Претседателката на Словачка по атентатот врз Фицо: Ова е напад и врз демократијата (ВИДЕО)

Словачката претседателка Зузана Чапутова одржува вонредна медиумска конференција по атентатот на премиерот Роберт Фицо.

„Физичкиот напад врз премиерот е пред сѐ напад врз човек, но и врз демократијата“, рече претседателката на почетокот на својот говор.

Таа апелираше до сите да се со мислите за што поскоро опоравување на Роберт Фицо.

Таа претходно го осуди „бруталниот и безмилосен“ обид за атентат врз премиерот Роберт Фицо.

Да потсетиме, Фицо беше ранет попладнево пред Центарот за култура во градот Хандлова.

Напаѓачот веднаш бил совладан и уапсен.

Нови правила во Грција: Електричните автомобили можат на траект, но под еден услов

Сопствениците на електрични автомобили кои патуваат на траекти во Грција сега мора да ги почитуваат новите правила за полнење на батериите на нивните возила.

Со цел да се намали ризикот од пожар, Грција воведе регулатива со која се наложува батериите на електричните возила да не се наполнети повеќе од 40% кога се качуваат на фериботи.

Министерството за поморска и островска политика на Грција ја донесе оваа одлука како безбедносна мерка, пишува ХАК преглед. Правилото стапи на сила во средината на април и веќе го применуваат главните фериботи во земјата, пренесува ADAC.

Оваа мерка е воведена поради опасноста од пожар на литиум-јонските батерии, што може многу тешко да се контролира и изгасне. Фериботите, со голем број автомобили во непосредна близина, се особено ризични места за вакви инциденти. Дополнителен предизвик е гаснењето пожари на возилата додека се на море, што ја прави превенцијата уште поважна.

Грција се надева дека ова ново правило значително ќе го намали ризикот од пожари на траектите и со тоа ќе ја зголеми безбедноста на сите патници.

Во недела на Канал 5 ТВ во 23.00 часот на „На кавга со Иван“ со Ивона Талевска

На кавга со Иван е нов проект на Канал 5 ТВ и нашиот 5CASt на Youtube каналот, каде како водител и дебатер се појавува Иван Мирчевски.

Во недела во 23.00 часот ќе ја гледате емисијата со новинарката Ивона Талевска, каде Иван ќе ја прашува но и ќе констатира факти.

Не заборавајте да го гледате оригиналното шоу - на кавга со Иван…и да, навистина е кавга во Недела во 23.00 часот

Во израелски напад врз Рафа утринава загинале 12 цивили

Израелските сили рано утринава убиле најмалку дванаесет Палестинци во воздушен напад врз Рафа, град на самиот југ од Појасот Газа, објавија палестинските здравствени служби.

Израел ја продолжува офанзивата на Рафа, еден ден откако објави дека воспоставил контрола над тампон зоната во близина на градот, на границата со Египет, со што воспоставил контрола над целата граница на палестинската енклава.

Израел тврди дека ја запрел рутата што ја користеле исламистичките милитанти за шверц на оружје во Газа за време на речиси осуммесечната војна, во која е уништен голем дел од територијата.

Здравствени извори во Газа објавија дека дванаесетте Палестинци биле цивили, додека во втор напад биле повредени неутврден број други цивили, при обид да ги извлечат телата на жртвите во центарот на Рафа.

Уште еден палестински цивил е убиен во воздушен напад врз бегалскиот камп Ал Шати, западно од градот Газа, во северниот дел од енклавата.

Израел извести за судири низ целата енклава, но допрва треба да ги коментира извештаите за загинатите во Рафа, градот во кој се засолнија стотици илјади Палестинци, претходно избегани од другите делови на Појасот Газа.

притисни ентер