Пресврт во Брисел: Црна Гора затвора пет поглавја во преговорите со ЕУ - Канал 5

Пресврт во Брисел: Црна Гора затвора пет поглавја во преговорите со ЕУ

По директниот разговор меѓу црногорскиот премиер Милојко Спајиќ и францускиот претседател Емануел Макрон, на Црна Гора ѝ се отворени вратите за затворање на пет преговарачки поглавја во пристапните преговори со ЕУ до крајот на годинава.

Пресврт во Брисел: Црна Гора затвора пет поглавја во преговорите со ЕУ

Меѓувладината конференција на која тоа ќе биде формализирано, како што беше најавено претходно, ќе се одржи во вторник, јави Радио телевизија Црна Гора (РТЦГ).

Спајиќ разговараше и со германскиот канцелар Фридрих Мерц, со голем број министри за надворешни работи на земјите-членки на Европската Унија, со тројца европски комесари, како и со претставници на администрацијата на Европската Унија, што, како што беше објавено, придонесе за надминување на некои пречки во преговарачкиот процес.

На Меѓувладината конференција, Црна Гора ќе ги затвори поглавјата: 3 – Право на основање претпријатија и слобода на давање услуги, 4 – Слободно движење на капитал, 6 – Право на трговските друштва, како и поглавјата 11 – Земјоделство и рурален развој, и 13 – Рибарство.

Франција го промени ставот

Иако Франција претходно на седницата на Работната група на Советот на ЕУ – COELA го блокираше затворањето на поглавјата 11 и 13, директните разговори на највисоко политичко ниво доведоа до промена на ставот и давање зелено светло за затворање на сите планирани поглавја.

Министерот за земјоделство, Владимир Јоковиќ, претходно изјави дека Црна Гора направила сѐ што е неопходно во врска со поглавјата 11 и 13. - Го сработивме и исполнивме сѐ што бараше Европската комисија, рече Јоковиќ.

Спајиќ на 16 декември ќе биде во Брисел, каде што по формалната церемонија на затворање на поглавјата ќе одржи прес-конференција заедно со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, и европската комесарка за проширување, Марта Кос.

Исто така, и претседателот на Црна Гора, Јаков Милатовиќ, комуницирал со државниот врв на Франција, истакнувајќи ја важноста да се даде поддршка на Црна Гора да ги затвори сите пет поглавја на Меѓувладината конференција овој месец.

Канцеларот на Германија, Фридрих Мерц, изјави дека со Црна Гора треба да се започне работа на Договор за пристапување кон Европската Унија. Тој тоа го изјави пред неколку дена на заедничка прес-конференција со генералниот секретар на НАТО, Марко Руте.

- Овде сакам јасно да кажам: токму со Црна Гора, која веројатно најмногу напредуваше меѓу кандидатите, сега можеме да преминеме на следниот чекор и наскоро да започнеме со работа на Договорот за пристапување. Тоа е и во наш интерес, бидејќи колку поблиску сме поврзани, толку подобро можеме да дејствуваме заедно во Европа. Тоа особено се однесува на ограничувањето на нелегалната миграција. За нашите две земји тоа е од големо значење, рече Мерц.

Потпретседателот на парламентот, Борис Пејовиќ (ПЕС), соопшти дека Црна Гора сепак ќе затвори пет поглавја во преговорите со ЕУ до крајот на оваа година.

„Сепак затвораме пет преговарачки поглавја. Меѓутоа, неизвесноста што траеше од вчера до денеска потврди дека нема никакво прогледување низ прсти кога станува збор за полноправното членство на Црна Гора во ЕУ, поради наводно поволни геополитички околности, туку се вреднуваат исклучиво постигнатите резултати“, наведе Пејовиќ на Фејсбук.

Тој додава дека неизвесноста предизвикана од дилемата дали затвораат три или пет преговарачки поглавја, помогнала појасно да се согледа кој искрено се залага за полноправно членство на Црна Гора во ЕУ, а кој се надевал дека досегашниот труд и работа ќе бидат залудни.

„Во мандатот на сегашната Влада до крајот на годината ќе бидат затворени девет преговарачки поглавја, од вкупно 12 затворени преговарачки поглавја откако започна преговарачкиот процес меѓу Црна Гора и ЕУ“, рече Пејовиќ.

Со затворањето на пет поглавја, Црна Гора би влегла во следната, веројатно и одлучувачка година, со 12 затворени поглавја, но останува целта до 2026 година да бидат затворени повеќе од 20 поглавја, за да се стекнат услови земјата да пристапи кон ЕУ до крајот на 2028 година.

Црна Гора ги исполнила сите услови и за затворање на Поглавјето 31 (Надворешна, безбедносна и одбранбена политика), но претходно одлуката за тоа беше одложена бидејќи тоа го побара Хрватска.

Црна Гора доби статус на кандидат во декември 2010 година, а преговорите ги отвори во јуни 2012 година. Досега има отворено 33 преговарачки поглавја. /МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Од 15 ноември задолжително поседување на зимска опрема

Зимски пневматици се оние пневматици кои на својата бочна страна имаат ознака „MS”, “M+S”, “M & S” и знак на снегулка на стилизирана планина со три врва.

Од 15 ноември задолжително поседување на зимска опрема

Министерството за внатрешни работи ги информира граѓаните дека од 15 ноември до 15 март, согласно одребите од “Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата“(Сл.весник на Р.М. бр. 169/15, 226/15, 55/16, 11/18, 83/18, 191/18, 70/19 и 98/19 и „Службен весник на Република Македонија“бр. 302/20, 122/21, 33/24, 208/24, 193/25, 258/25, 58/26, 79/26 и 148/26), возилата кои учествуваат во јавен сообраќај на патиштата задолжително треба да поседуваат пропишана зимска опрема.

Согласно одребите од Правилникот за задолжителна опрема на возилата, за безбедно учество во сообраќајот на патиштата. (Службен весник бр. 31 од 2010 година), како зимска опрема на моторните возила се подразбира:

За моторни возила кои не надминува 3.500 кг.:

- зимски пневматици на сите четири тркала, со минимална длабочина на шарите на нагазниот слој по обем и широчина од четири милиметри;

- пневматици со летен профил на сите четири тркала со длабочина на нагазниот слој по обем и широчина, со минимум од најмалку 4 мм., ако возилото во приборот поседува синџири за снег со адекватна големина за погонските тркала или други соодветни помагала.

За моторни возила со погон на четири тркала (4x4):

- зимски пневматици на сите четири тркала, со минимална длабочина на шарите на нагазниот слој по обем и широчина од 6 мм;

- пневматици со летен профил на сите четири тркала со длабочина на нагазниот слој по обем и широчина со минимум од најмалку 4 мм., ако возилото во приборот поседува синџири за снег и во случај кога имаат постојан погон, синџири за снег треба да имаат најмалку за задната осовина, а во случај на преклоплив погон, синџири за снег треба да имаат најмалку на постојано вклучената осовина.

За моторни возила кои надминува 3.500 кг:

- зимски пневматици на погонските тркала со минимална длабочина на шарите на нагазниот слој по обем и широчина од 6 мм.

- пневматици со летен профил на сите четири тркала, со длабочина на шарите на нагазниот слој, по обем и широчина со минимум 4 мм, ако возилото во приборот има синџири за снег со адекватна големина за погонските тркала или други соодветни помагала;

- автобуси и товарни моторни возила кои поради технички причини не можат да постават синџири за снег на погонските тркала треба да имаат зимски пневматици на погонските тркала и прирачен алат - лопата.

Зимски пневматици се оние пневматици кои на својата бочна страна имаат ознака „MS”, “M+S”, “M & S” и знак на снегулка на стилизирана планина со три врва.

Согласно одредбите од Правилникот за задолжителна опрема на возилата, во патниот сообраќај на возилата е забрането поставување на пневматици со клинци.

Апелираме до возачите да се придржуваат кон законската обврска за поседување на зимска опрема, бидејќи така овозможуваме непречено и безбедно одвивање на сообраќајот на патиштата во зимски услови.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Џенифер Лопез „уловена“ со мистериозен маж

Има 57 години, а мажите губат глава по неа, светската музичка ѕвезда Џенифер Лопез видена со мистериозен маж .

Џенифер Лопез „уловена“ со мистериозен маж

57 годишната Џеј Ло е видена во друштво на мистериозен маж. Иако идентитетот на мажот е непознат, сцените од луксузна јахта поттикнаа шпекулации за нова љубовна врска на славната пејачка

Џенифер Лопез повторно привлече големо внимание во јавноста откако беше забележана на луксузна јахта во Мајами, во друштво на мистериозен маж.

На фотографиите и видеата што кружат на социјалните мрежи се гледа како 57-годишната ѕвезда ужива во слободното време на јахтата, а особено внимание привлекоа кадрите на кои таа разменува нежности со непознатиот маж.

Идентитетот на мажот – како и природата на нивниот однос – засега остануваат непознати, но тоа не ги спречи корисниците на социјалните мрежи да шпекулираат за тоа кој би можел да биде овој нов маж во нејзино друштво.

Со децении, Лопез важи за една од најпознатите музички и филмски ѕвезди во светот, а нејзиниот приватен живот привлекува внимание речиси исто толку често колку и нејзината кариера.

Секојпат кога ќе се појави во јавноста или ќе биде фотографирана со непознат маж, тоа предизвикува бројни реакции – а овој случај не е исклучок.

Додека некои коментираат за нејзината самодоверба и изглед, други се обидуваат да го откријат идентитетот на мажот забележан со неа на јахта. Засега нема потврда дека станува збор за нова љубовна врска, но снимките од Мајами веќе предизвикаа лавина коментари.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Утре променливо облачно време со температура до 19 степени

Времето утре ќе биде променливо облачно со повремени сончеви периоди, информираат од УХМР.

Утре променливо облачно време со температура до 19 степени

МАКСИМАЛНА ТЕМПЕРАТУРА

7 Ѓуриште, 9 Попова Шапка, 10 Струмица, 11 Крива Паланка, Лазарополе, Скопје – Зајчев Рид, 12 Крушево, Скопје – Петровец, Охрид, Прилеп, Тетово, Маврови Анови, 13 Битола, Штип, Претор, Демир Капија, Кавадарци, 14 Виница, Берово, Велес, Гевгелија.

ВРЕМЕТО ДЕНЕСКА И ДО КРАЈОТ НА ДЕНОТ

Времето денес беше променливо облачно со краткотрајни сончеви периоди. Дуваше слаб ветер од јужен правец. До крајот на денот во западните делови ќе има услови за повремен слаб дожд кои ќе продолжат во текот на ноќта.

ВРЕМЕТО УТРЕ

Променливо облачно со повремени сончеви периоди. Во западните делови ќе има услови за појава на слаби врнежи од дожд. По одделни котлини ќе има услови за појава на магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 10, а максималната ќе достигне од 14 до 19 степени.

Во Скопје, променливо облачно со услови за појава на слаб локален дожд. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 17 степени.

ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ

До почетокот на следната седмица времето ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Од сабота поради продор на постудена воздушна маса од север температурите ќе бидат во опаѓање. Ќе дува слаб до умерен, а во петок силен повремено многу силен ветер од јужен правец.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер