Пресврт во тестаментот на Армани- познато е што ќе се случи со богатството од 13 милијарди евра - Канал 5

Пресврт во тестаментот на Армани- познато е што ќе се случи со богатството од 13 милијарди евра

Џорџо Армани, едно од најпрепознатливите имиња и лица на италијанската мода, почина на 4 септември на 91-годишна возраст, оставајќи зад себе модна империја.

Пресврт во тестаментот на Армани- познато е што ќе се случи со богатството од 13 милијарди евра

Иако целиот свој живот ја чувал својата модна империја од потенцијални купувачи, тестаментот носи целосен пресврт. Имено, Армани оставил два тестамента - еден деловен и еден што се однесува на приватен имот, објави италијанскиот весник „Ла Република“.

Во деловниот тестамент, Армани јасно напишал план за наследување, во кој наредил модната империја делумно да се продаде на конкурентите или да се спроведе првична јавна понуда (IPO). Тој предвидел дека неговите наследници мора да продадат малцински удел од 15% од модната империја во рок од 18 месеци. Тој удел треба да се продаде или на францускиот конгломерат LVMH, или на гигантот за очила „Есилор-Луксортика“, или на козметичката куќа „Л’Ореал“, или на друга компанија со „еднаков статус“.

Во тестаментот понатаму се наведува дека дополнителни 30% до 54,9% од акциите треба да му припаднат на истиот купувач во рок од три до пет години по смртта на Армани. Доколку продажбата не се реализира, компанијата треба да стане јавна, што е последна желба на модниот магнат.

Армани му остави 40% од бизнис империјата на својот долгогодишен соработник и директор за машка облека Панталео Дел’Орко, по 15% на неговата внука Силвана Армани, која раководи со женската облека, и на неговиот внук Андреа Камерани. Фондацијата Армани, која ја основа во 2016 година како средство за пренос на бизнисот, ќе ги задржи преостанатите 30%.

Модната куќа на Џорџо Армани оствари приход од 2,3 милијарди евра минатата година, вработува повеќе од 10.000 луѓе и има стотици продавници во 60 земји. Имотот на дизајнерот се проценува на помеѓу 11 и 13 милијарди евра, вклучувајќи вили, јахти, уметнички дела, удели во мултинационални компании и неговата иконска компанија основана пред 50 години. Армани немаше директни наследници.

Покрај тоа, Армани имаше и 2,5% удел во Есилор-Луксортика, француско-италијанска мултинационална компанија за очила, вредна околу 2,5 милијарди евра. Четириесет проценти од тој удел му припадна на Дел'Орко, а 60% на членовите на семејството.

Есилор-Луксортика во соопштение, објавено од Ројтерс, изјави дека ќе разгледа можен договор: „Заедно со менаџментот, внимателно ќе ја процениме таквата перспектива за развој, со оглед на длабоките врски што веќе постојат меѓу двете групи“.

Во однос на недвижностите, Армани им остави 75% од L'Imobiliare, кој ги поседува неговите вили во Сен Тропе, Антигва, Брони и Пантелерија, на неговата сестра Росана, и внукот Андреа Камерани и внуката Силвана Армани. На животниот партнер Дел'Орко му беше доделено право доживотно да ја користи резиденцијата на Армани во Милано на Виа Боргонуво. Армани конкретно навел дека сликите и мебелот во куќата „не смеат да се преместуваат“, освен едно дело од Матис и фотографија од Рејман, кои ѝ припаѓале на неговата сестра Розана.

Правото на користење на еден од домовите на Армани во Њујорк ѝ било доделено на Мишел Морцели, пријателка на дизајнерката и извршен директор на L’Imobiliare.

Во своите упатства, Армани јасно ги истакнал и основните принципи за водење на компанијата. Тие вклучувале етичко управување „со морален интегритет и праведност“, како и негување на „резервиран, модерен, елегантен и непретенциозен стил“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Од полноќ бензините поевтини за пет денари за литар, дизелот останува со иста цена

Од полноќ според одлуката на Регулаторната комисија бензините поевтинија а дизелот остана со иста цена тој се родава за 99 денари за литар а бензините се намалија за пет денарти по литар.

Од полноќ бензините поевтини за пет денари за литар, дизелот останува со иста цена

.Еуросупр БС 95 се продава по цена од 91 денар за литар а Еуросупер БС 98 по цена од 93 денари за литар

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Срдановиќ најавува продолжување на европската интеграција и подобрување на односите со соседите

Во меѓусебен демократски дијалог ќе одлучиме кој ќе влезе во владата и ќе продолжи да ја води земјата во најдобар интерес на нашите граѓани – вели во првото интервју по победата на предвремените избори во Србија носителот на Студентска листа Илија С.

Срдановиќ најавува продолжување на европската интеграција и подобрување на односите со соседите

Во меѓусебен демократски дијалог ќе одлучиме кој ќе влезе во владата и ќе продолжи да ја води земјата во најдобар интерес на нашите граѓани – вели во првото интервју по победата на предвремените избори во Србија носителот на Студентска листа Илија Срдановиќ, за хрватски Индекс.. Сега имаме голем број мандати во Собранието, а меѓу тие луѓе веќе има доволно кредибилни кандидати кои можат да бидат членови на владата или премиер – вели Срдановиќ.

Тој најавува подобрување на соработката и продолжување на европската интеграција на Србија, додавајќи дека првите чекори во полицијата, обвинителството и судството ќе бидат многу важни а како што нагласил за тоа ќе бидат потребни и слободни медиуми. За хрватски Индекс Срдановиќ потврдил и дека разговарал со хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ, од кого добил честитка за изборната победа најавувајќи конкретизирање на соработката по изборот на новата влада.

Инаку, челниците на ЕУ беа меѓупрвите кои ја честитаа изборната победа на студентска листа.. Подготвени сме да и дадеме поддршка на новата влада на србија на нејзиниот европски пат, порача еврокомесарката Марта Кос

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Променливо облачно и посвежо со услови за врнежи од дожд

Променливо облачно и посвежо со услови за врнежи од дожд во северните делови, кои на повисоките планини ќе преминуваат во повремени врнежи од снег.

Променливо облачно и посвежо со услови за врнежи од дожд

Променливо облачно и посвежо со услови за врнежи од дожд во северните делови, кои на повисоките планини ќе преминуваат во повремени врнежи од снег. Ќе дува умерен до засилен, наместа повремено силен ветер од северен правец (над 60 km/h). Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 8, а максималната ќе достигне од 9 до 17 степени.

Според УХМР времето во Скопје, променливо облачно и посвежо со услови за врнежи од дожд. Ќе дува умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне до 13 степени.

ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ

Од утре ќе преовладува променливо облачно време, освен во северните делови каде ќе има услови за појава на врнежи од дожд, кои на повисоките планини ќе преминуваат во врнежи од снег. Ќе дува умерен, а денес и утре наместа долж Повардарието повремено засилен до силен северозападен ветер. Во петок и за време на викендот ќе има услови за врнежи.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер