1СДСМ: Мицкоски јавно призна кривично дело - повеќе од две години водата во Гостивар не била за пиење
3Итно соопштение од УЕФА – остро удрија по Џани Инфантино: „Доста е со сомнителни зделки и задкулисни игри“
БалканПретседателката на албанскиот Парламент, Линдита Никола, поднесе оставка од функцијата Претседателката на албанскиот Парламент, Линдита Никола, доцна синоќа поднесе оставка од функцијата.Таа самата ја соопшти веста додека зборуваше во Собранието, откривајќи дека причината за оваа оставка е поврзана со нејзината здравствена состојба. - Почитувани колеги од парламентарното мнозинство и почитувани колеги од парламентарната опозиција. Овде денеска завршува мојот 3-годишен ангажман на чело на Собранието. Поради мојата здравствена состојба, не можам да ја извршувам високата должност на вториот државен функционер на државата, со потребната посветеност што ја повлекува оваа должност, рече Никола од собраниската говорница. Секојдневно, додаде, се трудев да дадам се од себе за да се обезбеди непречено одвивање на работата во оваа сала. - Ако некому сум оставила поинаков впечаток, го уверувам дека тоа не ми била намерата. Ако сум згрешила, не сакајќи, се извинувам. Кон сите го имам убавото чувство на почит што сите ми ја упатувате. Ви благодарам на сите, посочи таа. Линдита Никола(59) е позната универзитетска професорка. Пред да биде избрана за парламентарец таа беше министерка за образование.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСДСМ: Мицкоски јавно призна кривично дело - повеќе од две години водата во Гостивар не била за пиењеХристијан Мицкоски вчера јавно изјави: „Верувам дека за првпат по многу години граѓаните ќе користат вода која е целосно бактериолошки исправна.“Со оваа реченица премиерот јавно призна: Повеќе од две години, додека ВМРО-ОКГ има апсолутна власт, водата во Гостивар не била бактериолошки исправна. Две години знаеле. Две години молчеле. Две години граѓаните пиеле загадена вода. А водата сѐ уште не е целосно исправна. По хиперхлорирањето се појавила нова бактерија, изјави Христијан Мицкоски. Министерот Клековски ветуваше дека до крајот на неделата ќе биде безбедна. Сѐ уште чекаме официјална потврда. Сѐ уште не се доставени ни документите за тоа кој потпишал дека водата е технички исправна за капење, додека граѓаните ја користат. Гостивар не е изолиран случај. Проблеми со неисправна вода има во десетици места низ Македонија. Дали знаел и за другите места во Македонија? Овој тендер-патриот, Мицкоски, оди на екскурзија во Белгија, иако им порача на граѓаните на Македонија, поради изолацијата во која ја доведе државата, да летуваат во Македонија - на планините и езерата. Оди на екскурзија додека половина Македонија се соочува со проблеми со неисправна вода за пиење. Во Гостивар има епидемија на жолтица. За загадувањето на Лепенец и Вардар - нема утврдена одговорност, како што нема утврдена одговорност ниту за многу други случаи што ја потресоа Македонија. Мицкоски сакаше да се претстави како спасител. Наместо тоа - јавно призна кривично дело. Скопје, 02.08.2026 СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ФудбалСалах пред трансфер во Трабзонспор Трабзонспор е блиску до тоа да го „украде“ досегашниот ас на Ливерпул, Мохамед Салах од Бешикташ. Клубот влезе во напредна фаза на преговори со агентот на играчот и сега е многу блиску до постигнување целосен договор со самиот Салах. Како резултат на тоа, Бешикташ официјално ги прекина преговорите на неодредено време, иако претходно имаше постигнато устен договор со претставниците на фудбалерот. Договорот предвидуваше едногодишна соработка со опција за продолжување за уште една сезона, годишна нето-плата од 10 милиони евра и дополнителни 2 милиони евра преку бонуси, според турскиот новинар Јагиз Сабунџуоглу, чии информации ги пренесе неговиот колега Санти Ауна. Тагови: Мохамед Салах Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветВидео: Во Перу падна туристички авион,13 загинатиТринаесет лица загинаа денес при падот на мал туристички авион над археолошкиот локалитет „Наска линии“ во јужниот дел на Перу, соопштија локалните власти.Перуанскиот државен информативен канал „ТВ Перу“ соопшти дека во авионот имало 11 патници и двајца пилоти, пренесе Ројтерс. Локалните власти изјавија дека авионот се урнал во областа Пуебло Виехо, на околу шест километри од градот Наска и приближно 12 километри од локалитетот со Линиите од Наска. Малиот авион ѝ припаѓал на локалната перуанска авиокомпанија „Аеродијана“ (Aerodiana). Авионот полетал од аеродромот во Писко за да прелета над линиите Наска, но неколку минути подоцна ја изгубил врската со контролната кула, објавија локалните медиуми. A small tourist plane crashed on Saturday while conducting a sightseeing flight over Peru’s famous Nazca Lines, killing all 13 people on board. Authorities said the aircraft was carrying 11 passengers and two pilots when it went down near the UNESCO World Heritage site in… pic.twitter.com/6yFqmtUDxs — Mighty News (@Mighty__News) August 1, 2026 Причините за падот на авионот сè уште се непознати, а локалните власти најавија покренувањеКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМакедонија го одбележува 2 Август – Илинден, Денот на Републиката09:21Гостиварци сè уште чекаат питка вода: Мицкоски најавува резултати од хиперхлорирањето15:00МЗ: Состојбата со епидемијата во Гостивар е стабилна - нема нови потврдени случаи на западнонилска треска12:35На Богородица и Табановце времето на чекање е околу 30 минути до 1 час10:24Водата во Гостивар се уште не е безбедна за пиење и готвење – бројот на пациенти се намалува 15:00
МЗ: Состојбата со епидемијата во Гостивар е стабилна - нема нови потврдени случаи на западнонилска треска12:35