Пресврт: Жената самоубиец сепак не се самоубила - со бомба се саморазнесол маж! - Канал 5

Пресврт: Жената самоубиец сепак не се самоубила - со бомба се саморазнесол маж!

Жената чие тело е пронајдено по полициската рација во париското предградие Сен Дени сепак не се саморазнела со бомба.

Пресврт: Жената самоубиец сепак не се самоубила - со бомба се саморазнесол маж!
Полицијата упадна во станот во потрага по организаторот на нападот во Париз на 13 ноември и во прв момент се верувало дека Хасна Аитбулахсен го активирала експлозивниот елек и се самоубила - наведе денеска полициски извор.

Портпаролката на парискиот обвинител за Градијан потврди дека Хасна не се кренала себеси во воздух.

- Мора да бидеме внимателни бидејќи го немаме идентитетот, но она што можам да ви кажам е дека камиказата не била Хасна - рекол парискиот обвинител.

Според извори во истрагата на кои се повикува Гардијан, Хасна загинала кога некој во нејзина близина се саморазнесол со експлозив.

Истрагата нема потврда дали бомбашот самоубиец е Абделхамид Абаоуд, еден од осомничените за нападот во Париз во кој загинаа 130 луѓе.

/ извор: Гардијан

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мирјана Најчевска, Билјана Ивановска, Сафет Бишевац и Виктор Грозданов во „Само вистини со Видиновски“

Вечерва во „Само вистини со Видиновски“ гости ќе бидат  Мирјана Најчевска, Билјана Ивановска, Сафет Бишевац и Виктор Грозданов

Мирјана Најчевска, Билјана Ивановска, Сафет Бишевац и Виктор Грозданов во „Само вистини со Видиновски“

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Џенифер Лопез позира во боди со длабоко деколте (ФОТО)

Џенифер Лопез повторно привлече внимание со објава на Инстаграм.

Џенифер Лопез позира во боди со длабоко деколте (ФОТО)

57-годишната пејачка сподели неколку фотографии по тренинг, на кои позира во кафеаво боди со длабоко деколте. Освен што ја покажува својата фигура, таа откри и со што сака да се почасти по тренингот - колачиња и млеко.

„Вежбајте и јадете колачиња. Рамнотежа“, напиша таа покрај фотографиите.

Во коментарите набрзо почнаа да го фалат нејзиниот изглед. „Прекрасна жена“, „Совршенство“ и „Ти си мојата најголема инспирација“ се само дел од пораките што ги оставија нејзините следбеници.

Најави концертен филм

Лопез го претстави и својот нов проект, концертниот филм „The JLO Show: Live in Las Vegas“, кој ги носи најинтересните моменти од нејзините настапи во Лас Вегас оваа година.

Премиерата е закажана за Денот на благодарноста, 26 ноември, на американската телевизиска мрежа „CBS“ и стриминг платформата „Paramount+“. „Со ова шоу, сакам да раскажам кратка приказна и да им оддам почит на сите забавувачи кои стоеле на оваа сцена пред мене“, рече Лопез во најавата.

Таа се подготвувала за настапи до 13 часа на ден

Пред премиерата, пејачката и порача на публиката да не престанува да танцува, без оглед на животните предизвици.

Таа ја одржа својата последна серија концерти во Лас Вегас во март, а подготовките, според извори за Дејли Меил, биле исклучително напорни. Наводно, таа вежбала кореографија со танчерите во танцово студио во Северен Холивуд до 13 часа на ден, сакајќи да ѝ пружи на публиката најдобра можна изведба.

Извор: Индекс.хр

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Спортски автомобил во кој возачот седи како мотоциклист (ФОТО)

„Sanrivatti One“ е хипер автомобил со V10 мотор од 800 КС и необична положба за возење.

Спортски автомобил во кој возачот седи како мотоциклист (ФОТО)

„Sanrivatti One“ е нов хипер автомобил дизајниран исклучиво за возење на тркачки патеки, а неговата најголема карактеристика не е моторот, туку сосема поинаква положба за возење.

Наместо вообичаената положба за седење, возачот „лежи“ на стомак, со рацете испружени кон воланот и нозете повлечени назад кон педалите.

Проектот го презентираше Сантијаго Санчез Риверо, кој го нарече овој аранжман „Apex Position“.

Инспирацијата доаѓа од мотоциклистичките трки, а целта е да му се обезбеди на возачот значително подобро видно поле.

Според конструкторите, вертикалното видно поле е 28 степени, додека кај хипер автомобилот што се користи за споредба е 15,5 степени.

И покрај својата необична позиција, „Sanrivatti One“ задржува класичен волан и педали, наместо џојстици што се користат во некои експериментални тркачки автомобили.

Бидејќи овој автомобил е без преседан, купувачите ќе мора да поминат низ посебна програма за обука. Санчез Риверо планира да организира еден вид клуб каде што сопствениците ќе научат како да го возат автомобилот.

Под каросеријата инспирирана од борбен авион се наоѓа атмосферски 5,5-литарски „Judd V10“ мотор. Целната моќност е 800 КС при 9.000 вртежи во минута, со околу 700 Nm вртежен момент.

Моќта се пренесува на тркалата преку секвенцијален шестстепен менувач „Hewland“.

Конструкцијата е базирана на карбонски монокок, а целната тежина без течности е само 1.100 кг. Дизајнираната максимална брзина е 322 км/ч.

Важно е да се напомене дека сите горенаведени бројки се целни вредности засега, бидејќи развојот, тестирањето и хомологацијата се уште се во тек.

Првите испораки до клиентите не се очекуваат до 2030 година. Дотогаш, малиот тим зад проектот ќе треба да докаже дека необичната положба на возење всушност носи предности на тркачката патека.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер