Претседател на Суд во БиХ и поранешен шеф на разузнавачка служба незаконски прислушувале судии - Канал 5

Претседател на Суд во БиХ и поранешен шеф на разузнавачка служба незаконски прислушувале судии

Претседателот на Судот на БиХ Ранко Дебевец и поранешниот директор на Агенцијата за разузнавање и безбедност на БиХ Осман Мехмедагиќ беа уапсени вчера во одвоени акции на припадници на Државната агенција за истраги и заштита (СИПА).

Претседател на Суд во БиХ и поранешен шеф на разузнавачка служба незаконски прислушувале судии

Главниот обвинител во Обвинителството на БиХ, Миланко Кајганиќ, денеска потврди дека се води истрага за нелегално прислушување, за кое се осомничени поранешниот шеф на Агенцијата за разузнавање и безбедност (ОСА) на БиХ и актуелниот претседател на државниот суд.

Претседателот на Судот на БиХ Ранко Дебевец и поранешниот директор на Агенцијата за разузнавање и безбедност на БиХ Осман Мехмедагиќ беа уапсени вчера во одвоени акции на припадници на Државната агенција за истраги и заштита (СИПА).

Тие се приведени поради сомнение за злоупотреба на положбата и овластувањата, по што ноќта ја минале под полициски распит во седиштето на СИПА во Источно Сараево.

Главниот обвинител Кајганиќ за новинарите во Сараево денеска рече дека целта на истрагата е да се утврди зошто и по чија наредба разузнавачката агенција извршила дел од прислушувањето, бидејќи постои сомнеж дека овие мерки за следење биле спроведени незаконски.

„Според досега собраните докази, двајцата извршиле кривични дела злоупотреба на службената положба бидејќи незаконски прислушувале судии на Судот на Босна и Херцеговина и вработени во Обвинителството на Босна и Херцеговина во текот на истрагите“, соопшти главниот обвинител, објаснувајќи дека се работи за 2020 година.

Тој додаде дека засега нема докази дека и други политички ангажирани лица или политички партии биле предмет на мерки за незаконско прислушување, но и тоа ќе биде детално проверено. /МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Заменик-министерката за европски прашања во работна посета на Брисел

Заменик-министерката за европски прашања, Викторија Трајков е во работна посета на Брисел.

Заменик-министерката за европски прашања во работна посета на Брисел

Таа ќе биде учесник на дискусијата на Советот на општи работи на ЕУ во Брисел, каде ќе се разговара за напредокот на полето на владеење на правото во Македонија, Албанија, Црна Гора и Србија.

ЗМЕП Трајков ќе ја истакне посветеноста кон продлабочување на реформите во областа на владеењето на правото, во сите области опфатени со Извештајот за владеење на правото за нашата земја.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: 150 милиони денари инвестициски циклус во Василево во патишта, училишта, спортски терени и комунална инфраструктура

Општина Василево за помалку од една година реализира и започна проекти вредни околу 150 милиони денари, во патишта, канализација, училишта, спорт, култура и комунална инфраструктура.

ВМРО-ДПМНЕ: 150 милиони денари инвестициски циклус во Василево во патишта, училишта, спортски терени и комунална инфраструктура

Се инвестира во сите населени места, а општината создава подобри услови за живот и посигурна иднина за сите граѓани.

Василево продолжува со силно темпо и продолжува со нови проекти, нови инвестиции и уште поголема динамика.

Еден од поголемите и покомплексни инфраструктурни зафати што се реализира е во Пиперево. Таму, по изградбата на системите за фекална и атмосферска канализација, во последна, завршна фаза е асфалтирањето на главната улица и изградбата на пешачка патека од двете страни на улицата.

Во Владевци сe асфалтира патот што води до црквата „Успение на Пресвета Богородица“.

Во Нова Маала се асфалтира улицата покрај ООУ „Атанас Нивичански“, а заврши и асфалтирањето на патот кон селските гробишта. Во Добрашинци се заврши со асфалтирањето на дел од главната улица. Во Едрениково е изграден мост во близина на училиштето, со што се реши долгогодишен проблем во тоа населено место.

Василево продолжува да се гради, да се развива и да оди напред со дела и со работа за секој граѓанин. Василево продолжува со силно темпо.

ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Шпанија заплени два тони кокаин од јахта поврзана со балканска нарко мрежа

Шпанија заплени два тони кокаин од јахта што пловела под полско знаме, поврзана со балканска нарко мрежа. 

Шпанија заплени два тони кокаин од јахта поврзана со балканска нарко мрежа

Пресретнувањето на едрилицата што го превезува кокаинот во Атлантикот доведе до демонтирање на логистичка мрежа за трговија со дрога.

Операцијата дончела, спроведена од шпанската служба за царински надзор заедно со француските царински власти, резултираше со пет апсења и заплена на повеќе од 2.000 килограми кокаин на околу 640 километри од галиција. Со помош на американската администрација за борба против дрога, националната агенција за криминал на Велика Британија и португалскиот центар за поморска анализа и операции за наркотици, шпански патролен брод ги пронашол и лоцирал шверцерите на 400 милји од Галиција. Полицајците пронајдоа 70 бали што содржеа 2.100 килограми кокаин складирани на палубата. Операцијата доведе до апсење на четири члена на екипажот - од аргентинска, уругвајска, колумбиска и албанска националност - а осомничениот Албанец е наводно одговорен за надгледување на испораката до купувачите на балканот.истрагата останува отворена додека полицајците се обидуваат да уапсат човек во Барселона за кој се верува дека е одговорен за надзорот и логистиката на групата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер