Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди
1Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди
Навивачи се затрчаа на теренот да ја прослават титулата, кога настана шок- голот во 96. минута ги остави без пехар (ВИДЕО)
2Навивачи се затрчаа на теренот да ја прослават титулата, кога настана шок- голот во 96. минута ги остави без пехар (ВИДЕО)
3Онколог предупреди на 5 производи кои го зголемуваат ризикот од рак, некои често се користат (ВИДЕО)
Веб ТВПретседателката на ЛДП, Моника Зајкова со петиција со која се бара воведување на електронска алкаFollow Kanal5 on... • FB: https://smarturl.it/fb5 • IG: https://smarturl.it/Ig5 • ТТ: https://tinyurl.com/59kck7ap • Web: https://kanal5.com.mk/ © & ℗ Kanal5 & IN Media. All Rights ReservedКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаПротестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемицидиРеволтирани граѓани денеска одржаа протестен марш во Скопје. Пред 17 годишната Билјана беа Росица, Рамајана, Јанка, Станче, Марија, Мира, Ивана и 6 годишната Катја - истите институции но и истите пропусти, барања и ветувања – само името е друго; алармираат граѓаните кои денеска оддржаа протестен марш за ескалирачките и грозоморни убиства на жени низ земјава. Жените се уште се борат за најосновното право – да бидат живи, велат присутните на протестот пред Собранието каде претставија четири клучни барања. „Билјана веќе имаше пријавено насилство и постоеше судска мерка за забрана за приближување. Но каква корист има од тоа, кога денес повеќе не е жива? // Прво, целосна и транспарентна истрага за убиството на Билјана и за постапувањето на секоја надлежна институција – за сите пропусти, бараме имиња, одговорност и санкции. Второ, итно поднесување и усвојување на Законските измени за заштита од насилство. Трето, вратете ги родот и родовата еднаквост во законите. Четврто, разрешете ги од јавни функции оние кои што повикуваат на контрола врз жените.“ Не се чуствуваме безбедно во земјава ниту пак имаме доверба дека надлежните институции ќе не заштитат, велат жените кои денеска маршираа на улиците. Македонија е на црното трето место во Европа по број на фемициди – 14 жени биле убиени за три години и овие трагедии не смеат да се третираат како љубовни драми или семејни несогласувања, туку како систем кој не успева да санкционира убиства на жени, потенцираат од протестот. Последниот извештај на Европската комисија за Македонија ги нотира фемицидот и високата застапеност на насилството врз жените како сериозен проблем за земјава и укажуваат дека освен недоволни и неефикасни мерки за заштита на жените, законодавната рамка не е целосно усогласена со Директивата на ЕУ за насилство врз жените и семејно насилство. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: СДС ја саботира институционалната постапка за Алта банкаСДС ја саботира институционалната постапка за Алта банка, граѓаните не сакаат лекции за финансиска одговорност од нив.СДС да престанат со манипулациите и ширење несигурност кај граѓаните за Алта банка. Не се точни тврдењата дека гувернерот посочил дека одлуката во врска со Алта банка ја донел премиерот. Наместо да ги спинуваат изјавите, треба да покажат одговорност и да престанат со свесен обид за создавање паника. А за финансиски текови и одговорност, нека се потсетат и на 110 милиони евра насочени до струмичките фирми врзани со Заеви. Надлежните информираа дека се работи на изнаоѓање решение за да не бидат граѓаните оштетени, a Венко со својот тим на хипокрити на ова реагираат со обиди за делегитмирање на институцијата и исполнуваат туѓи агенди, и додека беа на власт и сега како опозицијa. Со ова, се обидуваат да префрлат одговорност за исходот од случајот со Алта банка, иако одлуките и надлежностите се разгледуваат според законска институционална поставеност. Оттука, го повикуваме ЈО да ги испита наводите и евентуалното постоење елементи на кривично дело саботажа од член 315 од Кривичниот законик, се наведува во партиската реакција.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Други спортовиНевиден хаос во рингот- масовна тепачка по завршувањето на мечот во Турција (ВИДЕО)Боксерски натпревар во Турција помеѓу Умут Чамкиран и Мурад Алиев се претвори во тотален хаос откако заврши, бидејќи во рингот избувна масовна тепачка, и тоа додека телевизиските камери беа вклучени.Во рингот се појавија огромен број луѓе, и многу брзо сè стана хаотично, а беа упатени и првите удари, по што ситуацијата целосно ескалираше во масовна тепачка. Снимките ги прикажуваат и боксерите како учествуваат во хаосот. Тензиите се зголемија масовно, додека во рингот имаше над 50 луѓе. Тие се фрлаа од јаже на јаже, и не е познато дали има повредени. Обезбедувањето на крајот се стрча во рингот за да ги раздели сите присутни, иако им требаше долго време да воспостават контрола, со оглед на бројот на луѓето. View this post on Instagram A post shared by Tanju Karadağ Kick Boks (@tanjukaradag.official) Тагови: масовна тепачка рингот Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook