Осуммина уапсени за злоупотреби со операции на очи: Оштетени над 3.000 пациенти, буџетот на ФЗО за 1,7 милиони евра
1Осуммина уапсени за злоупотреби со операции на очи: Оштетени над 3.000 пациенти, буџетот на ФЗО за 1,7 милиони евра
МакедонијаПретседателката на ЛДП, Моника Зајкова, избрана за потпретседателка на Парламентарното собрание на ОБСЕЛиберално-демократската партија (ЛДП) со гордост ја информира јавноста за историскиот меѓународен успех. Претседателката на ЛДП и пратеничка во македонското Собрание, Моника Зајкова, е избрана за потпретседателка на Парламентарното собрание (ПС) на ОБСЕ. На 33-тата годишна сесија на ПС на ОБСЕ во Хаг, Холандија, кандидатурата на Зајкова доби силна поддршка од парламентарните делегации на 57 земји од Европа, Северна Америка и Централна Азија. Овој успех има специфична тежина бидејќи е извојуван преку директна конкуренција и тајно гласање меѓу повеќе кандидати, без автоматизам или однапред утврдени квоти, оставајќи ги зад себе претставниците на Полска, Франција и Словенија. Победата во ваква силна конкуренција е крунски доказ за меѓународниот углед и високиот рејтинг што Зајкова го ужива меѓу светските парламентарци. Овој триумф покажа дека кога македонската парламентарна делегација настапува со единство и сплотеност надвор од границите, Македонија може да понуди квалитет и да застане рамо до рамо со најмоќните европски и светски демократии. „Потпретседателството на ПС на ОБСЕ е огромно меѓународно признание, но не само за мене лично или за ЛДП, туку за сите мои сограѓани во Македонија. Ова е успех за секој наш човек, не само од мојата изборна единица и не само за оние кои ме гласале на изборите дома. Со оваа голема победа во Хаг докажуваме дека можеме рамноправно да се носиме на отворени избори со претставниците на највисоките и најмоќните демократии во светот. Мораме конечно да почнеме цврсто да веруваме во себе, во нашиот капацитет и во она што ние од Македонија ѝ го нудиме на Европа и на светот – денес, но и во иднината! Благодарна сум за покажаното единство на македонската делегација и за големата доверба од колегите од 57-те земји членки на ОБСЕ, со кои заедно ќе продолжиме интензивно да работиме на воспоставување механизми за поголем степен на демократско учество и брзо решавање на евентуалните конфликти“, вели Зајкова во својата изјава по изборот. Потпретседателите на ПС на ОБСЕ се избираат со мандат од три години и го сочинуваат највисокото раководство на организацијата која обединува над 300 пратеници, со што земјава добива директен глас во креирањето на глобалните безбедносни политики. ЛДП преку овој историски изборен пробив ја потврдува својата лидерска улога во спроведувањето на ефикасна парламентарна дипломатија која носи реален престиж, достоинство и видливи резултати за македонската држава на светската политичка сцена. Либерално-демократска партијаТагови: Моника Зајкова Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОсуммина уапсени за злоупотреби со операции на очи: Оштетени над 3.000 пациенти, буџетот на ФЗО за 1,7 милиони евра18:06МВР со кривична пријава против 11 лица и една приватна здравствена установа, уапсени се осум лица15:55Вработени во ФЗОМ и во приватна болница под истрага за финансиски злоупотреби, во истрагата е опфатен и екс директорот на ФЗОМ, Ден Дончев 15:24Вработени во ФЗОМ и во приватна болница под истрага за финансиски злоупотреби15:00Канал 5 дознава: Нова акција на одделот за организиран криминал при БЈБ, на удар приватна болница и вработени во Фондот за здравство и Ден Дончев09:11
Осуммина уапсени за злоупотреби со операции на очи: Оштетени над 3.000 пациенти, буџетот на ФЗО за 1,7 милиони евра18:06
МВР со кривична пријава против 11 лица и една приватна здравствена установа, уапсени се осум лица15:55
Вработени во ФЗОМ и во приватна болница под истрага за финансиски злоупотреби, во истрагата е опфатен и екс директорот на ФЗОМ, Ден Дончев 15:24
Канал 5 дознава: Нова акција на одделот за организиран криминал при БЈБ, на удар приватна болница и вработени во Фондот за здравство и Ден Дончев09:11
МакедонијаОсуммина уапсени за злоупотреби со операции на очи: Оштетени над 3.000 пациенти, буџетот на ФЗО за 1,7 милиони евраЗа операции на очи, приватна болница наплаќале двојно, и од пациентите и од Фондот.. Прво склучиле незаконски договор, а потоа наплаќале за операции на очи и од Фондот и од џебот на пациентите, фалсификувале медицински податоци, изготвувале фиктивни фактури и прикривале утврдени неправилности – ова се само дел од злоупотребите на шемата помеѓу раководни лица во ФЗО и приватна очна болница, за кои МВР до ОЈО ГОКК поднесе 11 кривични пријави и уапси осум лица. Тројца осомничени, меѓу кои двајца се екс-директорот на ФЗО, а едниот од нив е Ден Дончев, во чие директорување е потпишан спорниот договорот во 2020 година, се сомничат за злоупотреба на службената положба. Претседателот на УО на фондот се сомничи за неправилности при одобрувањето на договорот, преку кој болницата се незаконски се стекнала со 4,5 милиони евра, а буџетот бил оштетен за 1,7 милиони. Од 2022 до 2025, периодот кој ги офаќа малверзациите, според пријавата биле оштетени од 3000 до 4000 пациенти. „Врз основа на договорот, преку внесување невистинити податоци во електронскиот систем на ФЗО и изготвување фактури со невистинита содржина, здравствената установа наводно наплаќала исти услуги и од фондот и од пациентите. На пациентите покрај законската партиципација им била наплаќана и приватна цена за операциите, при што им било прикриено дека услугите се наплаќаат и од фондот.“ Сомнежите се однесуваат и на прикривање на неправилностите.. Екс-директорот на секторот за контрола, според пријавата, ги одложувал контролите, не доставувал и не доставувал извештаи, а раководителките на подрачна служба на фондот не ја следеле наплатата на казните. Еден од осомничените пак се товари и за фалсификување и уништување на деловни книги. Приватната очна клиника, која е отворена во 2011 година, се сомничи за перење пари и други приноси од кривично дело, а две нејзини директорки се товарат дека сториле измама во службата и ја злоупотребиле службената положба и овластувања. Ваквите, сериски прекршувања на законот биле аларм за актуелниот министер за здравство и поранешен директор на фондот Клековски да се обрати до надлежните инсититуции и, како што кажа, да ја иницира истрагата. „Јас бев иницијатор на истрагата бидејќи станува збор за здравствена установа која имаше повторувачки прекршоци со години – значи не е еднаш, двапати, трипати, туку постојано повторување на слични прекршоци за кои не било соодветно казнувана. Јас предложив на Комисијата за прекршоци и таа прифати да се раскине договорот со таа здравствена установа за да се прекине ланецот на неказнивост. Истовремено побарав да се покрене истрага. Според моите информации станува збор за три лица од Фондот и две од здравствената устанува во моментов.“ Канал 5 се обиде да стапи во контакт со Дончев, кој во 2020 даде оставка од „приватни семејни причини“ , но тој не одговори на нашите повици. Засега е непознато дали е помеѓу уапсените, бидејќи често престојува во Австралија. За време на полициската акција биле извршени претреси на повеќе локации во Скопје, Тетово и во Куманово, а при истите биле запленети 50.000 евра и мобилни телефони. Во моментов, за осуммината лишени од слобода, се очекува какви мерки ќе бидат побарани од ОЈО ГОКК до судот. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Шоу бизСаша Барон Коен им се извини на Казахстанците поради улогата на Борат (ВИДЕО)Британскиот актер и комичар Саша Барон Коен му се извини на казахстанскиот народ за улогата на Борат во истоимениот филм и рече дека ја почитува казахстанската култура.Говорејќи во подкастот „Среќен, тажен, збунет“, актерот откри дека националноста на Борат била менувана неколку пати во текот на развојот на ликот, а првичниот план бил тој да биде Албанец. Според него, на крајот бил избран Казахстан, бидејќи поголемиот дел од западната публика не била запознаена со таа земја, пренесе РИА Новости. "За прв пат во мојот живот сакам да им се извинам на луѓето во Казахстан, бидејќи Борат нема никаква врска со Казахстан. Не сакав да ве навредам. Го почитувам вашиот народ и вашата култура. Ве молам, не го сфаќајте ова лично", рекол актерот. Тој додаде дека не знае како звучи казахстански акцент и дека често му кажувале дека Борат не звучи како Казахстан. Тој рече дека неговиот лик бил критикуван и поради неговите мустаќи, кои не се карактеристични за мажите кои живеат во Казахстан. Филмот „Борат: Културни учења на Америка во корист на славната нација на Казахстан“ беше објавен во 2006 година. Во контроверзниот филм, Коен игра казахстански новинар кој патува во Соединетите Американски Држави (САД) за да снима документарен филм. Филмот беше забранет во кината во неколку земји, вклучително и Русија. Филмот беше номиниран за Оскар во категоријата најдобро адаптирано сценарио, а Коен доби Златен глобус за улогата на Борат.Тагови: Саша Барон Коен Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОсуммина уапсени за злоупотреби со операции на очи: Оштетени над 3.000 пациенти, буџетот на ФЗО за 1,7 милиони евра18:06МВР со кривична пријава против 11 лица и една приватна здравствена установа, уапсени се осум лица15:55Вработени во ФЗОМ и во приватна болница под истрага за финансиски злоупотреби, во истрагата е опфатен и екс директорот на ФЗОМ, Ден Дончев 15:24Вработени во ФЗОМ и во приватна болница под истрага за финансиски злоупотреби15:00Канал 5 дознава: Нова акција на одделот за организиран криминал при БЈБ, на удар приватна болница и вработени во Фондот за здравство и Ден Дончев09:11
Осуммина уапсени за злоупотреби со операции на очи: Оштетени над 3.000 пациенти, буџетот на ФЗО за 1,7 милиони евра18:06
МВР со кривична пријава против 11 лица и една приватна здравствена установа, уапсени се осум лица15:55
Вработени во ФЗОМ и во приватна болница под истрага за финансиски злоупотреби, во истрагата е опфатен и екс директорот на ФЗОМ, Ден Дончев 15:24
Канал 5 дознава: Нова акција на одделот за организиран криминал при БЈБ, на удар приватна болница и вработени во Фондот за здравство и Ден Дончев09:11
ЕвропаЕУ подготви посебен статус за Канада- Германија го блокира планот Германија го блокираше планот за доделување статус на придружна членка на Канада во Европската Унија.Наместо тоа, се очекува на северноамериканската земја да ѝ бидат ветени „уште поблиски врски“ со блокот на самитот подоцна оваа недела, според нацрт-изјавата што ја видел „Телеграф“. Урсула фон дер Лајен, претседателката на Европската комисија, првично ја изнесе идејата за „придружно членство“ за Канада за време на нејзиното годишно обраќање за состојбата на Унијата. Понудата на највисокиот функционер на ЕУ беше исполнета со малку детали, оставајќи ги земјите-членки збунети околу тоа што всушност би подразбирал таков статус. Во серија состаноци зад затворени врати, претставниците на 27-те земји-членки на ЕУ почнаа да го разработуваат предлогот на фон дер Лајен пред планираното соопштение на состаноците во Монтреал во четврток и петок. Во претходната верзија на изјавата се вели дека ЕУ и Канада ќе работат заедно за да го дефинираат концептот на „придружено членство“ пред следниот самит на двете страни во 2027 година. Сепак, најновата верзија на изјавата не оди толку далеку, наведувајќи: „Ќе работиме на дефинирање на концепт за сè поблиска асоцијација на Канада со ЕУ, под нивото на полноправно членство, до самитот ЕУ-Канада во 2027 година“, се вели во изјавата. 🛬 Touchdown in Montréal 🇨🇦 Rarely have I looked forward to a Summit this much. An ocean separates Europe and Canada. Yet we have never felt closer. We have a new ambition: bringing Canada closer to us than ever before, as Associate Member of the EU. And we want to take our unique partnership even further. With an Alliance for the Future, we will stand together and respond to a world of growing rivalries. Montréal, we’re about to write a new chapter in our shared history. — Ursula von der Leyen (@vonderleyen) October 28, 2026 За Германија, тоа беше лично Се вели дека Германија била главната движечка сила зад промената на предлогот, бидејќи нејзината слична иницијатива за Украина претходно беше отфрлена од земјите-членки. „Фридрих Мерц предложи придружно членство за Украина, но идејата веднаш пропадна. Мислам дека тоа беше лично за нив“, изјави еден дипломат од ЕУ за „Телеграф“. Франција, Грција и Италија, исто така, изразија резерви во врска со проширувањето на таквата понуда на Канада. Сепак, иако формулацијата е омекната, амбициите за партнерството ЕУ-Отава не се намалени. Соработката ќе ги опфати одбраната, безбедноста, критичните суровини, енергијата и финансиските услуги, со цел да се создаде она што ЕУ го опишува како „област на споделен просперитет и економска безбедност“. Многу европски лидери позитивно го оценија Марк Карни, канадскиот премиер, откако тој одржа говор на самитот во Давос во кој ги повика светските „средни сили“ да се обединат и да се заштитат од непредвидливи моќници како што се Доналд Трамп, Владимир Путин и Си Џинпинг. Европските претставници кои работат на обнова на односите со Велика Британија веруваат дека голем дел од изјавата за Канада би можела да се искористи и за самитот Лондон-Брисел кон крајот на ноември. Претставниците на Европската комисија, која ги води преговорите за Брегзит во име на ЕУ, сега веруваат дека секоја дарежлива, но нејасна понуда до Канада би можела да послужи како „стратешка предност“ за извлекување отстапки од Велика Британија. Сè повеќе се верува дека навестувањата на британскиот премиер Енди Бернам за можно враќање во ЕУ се резултат на загриженоста на британските власти дека Канада би можела да добие економски поволни услови што нема да му бидат понудени на Обединетото Кралство.Тагови: ЕУ канада Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОсуммина уапсени за злоупотреби со операции на очи: Оштетени над 3.000 пациенти, буџетот на ФЗО за 1,7 милиони евра18:06МВР со кривична пријава против 11 лица и една приватна здравствена установа, уапсени се осум лица15:55Вработени во ФЗОМ и во приватна болница под истрага за финансиски злоупотреби, во истрагата е опфатен и екс директорот на ФЗОМ, Ден Дончев 15:24Вработени во ФЗОМ и во приватна болница под истрага за финансиски злоупотреби15:00Канал 5 дознава: Нова акција на одделот за организиран криминал при БЈБ, на удар приватна болница и вработени во Фондот за здравство и Ден Дончев09:11
Осуммина уапсени за злоупотреби со операции на очи: Оштетени над 3.000 пациенти, буџетот на ФЗО за 1,7 милиони евра18:06
МВР со кривична пријава против 11 лица и една приватна здравствена установа, уапсени се осум лица15:55
Вработени во ФЗОМ и во приватна болница под истрага за финансиски злоупотреби, во истрагата е опфатен и екс директорот на ФЗОМ, Ден Дончев 15:24
Канал 5 дознава: Нова акција на одделот за организиран криминал при БЈБ, на удар приватна болница и вработени во Фондот за здравство и Ден Дончев09:11