од тие наоди. Според извештајот, во текот на истрагата биле направени и гипсови од отпечатоците, пренесува People. Родни Џонсон, идентификуван во документот како биолог на дивиот свет, напишал дека заклучил дека големите отпечатоци „не биле направени од суштество кое оди на две нозе и тежи повеќе од 136 килограми“, опис кој многу наликува на вообичаените поими за Бигфут. Во извештајот од 1982 година, Џонсон исто така изјавил дека, доколку траките се лажни, некој ќе мора „да вложи извонреден напор и внимание во нивното создавање“. „За малку ќе се посомневав дека за да се направат тие „лажни“ стапала, мора да се употреби гипс направен од вистинско стапало. Меѓутоа, ако беше така, другите набори на стапалото треба да се видат“, се наведува во документот. Третиот документ претставува лично сеќавање на уште една средба со „невообичаени траги“ во Монтана, за време на ловечка експедиција во 1949 година. Историски извештај од областа Пети Крик беше составен од Лео Кини, кој се сеќава дека видел „низа отпечатоци“ во таа прилика. Група од четворица ловци верувале дека трагите му припаѓаат на суштество кое украло елен што го застрелале за време на претходниот лов. Наводни средби во Охајо Кини најпрво напиша дека мислеле дека е „голема мечка“, бидејќи заедно со отпечатоците забележале „силен мирис“ и „грчење звук“. „Меѓутоа, мечките не одат само на задните нозе, освен на кратки растојанија, и нормално би влечеле толку голем труп“, напиша тој. „Што и да беше, го крена лосот целосно, така што не ја допираше земјата“, додаде Кини. Сепак, иако објавувањето на документите е ново, тие не мора да претставуваат нов доказ дека Bigfoot всушност постои. Дејвид Дејглинг, професор по антропологија и автор на книга за наследството на Бигфут во американската култура, изјави за Њујорк Тајмс дека документите објавени од Шумската служба се „вообичаената приказна за Бигфут“. „Објавувањето на овие документи во никој случај не е револуционерно“, рече тој. Објавувањето доаѓа неколку месеци откако серијата наводни средби со мистериозното суштество во Охајо повторно го разгореа интересот за Бигфут претходно оваа година. Таму случаите беа најбројни од крајот на седумдесеттите. Отприлика во исто време, документарецот Марк Еванс сними филм, чија премиера беше прикажана на фестивалот SXSW, за кој тврди дека конечно докажува дека најпознатата снимка од Бигфут на сите времиња е всушност „неверојатна измама“.Тагови: суштество Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМуцунски во Атина: Герапетритис ја пофали Македонија за значителен напредок во повеќе области15:15Муцунски на министерски состанок на „Пријателите на Западен Балкан“ во Атина11:30Муцунски на министерски состанок на „Пријателите на Западен Балкан“ во Атина09:28Од воена вежба до спасувачка мисија: Припадници на армиските Волци спасија планинар 15:00Припадниците на Баталјонот на специјални сили евакуираа тешко повреден алпинист од непристапен терен во реонот на Демир Капија09:28
Припадниците на Баталјонот на специјални сили евакуираа тешко повреден алпинист од непристапен терен во реонот на Демир Капија09:28