Претседателката на Советот на ЈО Душица Димитриеска нема да поднесе оставка како Дамева - Канал 5

Претседателката на Советот на ЈО Душица Димитриеска нема да поднесе оставка како Дамева

Претседателката на Советот на ЈО Душица Димитриеска не размислува да се повлече од функцијата. 

Претседателката на Советот на ЈО Душица Димитриеска нема да поднесе оставка како Дамева

Не сакаше да ги коменира најавите на премиерот Мицкоски за робусна акција во судството и обвинителството. Димитриеска уверува дека Советот на ЈО работи успешно и согласно закон што било нотирано во домашните и меѓународни извештаи, и нема да го следи потегот на Весна Дамева која пред една недела поднесе оставка од функцијата Претседател на Судскиот совет.

-Не, не размислувам. Сметам дека нашата работа ја вршиме согласно законот, согласно нашите законски надлежности, непристрасно, објективно и така ќе продолжиме. Во однос на вашето прашање јас не можам да коментирам изјави на политичари, не би сакала, секој во рамките на своите надлежности ги дава своите изјави. Јас лично сметам дека институцијата, Советот на ЈО како самостоен државен орган којшто ја обезбедува и гарантира самостојноста на јавните обвинители во нивното работење, работи успешно и согласно закон,- изјави – Душица Димитриеска – Претседател на Совет на ЈО .

На денешната седница членовите на Советот на ЈО ја номинираше обвинителката од Организиран Енѓелуше Кадриу Леши за заменик член во УО на Академијата за судии и јавни обвинители. Но Димитриеска останува член на УП. Едногласен став на сите членови на Советот е дека неизвршна е одлуката на Антикорупциска со која поради судир на интереси бараше Судскиот и Советот на ЈО да ги повлечат своите членови,

-Беше анализирана одлуката на ДКСК и едногласно од сите членови на Советот беше заземен став дека одлуката е неподобна за извршување со оглед на тоа што во изреката на истата е наведено дека постапката за членувањето на членовите на Советот на ЈО во УП се запира, а запирањето е донесено врз основа на одредбата од Деловникот за работа на ДКСК, чл.40 ст.3 во кој се наведува дека постапката се запира во случај кога нема да биде утврдена повреда на законот,- изјави – Душица Димитриеска – Претседател на Совет на ЈО .

Советот на ЈО заклучи и дека државниот обвинител Љупчо Коцевски не извршил влијание врз суспендираниот шеф на ВЈО Скопје Мустафа Хајрулахи и обвинителот Јован Цветановски притисок во врска со преметот за бонусите на поранешното СЈО.

YouTube video

Алмеида нoв тренер на Севиља

Шпанскиот фудбалски прволигаш Севиља го назначи денеска поранешниот аргентински репрезентативец Матијас Алмеида (51) за нов тренер, потпишувајќи тригодишен договор.

Алмеида нoв тренер на Севиља

За време на неговата фудбалска кариера, Алмеида мина една сезона во Севиља, што беше негова прва европска станица по пристигнувањето од Ривер Плата, а подоцна играше во Италија за Лацио, Парма и Интер.

Алмеида го постигна најголемиот успех во својата тренерска кариера досега со грчкиот АЕК, со кој ја освои грчката титула и трофејот во Купот во својата прва сезона на клупата на клубот од Атина./МИА

Условни затворски казни за навивачите кои обесија кукла со ликот на Винисиус

Четворица навивачи на Атлетико Мадрид се осудени на вкупно 64 месеци условна затворска казна за злосторства од омраза против напаѓачот на Реал Мадрид и на бразилската репрезентација, Винисиус.

Условни затворски казни за навивачите кои обесија кукла со ликот на Винисиус

Инцидентот се случи во јануари 2023 година кога четворицата навивачи на Атлетико закачија црна кукла облечена во дресот на Винисиус на еден од градските мостови, со натпис „Мадрид го мрази Реал“ пред натпреварот меѓу Атлетико и Реал во Купот на Шпанија.

Првиот обвинет е осуден на вкупно 22 месеци, од кои 15 месеци за злосторства од омраза и дополнителни седум месеци за закани и споделување фотографии од стореното кривично дело преку интернет, додека преостанатите тројца се осудени на по седум месеци за злосторства од омраза и по седум месеци за закани.

Сите четворица осудени потпишаа писмо со извинување упатено до Винисиус, Реал, Ла Лига и Шпанската фудбалска федерација./MИА

Вирц в петок на медицински прегледи пред трансферот во Ливерпул

 Германскиот фудбалски репрезентативец Флоријан Вирц ќе допатува в петок во Англија на задолжителните медицински прегледи пред неговиот трансфер во Ливерпул, објави денеска „Скај Спортс“.

Вирц в петок на медицински прегледи пред трансферот во Ливерпул

Вирц ќе се пресели во редовите на новиот англиски првак од Баер Леверкузен, откако двата клуба се договорија за трансферна сума од 116,5 милиони фунти, од кои 100 милиони се загарантирани, а остатокот во форма на потенцијални бонуси.

Во зависност од неговите перформанси, годишната плата на Вирц ќе биде од 195.000 до 245.000 фунти неделно.

Трансферот на Вирц се случува на негово барање, одбивајќи да биде продаден на друг тим.

„Скај Спортс“ наведува дека Вирц совршено се вклопува во тактичката поставеност на Ливерпул и во англискиот тим гледа најдобар потенцијал за развој.

Минатата сезона, Вирц одигра 31 натпревари во Бундеслигата и заврши со десет голови и 13 асистенции. /МИА

притисни ентер