ЗабаваПресврт во судскиот процес на Емина Јаховиќ со турскиот милијардерПред неколку месеци, Емина Јаховиќ ја изненади јавноста откривајќи дека нејзиниот поранешен сопруг не плаќал алиментација повеќе од две години.Популарната пејачка, исто така, поднела тужба, но Мустафа Сандал возврати многу брзо со истата мерка. Тој во образложението наведе дека таа заработувала подобро од него благодарение на козметичкиот бренд, додека тој не можел да ја заврши својата работа поради пандемијата. Но, ако може да се верува на најновите информации од Босфорот, приказната би можела да има сосема поинаков тек, пишува Еспресо. Иако, во такви случаи, турскиот суд обично е на страната на жената, постапката е запрена. Сандал, пак, доставил банкарски извештаи до властите, а 62 потврди покажуваат дека тој на Јаховиќ и платил вкупно 968.000 турски лири (околу 92.000 евра). Исто така, по разводот, тој и платил на својата поранешна сопруга 750.000 лири (околу 71.000 евра) за изнајмување вила во населбата Чибуклу Вади. Судот го прифатил приговорот на Мустафа и го одложил случајот. Следното рочиште е закажано за 20 јануари. Емина во тужбата навела дека „Мустафа ја пренел својата недвижност на мајка му една година пред разводот“. Меѓутоа, никаде во официјалната евиденција не се споменува името на неговата мајка Тулин Илери, која, според турските портали, ја продала својата куќа во Улус додека парот се уште бил во брак. Во тоа време се шпекулирало дека Мустафа потрошил милион и пол долари за реновирање на објектот по наговор на Емина и дека тоа навистина не и се допаѓало на свекрвата.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМакедонскиот рубин добива целосен систем на заштитаМакедонскиот рубин добива целосен систем на заштита: Од заштитено име до сертифициран производ и меѓународна афирмација.Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини ја заокружува клучната институционална фаза од процесот на заштита и афирмација на „Македонски рубин“ – од иницијативата покрената во 2025 година, преку изработка на Елаборат и правна заштита на географскиот назив, до формирање Комисија која ќе обезбедува стручна контрола, квалитет и следливост. На денешната прес-конференција во Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини, министерката Сања Божиновска истакна дека заштитата на „Македонски рубин“ не е само формален административен процес, туку воспоставување систем со кој едно природно богатство на Македонија треба да добие јасни правила, институционална гаранција и дополнителна економска вредност. „Природата ни го дала ова богатство. Стручните лица го утврдуваат неговото потекло и неговите својства. Институциите ја обезбедуваат правната заштита и контролата, а занаетчиите и обработувачите му даваат форма и дополнителна вредност. Нашата задача е да создадеме систем во кој секој што ќе го види името „Македонски рубин“ ќе знае дека зад него стојат автентично потекло, проверен квалитет, јасен стандард и институционална гаранција“, порача Божиновска. Процесот започна во 2025 година, кога Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини, во координација со Геолошкиот завод, покрена иницијатива за институционална и правна заштита на „Македонски рубин“ како географска ознака. Геолошкиот завод изработи Елаборат за заштита на производот „Македонски рубин“ како географска ознака – полу(скапоцен) камен од природен корунд, специфичен вариетет поврзан со прилепските доломитски и калцитско-доломитски мермери. Елаборатот е заведен под број 01-102/2 од 15 мај 2026 година, а истиот ден Геолошкиот завод поднесе пријава до Државниот завод за индустриска сопственост за заштита на географскиот назив „Македонски рубин“. На 17 јуни 2026 година, Државниот завод за индустриска сопственост донесе решение со кое географскиот назив „Македонски рубин“ беше заштитен. Со ова, името „Македонски рубин“ добива правна заштита, но и се отвора следната фаза – практична примена на заштитата и воспоставување систем кој ќе гарантира дека називот се користи само за производи што ги исполнуваат утврдените услови. Како законски следен чекор, по признавањето на географскиот назив беше формирана Комисија за контрола на квалитетот и посебните својства на производот „Македонски рубин“. На работниот состанок одржан на 3 септември во Министерството беше потврден составот и избран претседателот на Комисијата, а на 14 септември Геолошкиот завод донесе официјално решение за нејзино формирање. Комисијата ја сочинуваат: Анета Ристовска – претседател Кика Шпритова – член Мице Тркалески – член Филип Јованоски – член Деан Шкартов – член Изготвен е и Правилникот за начинот на работа на Комисијата. На прес-конференцијата присуствуваа директорот на Геолошкиот завод Ивица Андов, Јелена Пеева, заменик-директор на Државниот завод за индустриска, како и претставници на двете институции и членовите на Комисијата. Пеева посочи дека со заштитата на географскиот назив се создава правна основа, но дека вистинската вредност на системот се обезбедува преку неговата доследна примена. „Со решението од 17 јуни, „Македонски рубин“ доби правна заштита како географски назив. Следниот чекор е да обезбедиме таа заштита да функционира и во практиката – преку јасни критериуми, стручна контрола, следливост и почитување на условите за користење на заштитениот назив“, истакна Пеева. Јасни правила – кој и кога може да го користи името „Македонски рубин“? Министерката Божиновска нагласи дека заштитата има конкретна цел – да се спречи злоупотреба на името и да се обезбеди сигурност и за производителите и за купувачите. „Името „Македонски рубин“ може да се користи само кога е потврдено потеклото, обезбедена е следливост, спроведена е стручна контрола и се исполнети условите утврдени со Елаборатот и законската рамка“, рече Божиновска. Системот ќе опфаќа евиденција на материјалот, утврдување на неговото потекло, стручна контрола на квалитетот, следливост од местото на потекло, преку обработката, до означувањето и продажбата, како и јасно дефинирани услови за користење на заштитениот назив. Предвидено е и воспоставување јавен регистар на физички и правни лица кои ги исполнуваат законските услови за активности поврзани со вадење, обработка, промет и продажба на македонскиот рубин. Посебно значаен чекор е воспоставувањето систем на сертификација. Сите релевантни информации за потеклото, исполнувањето на условите и стручната контрола ќе бидат содржани во сертификатот, а дополнително ќе биде изработен и QR-код преку кој купувачот со едно скенирање ќе може да ги добие информациите содржани во сертификатот. Очекувањето е првиот QR-код да биде изработен до крајот на октомври. „Кога граѓанинот, туристот или странскиот купувач ќе го види називот „Македонски рубин“, треба да биде сигурен дека зад тоа име стојат автентично потекло, проверен квалитет и институционална гаранција. Токму затоа воспоставуваме систем на сертификација, евиденција и следливост“, порача Божиновска. Паралелно со националната заштита, институциите работат и на создавање услови за меѓународна афирмација на „Македонски рубин“. Државниот завод за индустриска сопственост ја подготви и достави до Владата Информацијата со Предлог-одлука за пристапување на Македонија кон Женевскиот акт на Лисабонскиот договор за ознаки на потекло и географски ознаки. По донесувањето на одлуката и спроведувањето на потребните постапки за формално пристапување, ќе се создадат услови да се разгледа можноста за меѓународна заштита на географската ознака „Македонски рубин“ преку Лисабонскиот систем. „Нашата амбиција е јасна – македонскиот рубин да биде препознатлив и ценет во Македонија, во регионот и на меѓународниот пазар. Меѓународната препознатливост започнува со кредибилен и функционален систем во нашата држава“, истакна министерката. „Македонски рубин“ добива и свое место во Министерството. Во рамките на активностите за афирмација на македонскиот рубин, на прес-конференцијата беше посочено и значењето на мини-галеријата во просториите на Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини, посветена на овој природен ресурс но и на останатите минерални богатства на нашата земја. Мини-галеријата е опремена во соработка со Дејан Шкартов - Деко и невладината организација „Откритие“, со која Министерството претходно потпиша Меморандум за соработка. Министерката Божиновска истакна дека заштитата на рубинот не завршува со административното решение. „Ние не сакаме само да го заштитиме името. Сакаме да ја заштитиме приказната, потеклото и вредноста што стои зад тоа име. Затоа паралелно работиме на системот на контрола и сертификација, но и на неговата афирмација. Мини-галеријата е мал простор, но носи голема порака – дека природното богатство треба да го запознаеме, да го чуваме и да му дадеме вредност“, рече Божиновска. Паралелно, во тек е изработката на новиот Закон за рударство, во кој прашањата поврзани со практичната примена на заштитата на географската ознака „Македонски рубин“ ќе бидат соодветно усогласени. Следуваат официјално информирање и едукација на занаетчиите, обработувачите, производителите, трговците и потенцијалните овластени корисници за условите за користење на заштитениот назив, начинот на евидентирање и контролата, како и обврските при означувањето, обработката, продажбата и промоцијата. „Од геолошко богатство – кон заштитено име. Од заштитено име – кон сертифициран производ. Од сертифициран производ – кон препознатлив национален бренд. И од национален бренд – кон нова економска вредност за Македонија. Тоа е системот што го градиме“, порача Божиновска.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Разговарав со државниот секретар на САД, Марко Рубио.08:31Црн викенд на македонските патишта – три жртви во две сообраќајни несреќи, седуммина повредени 15:00Сиљановска-Давкова: Нека нишката што ја започнаа браќата Манаки продолжи да се ткае и ткае, со знаење, вештина, храброст....09:16Трамп не го доби Гренланд, но договори трајно американско присуство15:00Трамп потпиша закон насочен против руската нафта, гас и поддржувачите на Москва09:10
Сиљановска-Давкова: Нека нишката што ја започнаа браќата Манаки продолжи да се ткае и ткае, со знаење, вештина, храброст....09:16
ТенисСинер прв, Ѓоковиќ на 12 местот на листата на АТПНајтрофејниот светски тенисер во историјата, Новак Ѓоковиќ, го задржа 12-тото место на најновата АТП-листа со 2.980 бода, додека Италијанецот Јаник Синер останува на првото место со 11.500 бода. Шампионот од Грен слемот во Њујорк, Германецот, Александар Зверев ја држи втората позиција со 9.690 бода, додека Шпанецот Карлос Алкараз е трет со 5.560. Американецот Бен Шелтон останува четврти во светот, а Канаѓанецот Феликс Оже-Алијасим се наоѓа на петтото место. Меѓу топ десетте најдобри светски тенисер се и Русинот, Данил Медведев, Италијанецот Флавио Коболи, Американецот Френсис Тиафо, Австралиецот Алекс де Минор и уште еден Американец, Тејлор Фриц.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаРазбиена криминална група за шверц на лекови, полициска акција во Скопје, Тетово и ГевгелијаРазбиена криминална група осомничена за шверц на лекови.. Во акцијата која се спроведува на повеќе локации во Скопје, Тетово и Гевгелија според првичните и неофицијални информации упасени се шест лица а се трага по уште неколкумина. Според се уште неофицијалните информации, при претресите во Скопје и Тетово полицијата пронашла магацини со лекови и кај еден правен субјект и машина за екстракција на масло. Полициската акција од одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, под раководство на ОЈО ГОКК ја потврдуваат од МВР но засега само со информација дека е насочена кон сузбивање на криминална група инволвирана во криумчарење на стоки и извршување на коруптивни кривични дела. Од обвинителството информираат дека акцијата е под раководство на јавен обвинител од специјализираното одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција и дека во тек се претреси и други истражни дејствија на повеќе локации по што ќе следува детална информацијаКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Разговарав со државниот секретар на САД, Марко Рубио.08:31Црн викенд на македонските патишта – три жртви во две сообраќајни несреќи, седуммина повредени 15:00Сиљановска-Давкова: Нека нишката што ја започнаа браќата Манаки продолжи да се ткае и ткае, со знаење, вештина, храброст....09:16Трамп не го доби Гренланд, но договори трајно американско присуство15:00Трамп потпиша закон насочен против руската нафта, гас и поддржувачите на Москва09:10
Сиљановска-Давкова: Нека нишката што ја започнаа браќата Манаки продолжи да се ткае и ткае, со знаење, вештина, храброст....09:16