Италијанската полиција запленила речиси 800 килограми кокаин- на пакетите е знамето на Србија (ВИДЕО)
На американски политичар му ја вандализирале куќата, по што ја сменил одлуката и гласал САД да не му дадат помош на Израел
1Италијанската полиција запленила речиси 800 килограми кокаин- на пакетите е знамето на Србија (ВИДЕО)
2На американски политичар му ја вандализирале куќата, по што ја сменил одлуката и гласал САД да не му дадат помош на Израел
МакедонијаПретседателката на ДКСК обвинета за одавање службена тајна во случајот „Адитив“Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поднесе обвинителен предлог против претседателката на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), Татјана Димитровска.Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поднесе обвинителен предлог против претседателката на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), Татјана Димитровска, која се сомничи дека во периодот од мај до декември 2024 година, на неповикано лице обвинето во предметот „Адитив“ му сторила достапни податоци кои се сметаат за службена тајна. Воедно, на Димитровска ѝ се става на товар и дека незаконски го добила сертификатот за класифицирани информации. -Како службено лице – претседател на ДКСК, од мај до декември 2024 година на неповикано лице обвинето во предметот „Адитив“ на друг начин му сторила достапни податоци кои согласно чл. 25 и чл. 50 од Законот за спречување на корупција и судир на интереси, како и чл. 289 од ЗКП претставуваат службена тајна. Таа преку својот службен телефон и апликациите Viber и WhatsApp му давала податоци на обвинетиот за поведени постапки, за отворање на предмети против сега обвинетите правни и физички лица во предметот „Адитив“, службени белешки за отворање на предмет и распределба на член на ДКСК, одлуки по истите, како и податоци за проверка на имот на обвинетиот и на неговото семејство. Со своите дејствија таа открила податоци што согласно закон се сметаат за службена тајна и чие откривање може да има штетни последици како за службата, така и за постапките што се водат пред ОЈОГОКК, стои во соопштението од Обвинителство. На Димитровска ѝ се става на товар и дека незаконски го добила сертификатот за класифицирани информации, откако преку службениот телефон му испратила пристапни податоци на ревизор во Државниот завод за ревизија, кој во нејзино име го положил тестот за безбедносна обука. -На истата обвинета ѝ се става на товар и дека со цел да добие Сертификат за положен испит, во август 2024 година од службениот телефон преку апликацијата Viber на третообвинетиот – ревизор во ДЗР, му испратила компјутерски податоци – логови за пристап на електронски систем за обука на Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации. Третообвинетиот од службениот електронски уред на Државниот завод за ревизија пристапил од нејзината електронска адреса и во име и за нејзина сметка го положил тестот за класифицирани информации. Сертификатот за успешно завршување на курсот за класифицирани информации издаден од страна на Дирекција за безбедност на класифицирани информации второобвинетата го употребила како вистински компјутерски податок и врз основа на него ѝ бил издаден безбедносен сертификат за пристап до национални класифицирани информации со степен Државна тајна, појаснуваат од ОЈО. Во обвинителен акт поднесен до Основен Кривичен суд, веќе обвинето во предметот „Адитив“, сега се товари и за кривични дела Злосторничко здружување, за помагање при Злоупотреба на постапка за јавен повик, доделување на договор за јавна набавка или јавно приватно партнерство и кривично дело Перење пари и други приноси од казниво дело. -Обвинетиот, како член на група, вработен во едно од обвинетите правни лица, од месец јули 2022 до октомври 2024, со умисла извршил две или повеќе временски поврзани дејствија и искористувајќи ист траен однос и исти прилики и околности, на управителките на обвинети правни лица во предметот „Адитив“ им ставил на располагање средства и ги отстранил пречките за кривичното дело. На овој начин им помогнал свесно да ги повредат прописите и да ги изиграат постапките за доделување на договорите за јавни набавки. Во периодот од месец август 2023 до ноември 2024 година, обвинетиот на сопствената денарска сметка уплатил парични средства во вкупен износ од 408.300 денари, а од правното лице во коешто бил вработен во 84 наврати примил парични средства на име трошоци за службени патувања во вкупен износ од 1.963.800 денари. Иако знаел дека средствата правното лице ги прибавило со сторување на кривичното дело Злоупотреба на постапка за јавен повик, доделување на договор за јавна набавка или јавно приватно партнерство, со цел да го прикрие понатамошниот нивен тек, ги пуштил во оптек и ги подигнувал во готово, со што ги исполнил битијата на кривичните дела кои сега дополнително му се ставаат на товар, велат оттаму. Покрај Димитровска, обвинителството поднесе обвинителен предлог и против уште две лица. Меѓу нив е и раководителка на сектор во Подружница ТЕЦ Неготино АД ЕСМ Скопје, која во септември 2024 година, исто така, на неповикано лице му доставила податоци што се сметаат за службена тајна. -Во обвинителниот предлог првообвинетата е службено лице – Раководител на сектор во Подружница ТЕЦ Неготино АД ЕСМ Скопје која од јули до ноември 2024 година, на неповикано лице обвинето во предметот „Адитив“, на друг начин му сторила достапни податоци што претставуваат службена тајна и се однесуваат на севкупното работење на правното лице. Дополнително, откако од Одделот за криминалистичка полиција кој постапувал по наредба на ОЈОГОКК, било доставено Барање за доставување на документацијата што се однесува на спроведена постапка за набавка на мазут за периодот од 2021-2023 година, таа преку апликација WhatsApp на телефонски број на обвинетиот му испратила фотографија од Известувањето иако сите податоци, документи, известувања и извештаи согласно закон се сметаат за службена тајна и нивно откривање може да има штетни последици за започнатата постапка. Истражната постапка беше отворена кон крајот на месец април како резултат на екстрахираните електронски докази во рамките на предметот „Адитив“ кој е веќе започнат и се суди во дигиталната судница во Идризово.Тагови: ДКСК Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ФудбалЈамал и Халанд испишаа историја по СП- вредат над 200 милиони евраПо завршувањето на Светското првенство во 2026 година, Ламин Јамал и Ерлинг Халанд се на врвот на листата на највредни фудбалери во светот. Пазарот се прилагодува на новите проценки по турнирот каде што пласманот се менуваше од недела во недела. Шпанскиот напаѓач ја освои титулата во лигата, а неговата проценета вредност сега е 220 милиони евра. Норвежанецот достигна идентична сума, со што двајцата се позиционираа како најскапи играчи на денешницата. Јамал и Халанд се првите фудбалери во историјата чија проценета вредност надмина 200 милиони евра. Цената на двајцата се зголеми за 20 милиони по Светското првенство, што го потврдува континуираниот раст на пазарот. Вредноста од 200 милиони евра ја достигна и Килијан Мбапе, чија цена исто така се зголеми благодарение на неговите одлични настапи на Светското првенство. Напаѓачот на Реал Мадрид постигна десет гола за француската репрезентација. Зголемувањето на вредноста е илустрирано и со трансферот на Морган Роџерс во Челзи, чија вкупна цена достигна 137 милиони евра. Ова се суми што моментално можат да си ги дозволат речиси исклучиво англиската Премиер лига. Олисе и Белингам во првите 5 Најголем пораст на вредноста забележа Мајкл Олисе. Крилниот напаѓач на Баерн Минхен постави нов рекорд по бројот на асистенции на едно Светско првенство, со што неговата проценета вредност се искачи на 170 милиони евра. Зголемувањето од 20 милиони го позиционира како четврти најскап играч во светот. Листата на петте највредни ја заклучува Џуд Белингам. Вредноста на лидерот на англиската репрезентација и еден од клучните играчи за врска на новата генерација се зголеми на 160 милиони евра. Елиот Андерсон, кој сега е проценет на 120 милиони евра, и Хулијан Алварез со 110 милиони, исто така, забележаа зголемување на вредноста. Винисиус е на седмото место, позиција зад Педри, со десет милиони евра помалку вредност. Петте највредни играчи според Трансфермаркт: Ламине Јамал (220 милиони евра) Ерлинг Халанд (220 милиони евра) Килијан Мбапе (200 милиони евра) Мајкл Олисе (170 милиони евра) Џуд Белингем (160 милиони евра)Тагови: Ламин Јамал Халанд Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Црна хроникаИталијанската полиција запленила речиси 800 килограми кокаин- на пакетите е знамето на Србија (ВИДЕО)Италијанските власти запленија повеќе од 770 килограми кокаин во пристаништето Вадо Лигуре во северозападна Италија.Дрогата била скриена меѓу палети со банани во ладилник што пристигнал од Еквадор. Акцијата ја спроведоа членови на Guardia di Finanza од Савона, заедно со колегите од Економската и финансиска полиција во Џенова и службеници од италијанската царинска агенција. Ова е една од најголемите заплени на дрога во тоа пристаниште во последните години. Кокаинот бил скриен меѓу банани Според италијанската финансиска полиција, во контејнерот биле пронајдени околу 650 пакети што содржеле повеќе од 770 килограми кокаин. Прелиминарните тестови покажале дека станува збор за кокаин со висока чистота. Дрогата била вешто скриена меѓу десетици палети со банани во контејнер што пристигнал од едно од главните пристаништа на Еквадор. Италијанскиот министер за внатрешни работи Матео Пјантедози објави дека се запленети речиси 800 килограми кокаин и им се заблагодари на полицијата за операцијата. Вредноста е околу 250 милиони евра Се проценува дека, доколку дрогата завршела на улица, таа би им донела на криминалните групи околу 250 милиони евра. Италијанските власти велат дека операцијата е дел од зголемените контроли на трговските патишта меѓу Јужна Америка и пристаништето Вадо Лигуре, кое е сè поважен европски трговски центар, но и можна цел за меѓународни шверцери на дрога. Според италијанските медиуми, ова е уште една голема заплена во истото пристаниште за краток временски период. За помалку од еден месец, таму е запленет повеќе од еден тон кокаин. На пакетите имало знаме на Србија Пакетите биле обележани со знамето на Србија, но италијанските власти не објавија дали ова значи поврзаност со криминални групи од Србија. Ниту пак беше објавено дека во акцијата се уапсени српски државјани. Истрагата за потеклото на дрогата и луѓето што стојат зад пратката продолжува.Тагови: кокаин Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗабаваСекс симболот Памела Андерсон се пофали со својата градина во Канада (ВИДЕО)Нејзиното име со децении е синоним за холивудски гламур, насловни страници на списанија и сцени во црвен костим за капење на плажите во Малибу. Денес, Памела Андерсон живее во многу помирна реалност. Познатата актерка го замени гламурот на Лос Анџелес со природата на Канада и најде дом на семејниот имот Аркади на островот Ванкувер. Поглед во нејзината зелена оаза Памела Андерсон неодамна сподели редок, интимен поглед во својата градина со милиони следбеници на социјалните мрежи. Со едноставниот опис „Добро утро од градината“, таа ги одведе гледачите низ бујна зелена оаза што покажува дека нејзиното враќање кон природата не е минлив тренд, туку вистински начин на живот. Лавината од позитивни коментари под објавата потврдува дека публиката го цени таков начин на живот. @sonsieskin good morning from our garden fairy 🧚🏼♂️ #pamelaanderson #garden #cleanskincare ♬ original sound - sonsie Враќање кон семејното наследство Во 2020 година, актерката се врати на имотот на нејзините баба и дедо за целосно да го реставрира. Местото, кое го носи името Аркади како знак на тивко, рустично повлекување, е распослано на седум хектари покрај брегот на океанот. Нејзиниот дом е опкружен со стари дождовни шуми и дива природа, а градината е комбинација од романтична естетика и практичност. „Сè започна кога сфатив дека едноставно можам да јадам капини од грмушка или да наберам јаболко од дрво во градината. Тоа беше еден од тие моменти на просветлување, сфаќањето дека храната доаѓа од земјата. Тогаш сфатив дека можам да имам своја градина. Некаде на почетокот на пандемијата, замислував дека ќе имам неверојатна градина, почнав да учам многу за неа и си помислив: „Ова е животот што го сакам“, објасни ѕвездата на „Спасувачка служба“. Градината како одраз на филозофијата на животот Оваа „дива, мистична и романтична“ естетика, како што самата ја опиша, се вклопува во нејзината нова животна филозофија. За неа, работата со растенија стана начин за негување на внатрешна рамнотежа. „Кога ќе ги извалкате рацете, кога сте боси во градината - тоа ве поврзува повторно со тоа што сте. Се пронајдов себеси повторно“, вели Памела. View this post on Instagram A post shared by Pamela Anderson (@pamelaanderson) Нејзината градина не е беспрекорно уреден тревник, туку шарен екосистем во кој може да се почувствува љубовта кон земјата. Во градинарството, таа не се придржува до строго пропишани правила, туку им додава доза на сопствена опуштеност. Од рози до домашен зеленчук Трансформацијата од секс симбол на деведесеттите години во жена која оди боса до океанот, не носи шминка и јаде она што самата го одгледува привлече големо внимание. Посебно место во нејзината градина им припаѓа на прекрасните рози од сортата Ив Пијаже, како и калинките, кои ги бере за да направи домашни масла за лице. View this post on Instagram A post shared by Pamela Anderson (@pamelaanderson) Покрај козметиката, градината ѝ носи и кулинарско задоволство. Памела одгледува стари сорти домати, кои ги смета за совршена храна. „Сè што расте во оваа градина е инспирација за мојот живот“, вели актерката.Тагови: Памела Андерсон Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter