Синер го смени тренерот и рече: „Нема да почнам од почеток, продолжувам да напредувам – по еден процент!“
2Синер го смени тренерот и рече: „Нема да почнам од почеток, продолжувам да напредувам – по еден процент!“
ЖивотПретор - најсончевата страна на Преспанско Езеро Претор е на најсончевата страна од брегот на Преспанско Езеро, природата не штедела, напротив дала густа борова шума, прекрасни предели и вода, многу вода која допирала до патот што го одвојува езерото од туристичката населба.Претор за првпат, систем за наводнување добива во 1958 година, електрична енергија во 1959 година, а со водовод се здобива во 1960 година. Хронолошки, првите телевизори се набавуваат во 1965 година, патот е асфалтиран во 1981 година, а првите телефонски приклучоци регистрирани се во 1988 година. Претор, во оваа 2025 година ќе добие канализациски систем и пречистителна станица. Разликата во инвестициските периоди, според локалното население го дава резултатот на сегашните состојби во кои евидентни се запуштеноста на овој, но и останатиот дел од преспанскиот брег, а тежок удар задала и транзицијата по која работничките одморалишта целосно згаснаа, а дел пропаѓаат поради негрижа и нејасна сопственост. На источната страна од Преспанско Езеро, сонцето најдолго грее, почнувајќи од раните утрински часови и се до доцно зајдисонце. Тоа е најсончевата страна на брегот и затоа Претор од секогаш беше најкористен за престој и капење, вели нашиот соговорник Панде Димитровски. - Во туристичката населба Претор бев од 1974 година до 1987 година и најголем дел од волонтерскиот ангажман, воедно и најубавиот дел од мојот живот го минав во Феријалното летовалиште „Студент“ - Претор. Почнав како соработник и стигнав до управник на летовалиштето кое иако беше сопственост на УКИМ-Скопје, сепак, ние феријалците менаџиравме со објектот. Во тоа време, во туристичката населба имаше неограничен број на легла кои беа во шатори, камп приколки и бунгалови. На влезот на туристичката населба, таму каде што деновиве почна изградбата на инфраструктурен систем, порано беше кампот на Сојузот на извидниците, а до него и објект на Здружение на пензионерите. Сега таму нема ништо. На овој дел од туристичката населба беа и одморалиштата на „Црн бор“ и „Тутунски комбинат“ од Прилеп, потоа одморалиштето на фабриката за шеќер „4-ти Ноември“-Битола, „Макошпед“, трикотажа „Пелистер“, кожара „Битола“, „Транскоп“ и „Македонија пат“. Преполни беа детските одморалишта на Црвен крст, Феријално летовалиште „Студент“ и Феријално летовалиште „Преспа“. И тогаш, и сега, населението се соочуваше со ист проблем - немање инфраструктура. Немаше доволно вода за пиење и немаше систем за отпадните води. За жал, во тоа време, општината на која и припаѓа Претор, а тоа е Општина Ресен, не беше заинтересирана за вложување во инфраструктурни проекти, а населението во најголем дел се занимаваше со најпрофитабилниот бизнис, а тоа беше производство и продажба на јаболка. Туристичката населба Претор располагаше со над 5.000 легла, езерото имаше многу вода дури до патот, а при невреме патот често беше поплавуван, потсетува Димитровски. Во дневникот со спомени за незаборав на Панде Димитровски остануваат забележани бројни настани и манифестации поврзани со животот во туристичката населба каде игралиштето под рефлектори се организираа турнир во мал фудбал, избор на Преторска убавица, маскенбал, Преторска свадба и други забавни манифестации. Тоа повеќе го нема. Во Претор треба многу да се менува почнувајќи од сообраќајниот знак на главната сообраќајница што води до македонско-грчкиот граничен премин Маркова Нога, каде јасно се посочува дека езерото е на далечина од еден километар, но во шега преторчани велат дека знакот треба да се смени, бидејќи сега езерото е многу подалеку. - Ќе се измориш додека стигниш до вода, а ако одлучиш да пливаш, тогаш треба уште толку одење низ вода се до пристојна длабочина. А, пред три децении водата беше на два-три метри од патот. Најчести викенд гости беа битолчани и прилепчани, но и работничките одморалишта беа на пелагониски фирми, ама и тогаш како и денес проблем беше водоснабдувањето особено во екот на сезоната, но и недостигот од канализациски систем. Таквата фалинка никому не пречеше, затоа што туристичката населба беше преполна, се сеќава Науме Ристески, кој пензионерските денови, од пролет до есен ги минува во Претор и со задоволство ни ја пренесе приказната од неговиот дедо дека името на населбата која е од доцноантичко време, се поврзува со поимот „претовар“ или „претоар“ затоа што токму во Претор врвеле карваните со стока која доаѓала и заминувала од југ кон север и обратно. Сегашнава генерација преспани е едногласна дека езерото треба да се заштити, да запре деградацијата, да се обновуваат природните функции на езерото, да се подобри квалитетот на водата, а овоштарите доследно да користат агроеколошки мерки со рационално, штедливо водоснабдување на земјоделските површини. - Не ме сликај мене, вели Науме, сликај ја оваа цевка која порано беше под вода. Порано на брегот стававме знаци со опомена да не се плива околу цевката и никој да не се качува бидејќи често пати храбрите момчиња или девојчиња се повредуваа скокајќи од цевката во водата. Сега цевката е обрасната со трева, а и големо дрво никна во ова време кога езерото се повлекува, исчезнува пред нашите очи, насолзено појасни Науме, неверувајќи дека главен причинител за намалување на водата во езерото е наводното истекување на Преспанско Езеро кон Охридско Езеро, бидејќи Преспанско Езеро е на надморска висина од 853 метри, а Охридското езеро е на надморска висина од 695 метри. Со стартот на новиот проект на ЕУ и УНДП, како и со енергичниот пристап на локалната самоуправа за изградба на околу 35 километри потребна инфраструктура во Претор и други населени места на преспанското крајбрежје, зафат кој треба да заврши за 10 месеци, се охрабрува не само локалното население, туку и идните инвеститори кои ќе се приклучат на во моментов ретките хотелиери и угостители кои градат на брегот на Преспанско Езеро. Моќта на проектот „ЕУ за Преспа“ директно ќе придонесе и за заштита на овој како што го нарекуваат споменик на природата со 50 ендемски видови на животни, 19 видови на ендемски растенија, девет ендемски видови на риба или пет во балкански рамки, а од нив во Преспа досега се пронајдени четири. Да потсетиме, Преспанско Езеро е една од најважните орнитолошки локации во Европа бидејќи 216 видови на птици се забележани во Езерани, а познатиот Далматински пеликан со околу 1.600 регистрани парови, живее, се гнезди и се размножува на Преспанското Езеро. Езерото се повлече, но ќе се врати, впрочем самата преспанска населба Наколец името го добила од наколната населба која постоела, била оддалечена од езерото, па потоа со зголемување на нивото на водата, езерото ја потопила. Природата си го прави своето, но за Преспа, сега на потег е човекот.Тагови: Преспа Преспанско Езеро Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ТехнологијаВладата на САД одобри продажба на моќни чипови од Nvidia на „фантомска“ фирма во КинаАмериканската администрација одобри продажба на чипови за вештачка интелигенција (ВИ) од компанијата „Nvidia“ на кинески фирми кои се поврзани со субјекти на „црната листа“ на САД.Постои зголемена загриженост дека ниту Министерството за трговија, ниту „Nvidia“ не спроведуваат темелна проверка при одобрувањето на кинеските фирми кои добиваат дозвола за ракување со чиповите „H200“ на „Nvidia“, наменети за вештачка интелигенција. Според весникот „The New York Times“, компанијата наречена „New Matrix“ се наоѓа на списокот на одобрени субјекти, иако нејзините канцеларии се празни – опишани како „празна сива школка, со жици што висат од таванот, таму каде што треба да има светилки“. Всушност, весникот пронашол многу малку докази дека компанијата воопшто постои во некаков реален облик: „На интернет има многу малку информации за ’New Matrix‘, компанија основана пред 17 месеци. Името на фирмата го нема во списокот на станари во зградата што таа ја наведува како своја адреса. Во канцеларијата за управување со индустрискиот парк, која се наоѓа во близина, и рецепционерот и менаџерот изјавија дека немаат никаква евиденција за постоењето на оваа компанија“, пренесува „NYT“. Дури и оние малку достапни информации за „New Matrix“ се загрижувачки. Нејзините сопственици се поврзани со кинески инвестициски фонд кој од 2024 година се наоѓа на „црната листа“ на американската влада. Според „The Times“, ова не е изолиран пропуст, туку загрижувачки тренд при кој на компании поврзани со субјекти кои подлежат на трговски ограничувања – воведени од причини поврзани со националната безбедност – им се дозволува да купуваат чипови од „Nvidia“. За време на претседателствувањето на Бајден, „Nvidia“ се соочи со ограничувања за продажба на чипови во Кина. Сепак, администрацијата на Трамп ги олесни овие ограничувања откако „Nvidia“ се согласи да ѝ отстапи на владата 15 отсто од својата вкупна продажба. Извршниот директор на компанијата, Џенсен Хуанг, исто така започна интензивна кампања за лобирање, а според извештаите, тој бил цел на кинеското Министерство за државна безбедност во рамките на шпионска операција. Извор: Б92Тагови: Nvidia Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветРусија собра 47 бомбардери способни за носење нуклеарно оружје во една базаРусија собра дури 47 стратешки бомбардери, способни за носење нуклеарно оружје, во една воздухопловна база на Далечниот Исток.Според податоците од проектот „АвиВектор“, кој го следи движењето на воените авиони, ова ги опфаќа речиси сите бомбардери од типот „Ту-160“ и „Ту-95МС“ со кои моментално располага руската војска. Во воздухопловната база „Украинка“, лоцирана во руската Амурска област, моментално се наоѓаат 10 бомбардери „Ту-160“ и 37 бомбардери „Ту-95МС“. Украинскиот воен портал „Дифенс експрес“ наведува дека ова би можело да претставува најголема концентрација на руска стратешка авијација на едно место, откако во февруари 2022 година започна инвазијата врз Украина. Девет бомбардери преместени за неколку дена Според „АвиВектор“, на почетокот на ноември Русија префрлила осум бомбардери „Ту-95МС“ и еден бомбардер „Ту-160“ во базата „Украинка“. Овие летала претходно биле стационирани во воздухопловните бази „Енгелс“ и „Олења“ – објекти што руската војска ги користи за изведување напади врз Украина. Аналитичарите од „Дифенс експрес“ сметаат дека е можно овие девет бомбардери да учествувале во голем руски ракетен напад врз Украина во текот на ноќта на 3 ноември, пред да бидат преместени на Далечниот Исток. Податоците објавени од „АвиВектор“ на 7 ноември покажуваат дека, по овие преместувања, во базата „Олења“ останал само еден авион „Ту-95МС“. Зошто Русија ги преместува своите бомбардери толку далеку? Една можна причина за преместувањето е заштита на вредните летала од украински напади со беспилотни летала. Во текот на војната, руските воздухопловни бази постојано биле цел на вакви напади, при што базата „Енгелс“ во Саратовската област била особено изложена. Базата „Украинка“ се наоѓа на повеќе од 6.000 километри од украинската граница, што значително ги отежнува евентуалните напади врз леталата стационирани таму. Според „Дифенс експрес“, руските бомбардери во „Украинка“ се паркирани на отворено, без соодветни заштитни хангари. Аналитичарите сметаат дека руската команда се потпира на големата оддалеченост на базата од Украина. Русија сè уште нема завршено со изградбата на заштитни хангари. Претходно, Русија започна со изградба на заштитни хангари за стратешки бомбардери во базата „Енгелс“, која се наоѓа многу поблиску до Украина. Било планирано да се изградат до 20 вакви хангари. Сепак, сателитските снимки од октомври покажуваат дека за некои од објектите биле поставени само рамки. „Дифенс експрес “ сугерира дека, како резултат на тоа, Русија можеби одлучила да премести голем дел од својата флота бомбардери во оддалечена база, наместо да ги задржи во „Енгелс“ без соодветна заштита. Сепак, ова преместување го отежнува изведувањето на напади врз Украина, бидејќи авионите сега мора да поминуваат значително поголеми растојанија. Базата „Украинка“ се наоѓа на приближно 5.400 километри од „Енгелс“. Што претставуваат бомбардерите „Ту-160“ и „Ту-95МС“? „Ту-160“ е еден од најголемите и најбрзите стратешки бомбардери во светот. Тој може да носи крстосувачки ракети опремени со конвенционални или нуклеарни боеви глави. „Ту-95МС“ е постар турбоелисен бомбардер, кој Русија исто така го користи за лансирање крстосувачки ракети со долг дострел. Двата типа авиони се клучна компонента на руската стратешка авијација. Иако се способни да носат нуклеарно оружје, Русија ги користи и за време на војната за изведување напади врз украински цели со употреба на конвенционални ракети. Нема потврда за подготовки за нуклеарен напад Извештаите за концентрацијата на бомбардери не значат дека Русија подготвува нуклеарен напад. Засега, експертите ова преместување го припишуваат првенствено на заштитата на авионите и на прилагодувањата во нивното распоредување. Понатаму, не постои независна официјална потврда за точниот број на авиони во воздухопловната база „Украинка“. Овие бројки се засноваат на следење на движењата на руските бомбардери и анализа на јавно достапни информации. Според проценките објавени од „Дифенс експрес“ во август, Русија во тоа време располагала со 13 оперативни бомбардери „Ту-160“ и 38 бомбардери „Ту-95МС“. Доколку најновите податоци се точни, речиси целата оперативна флота од овие два типа авиони моментално се наоѓа во воздухопловната база „Украинка“. Извор: Индекс.хрТагови: русија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МетеоУтре променливо облачно време со температура до 21 степен, заладување од сабота Времето утре ќе биде променливо облачно и релативно топло, информираат од УХМР.МАКСИМАЛНА ТЕМПЕРАТУРА (во оС) 11 Попова Шапка, 12 Крива Паланка, Тетово, Лазарополе, 14 Виница, Крушево, 15 Скопје-Зајчев Рид, Маврови Анови, 16 Скопје-Петровец, Велес, Демир Капија, Струмица, Гевгелија, 17 Штип, Берово, Претор, Кавадарци, 18 Охрид, Битола, 19 Прилеп. КОЛИЧИНА НА ВРНЕЖИ за изминатите 9 часа до 16 часот во (l/m2) 2 Лазарополе, 1 Крива Паланка, Охрид, Маврови Анови, Попова Шапка. ВРЕМЕТО ДЕНЕСКА И ДО КРАЈОТ НА ДЕНОТ Времето денеска беше променливо облачно со сончеви периоди. Во утринските часови по одделни котлини имаше појава на слаба магла. Во западните и северните делови имаше повремен слаб дожд. Дуваше слаб до умерен ветер од јужен правец. До крајот на денот ќе се задржи променливо облачно со услови за слаб локален дожд во крајните западни региони. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. ВРЕМЕТО УТРЕ Променливо облачно и релативно топло. По одделни котлини ќе има појава на утринска магла. Ќе дува умерен, наместа повремено засилен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 12, а максималната ќе достигне од 17 до 21 степен. Во Скопје, претежно облачно, во делови од котлината ќе има појава на утринска магла. Ќе дува умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 17 степени. ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ Следува период на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд со слаб до умерен интензитет. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла. Во петок ќе преовладува релативно топло време со температури кои ќе бидат значително над просекот за овој период од годината и ќе дува засилен до силен ветер од јужен правец (наместа со брзина над 80 km/h). Од сабота поради продор на постудена воздушна маса од север температурите ќе бидат во опаѓање.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЛукаревска до Славески: Го урнисавте банкарскиот сектор, поднесете си оставка 15:16Случајот „АЛТА банка“ денеска на надзорна расправа пред матичната собраниска комисија11:21Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34„Безбеден град“ се шири во Струмица, Штип и во Битола, МВР најавува мобилни камери на улиците15:08Учество на претседателката Сиљановска-Давкова на 9. Париски мировен форум08:35
Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34