Претседателите на Уставниот суд, на Врховниот суд и на Судскиот совет во посета на Грција - Канал 5

Претседателите на Уставниот суд, на Врховниот суд и на Судскиот совет во посета на Грција

Претседателот на Уставниот суд Дарко Костадиновски, престојува во дводневна работна посета на Атина, со цел средби со претставници на највисоките судски институции во Република Грција.

Претседателите на Уставниот суд, на Врховниот суд и на Судскиот совет во посета на Грција

Костадиновски е во придружба на претседателот на Судскиот совет, Александар Камбовски и претседателот на Врховниот суд, Африм Фидани. Според агендата, ќе остварат средби со претседателите и претставници на Врховниот суд , Државниот совет и Ревизорскиот суд на Република Грција, соопшти Уставниот суд.

Посетата е во насока на продолжување на дијалогот, унапредување на меѓуинституционалната соработка и размена на искуства и информации од областа на владеењето на правото, со крајна цел зајакнување на правната сигурност.

Посетата се реализира во периодот од 1-3 април на покана на Сотирос Георгијадис, судија во Апелациониот суд во Атина, и времено упатен во Специјалната правна служба при Министерството за правда на Република Грција.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Манасиевски: Децата на Филипче се децата на предавникот Заев, талогот од СДС исплива на површина

Децата на Филипче се децата на предавникот Заев, талогот од СДС испливува на површина.

Манасиевски: Децата на Филипче се децата на предавникот Заев, талогот од СДС исплива на површина

Деца осудени за насилство и трговија со дрога е иднината која ја нуди Филипче на граѓаните.

Венко Филипче смета дека со насилници и лица корисници на наркотични средства и опојни дроги треба да се гради иднина.

Христијан Ефтимов внук на Заеви, и Илија Стојанов негов другар, се лица кои се условно осудени на година и пол условна казна затвор, затоа што тепале странски државјани во Струмица, мислејќи дека можат што сакаат да прават затоа што се деца на Заеви.

Истите овие деца Филипче ги претставува како жртви.

Талогот на СДС не може и не смее да биде иднината која сите ние ја заслужуваме.

Катаклизмичните 7 години на власт на СДС, со Заев и Филипче не смеат никогаш повеќе да се повторат.

YouTube video

Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Младите: ВМРО нè нападнаа физички сега јавно со украдени полициски документи од ПС Струмица, бараме истрага

Денес стоиме пред вас не како обвинети, туку како нападнати. Криминалната група ВМРО ги штити тепачите што ги пратија врз нас во Ново Село. Прво нè нападнаа физички.

Младите: ВМРО нè нападнаа физички сега јавно со украдени полициски документи од ПС Струмица, бараме истрага

Сега нè напаѓаат јавно - со лаги, со навреди и со украдени полициски документи – кои се доверливи. ВМРО на прес-конференција објави податоци од документи од Полициската станица Струмица.

Податоци до кои немаат право на пристап. Податоци што се водени како службена тајна. Тоа не е политика тоа е кривично дело.

Бараме од Јавното обвинителство веднаш да отвори истрага и да поднесе кривична пријава против:

• Полициски службеници од Полициската станица Струмица, кои неовластено извадиле и предале доверливи полициски податоци,

• Панче Тошковски, министер за внатрешни работи, кој како прв човек на МВР сноси одговорност за злоупотребата на полицијата,

• Валентин Манасиевски, кој јавно ги објавил тие податоци и ги искористил за јавен линч врз младите.

Истовремено бараме Внатрешната контрола на МВР итно да утврди кој им овозможил пристап на функционери на ВМРО до службена тајна и кој ставил потпис. За што ќе бараме и посебно вештачење.

Ако институциите не постапат, ние ќе поднесеме кривична пријава. За сите. Погрешивте што дигнавте рака на младите.

Погрешивте што направивте уште едно кривично дело за да нè замолчите. Не успеавте во Ново Село. Нема да успеете ниту сега.

Ние не се плашиме.

Вистината е на наша страна.

И доаѓа време кога сите ќе одговарате.

YouTube video

Центар за комуникации на СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Изложба „Дома“ во Прилеп

Во преполната Ликовна галерија од ЦК"Марко Цепенков" во Прилеп, синоќа беше отворена изложбата на фотографии и дигитални дела "Дома" од прилепските уметници Александра Ацеска и Илија Ацески.

Изложба „Дома“ во Прилеп

Изложбата ја отвори Филип Димкоски, кој посочи дека станува збор за поставка на

фотографии и фотоманипулации, кои носат спој на две различни уметнички перцепции.

"Илија Ацески е конкретен, прецизен и рационален. Ја застапува аристотеловата теорија дека објектот постои само во онаква форма каква што ја гледа набљудувачот. Спротивно на таа прагматичност, за Александра Ацеска, водата не е само вода, ниту пак планината е само планина. Таа во водата ја бара длабочината, а по планинските височини трага до врвот на мудроста. Овде имаме спротивставеност на машката и женската енергија, на визијата на таткото и визијата на ќерката, на мудроста на искуството и на полетноста на младоста, на цврстината на коренот и на силата на крилјата...Слободата со која се создавани делата, им дава слобода и на посетителите делата индивидуално да ги толкуваат и да извлечат свои пораки, поенти и заклучоци, но упатува на тоа дека домот не е конкретен простор, туку специфична состојба на духот. Добредојдовте дома" - рече Димкоски на отворањето на изложбата.

Академската уметница Александра Ацеска живее и работи во Кина, има реализирано повеќе самостојни и групни изложби, а Илија Ацески долги години се занимава со фотографија.

Изложбата е поддржана од Министерството за култура и туризам.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер