Стадион од 12 милијарди долари со капацитет од 115.000 луѓе- дали на него ќе се одржи Светското првенство 2030.?
1Стадион од 12 милијарди долари со капацитет од 115.000 луѓе- дали на него ќе се одржи Светското првенство 2030.?
СветПресврт во случајот со девојчето кое падна од Дизни крузер- таткото не бил херој, туку виновник?! (ВИДЕО)Светските медиуми во последните денови известуваат за драматичното спасување на мало девојче кое падна од крузер на Дизни, по што нејзиниот татко скокнал по неа.Двајцата биле извлечени од немирното море на безбедно, а шпекулациите за самиот инцидент наскоро почнаа да кружат. Полицијата конечно стави крај на сите шпекулации и откри каде бил таткото во времето на инцидентот. Петгодишното девојче паднало од четвртата палуба на Дизни крузерот околу 11:30 часот наутро во недела, додека пловеле од Бахамите кон Флорида. Стотици патници го гледале драматичното спасување на девојчето, додека храбриот татко ја држеше над површината околу 20 минути. Сепак, набрзо почнаа да кружат разни шпекулации и таткото се претвори од херој во виновник, откако некои сведоци рекоа дека ја кренал ќерка си за да се фотографира, по што таа паднала наназад од бродот. Многумина побарале таткото да оди во затвор, да биде обвинет за занемарување на дете, да му се одземе детето и сопругата да се разведе од него. @noeayala32 #disneycruise #disneydream ♬ original sound - noe ayala875 Шерифската канцеларија на округот Бровард, која истражува што се случило, конечно стави крај на гласините. Шерифот Грегори Тони рече дека девојчето седело на оградата и паднало наназад, но дека таткото не ја ставил таму. „Откако мајката на девојчето му кажала на нејзиниот сопруг, кој не го видел инцидентот, тој скокнал во океанот за да ја спаси својата ќерка“, рече Тони. Тој додаде дека откако 37-годишниот татко ја пронашол својата ќерка, ја држел над водата сè додека не ги спасил чамец за спасување од бродот. Шерифот Тони рече дека безбедносното видео на бродот ги потврдува исказите од семејството и персоналот на крузерот за тоа што се случило. @noeayala32 #disneycruise#disneydream ♬ original sound - noe ayala875 Таткото бил повреден додека се борел да ја спаси својата ќерка и бил хоспитализиран откако бродот се вратил во пристаништето, но полицијата не го открила степенот на неговите повреди. „Истрагата покажа дека од моментот на случајниот пад до моментот на спасување, поминале околу 20 минути. Откако биле спасени, биле прегледани од персоналот на бродот“, додаде тој. Шерифот истакна дека семејството не живее во Флорида и дека детективите сè уште собираат информации, но дека неговата канцеларија објавила што знаат досега „како одговор на дезинформации“.Тагови: Дизни крузер Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ТехнологијаПоранешен истражувач алармираше дека вештачката интелигенција е закана за човештвотоШефовите на водечките компании за вештачка интелигенција сè погласно предупредуваат на ризиците од трката во развојот на сè помоќни AI системи. Дел од нив отворено повикуваат на поголема претпазливост и безбедносни механизми, додека политичари и експерти бараат и построга регулација. Дарио Амодеи, извршниот директор на Anthropic, директно повикува да се забави темпото на развојот. -Мојата прва загриженост е што, од приближно летово, вештачката интелигенција напредува драматично побрзо, пред сè поради сè поголемата способност на AI да ја гради следната генерација на AI. Ако не се контролира, овој процес би можел да ја надмине нашата способност да ги разбереме и контролираме овие системи. Затоа, со него мора да се постапува исклучително внимателно — доколку воопшто продолжи. На ризиците од брзиот развој претходно предупредуваа и други влијателни имиња од технолошкиот сектор, меѓу нив и Сем Алтман, извршниот директор на OpenAI, како и Илон Маск, кој со години предупредува дека напредната вештачка интелигенција може да носи сериозни ризици доколку не биде соодветно контролирана. Предупредувањата не доаѓаат само од технолошкиот сектор. Американскиот сенатор Берни Сандерс бара уште порадикален чекор – пауза во развојот на напредната вештачка интелигенција, додека не се воспостават јасни безбедносни правила. -Ако лидерите на големите АИ компании признаваат дека губат контрола над нивната екстремно оасна технологија, според мене е неодговорно за општеството да им дозволи да продолжат д аги прават овие продукти дури многу понапредни и многу поопасни. Неопходно е да се стави на „пауза“ овој напреден развој и трајна забрана на супер-разузнавањето и вештачките умови попаметни од секој човек способен да работи независно надвор од нашата контрола. – Берни Сандерс Поранешниот американски претседател Барак Обама повикува на јавна регулација и надзор, за AI да не биде во корист само на неколку богати корпорации, туку на луѓето пошироко. -Важно е да постои јавна регулација која ќе го насочува развојот на оваа технологија, за таа да не им користи само на неколку богати корпорации, туку на луѓето пошироко. Тоа ќе помогне и да се спречат негативните последици од вештачката интелигенција, како дезинформациите и дипфејк-содржините. - Барак Обама – Поранешен претседател на САД Во меѓувреме, трката продолжува. OpenAI, Anthropic, Google и другите технолошки гиганти инвестираат милијарди во развој на нови и помоќни модели, додека истовремено расте притисокот врз владите да воспостават правила за нивна безбедна употреба.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: СДС и Филипче дебело профитираа за време на кризитеДенес Владата на ВМРО ДПМНЕ е со конкретни мерки за горивата и заштита на стандардот на граѓаните.Кога СДС нема што да понуди им останува само политичката критика но веќе им е познато на граѓаните дека на СДС се им смета па дури и конкретни мерки за заштита на стандардот како мерките кои ги превзема Владата на ВМРО ДПМНЕ за горивата. СДС 7 години го крадеа народот, ја распродаваа и омаловажуваа државата и ги понижуваа граѓаните. СДС и Филипче во време на криза профитираа за денес да се луксузираат на јахтите со Заев по Егејот. За разлика од СДС и ДУИ денес нема фудбалчиња по канцелаарии, нема банди по улиците, нема марихуана економија, нема распродавање на државните интереси. Денес Владата се грижи за животниот стандард на граѓаните и превзема конкретни мерки. Во однос на горивата мерки веќе има, намелени акцизи, и ќе се донесат и нови мерки со што наместо зголемување ќе има намалување на цената на горивото. Владата на ВМРО ДПМНЕ продолжува да го штити стандардот на граѓаните. ВМРО-ДПМНЕТагови: ВМРО-ДПМНЕ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСавески: Повлекувањето на сексуалното образование не значи намалување на последицитеНевладината организација „Хера“ објаснува дека не треба да се избрзува со повлекувањето на предметот секуслано образование, бидејќи тоа е повеќе од важно во ера кога младите избираат да учат од интернет каде има многу непроверни инфомрации. Претседателот на Хера Велимир Савески објаснува дека се подготвени за разговри и со преставници од црквата и министерството за образовние за важноста на едукацијата кај младите, по примерот на речиси сите развиени земји. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПо „Безбеден град“ намален вкупниот број загинати на македонските патишта15:17Министерот Тошковски и премиерот Мицкоски во СВР Велес: „Безбеден град“ ставен во функција14:00Димитриеска-Кочоска: Бројките ја покажуваат реалната состојба, резултатите се видливи12:34Двајца загинати и тројца тешко повредени во директен судир15:00МФ: „Фич“ повторно го потврди кредитниот рејтинг ББ+ со стабилен изглед10:45