Пресврт во случајот Бекер- екс тенисерот излегува од озлогласениот затвор - Канал 5

Пресврт во случајот Бекер- екс тенисерот излегува од озлогласениот затвор

Шесткратниот Грен слем победник и еден од најдобрите тенисери во историјата, легендарниот Германец Борис Бекер минатата недела беше осуден на две и пол години затвор.

Пресврт во случајот Бекер- екс тенисерот излегува од озлогласениот затвор

Германецот беше осуден за обид да сокрие пари и други вредни предмети во вредност од 2,5 милиони фунти во стечајна постапка со намера да избегне плаќање долгови.

Скај Спортс по пресудата објави дека славниот германски тенисер ќе помине половина од казната во затвор, односно една година и три месеци, а англиските медиуми пишуваа дека Бекер ќе биде затворен во злогласниот затвор Вандсворт. Затворот е стар околу 170 години, полн со нечистотија и стаорци, а во него казната ја отслужуваат над 1.300 осуденици.

Иако моментално е во Вандсворт, англиските медиуми пренесуваат дека Бекер наскоро ќе биде преместен на нова локација. Причината е фактот што неговите постапки немале насилен карактер, па поранешниот тенисер по неколку недели ќе биде префрлен во затвор со слаба безбедност. На новата локација треба да помине само девет месеци, а остатокот од казната во домашен притвор со електричен ремен околу ногата.

Бекер во кариерата заработи 25 милиони долари (и тоа само од заработка од турнири, без спонзорски договори), но прогласи банкрот пред неколку години. Бекер не платил заем од три милиони фунти за имот во Шпанија, на доверителите им должел дури 50 милиони фунти. Тој, наводно, бил осуден по четири точки, а ослободен од останатите.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ДИК: Излезноста на локалните избори во Брвеница до 13 часот е 27.81 %.

Според пресекот направен во 13 часот, и податоците пристигнати до Државната изборна комисија, статистиката за излезност на гласачите на вториот круг од Предвремените избори за градоначалник на општина Брвеница е следната:

ДИК: Излезноста на локалните избори во Брвеница до 13 часот е 27.81  %.

Според пресекот направен во 13 часот, и податоците пристигнати до Државната изборна комисија, статистиката за излезност на гласачите на вториот круг од Предвремените избори за градоначалник на општина Брвеница е следната: Од пристигнати податоци од 24 избирачки места, вкупниот број на гласачи кои го оствариле правото на глас изнесува 4518 , или изразено во проценти 27.81 %.

Во споредба со првиот круг на изборите кој се одржа на 18 октомври 2026, излезноста е зголемена за 7.31 %.

Во однос на заштитата на личното избирачко право, до 13 часот е пристигнат 1 приговор кој е усвоен и на гласачот му е овозможено да гласа.

Следната информација за пресекот на излезноста на гласачите и текот на гласање следува на прес конференцијата во 15.30 ч, која ќе се одржи во седиштето на ДИК.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Неготино и СРЦ Младост беа во центарот на балканскиот професионален бокс

 Во спортската сала Младост во Неготино вчера се одржа елитниот боксерски настан BALKAN BOXING на кој настапија боксери од Македонија и странство.

Неготино и СРЦ Младост беа во центарот на балканскиот професионален бокс

Настанот се одржа во соработка со Про Бокс Македонија, а ваков боксерски спектакл за прв пат се одржува во Неготино и Република Македонија.

Целиот боксерски спектакл од Неготино директно се пренесуваше на специјализирани ТВ канал за бокс што овозможи истиот да го проследат гледачи од целиот Балкан.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Во Скопје опожарен паркиран автомобил пежо

Во населбата Аеродорм во Скопје засега непознат сторител опожарил автомобил пежо. 

Во Скопје опожарен паркиран автомобил пежо

На 31.10.2026 во 21:24 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул. „12-та Македонска бригада“ во Скопје, едно лице со употреба на запалива течност опожарил паркирано патничко возило „пежо“ со скопски регистарски ознаки, во сопственост на 62-годишната И.С. од Скопје. Повредени лица нема. Пожарот бил изгаснат со ПП апарат од страна на нејзиниот сопруг. Се преземаат мерки за расчистување на случајот., соопштија од МВР.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер