Синер го смени тренерот и рече: „Нема да почнам од почеток, продолжувам да напредувам – по еден процент!“
2Синер го смени тренерот и рече: „Нема да почнам од почеток, продолжувам да напредувам – по еден процент!“
СветПресретнати руски авиони Ту-142 над Алјаска- НОРАД крена осум летала во вонредната акција (ВИДЕО)Северноамериканската команда за воздухопловна одбрана (NORAD) објави дека на 4 март 2026 година, открила и следела два руски воени авиони Ту-142 кои летале во Зоната за идентификација на воздушната одбрана на Алјаска и Канада (ADIZ).Според официјалното соопштение, НОРАД испратил вкупно осум американски и канадски авиони, поддржани од танкери и авиони за рано предупредување, за да ги идентификуваат и следат руските авиони. Во пресретнувањето учествувале два ловци Ф-35 на американските воздухопловни сили, два Ф-22, два канадски ловци ЦФ-18, четири танкери КЦ-135 Стратотанкер, еден авион за рано предупредување и контрола Е-3 Сентри АВАКС и еден танкер CC-150 од канадските воздухопловни сили. NORAD CF-18s from the 🇨🇦 Canadian NORAD Region (CANR) launch in support of #ArcticEdge26 to conduct Cruise Missile Defense activities with F-35s from the 🇺🇸 Alaskan NORAD Region (ANR) in Alaska. Training against simulated airborne threats strengthens our layered defense and… pic.twitter.com/0Zn4cklo2R — North American Aerospace Defense Command (@NORADCommand) March 4, 2026 NORAD соопшти дека руските авиони останале во меѓународниот воздушен простор и не влегле во суверениот воздушен простор на САД или Канада. Командата додаде дека ваквите активности во зоните ADIZ на Алјаска и Канада се случуваат редовно и не се сметаат за закана. Зоната за идентификација на воздушната одбрана не е дел од националниот воздушен простор. Станува збор за дефинирана област на меѓународен воздушен простор што овозможува рано откривање и идентификација на воздухоплови што се приближуваат кон територијата на земјата, така што системите за воздушна одбрана имаат доволно време да реагираат. The Russian MoD released footage from the VKS sorties into the Alaskan ADIZ. Top left: a Su-35S and an F-35A (filmed from a Tu-95MS). Top right: an F-35A (filmed from a Tu-95MS). Bottom left: a pair of F-16Cs (filmed from a Su-35S). Bottom right: a pair of F-16Cs. https://t.co/eOUNAgVbyu pic.twitter.com/RmSAJCB6vg — Guy Plopsky (@GuyPlopsky) February 20, 2026 НОРАД нагласува дека користи повеќеслоен систем за надзор што вклучува сателити, копнени и воздушни радари, како и борбени авиони, за следење на движењата на воздухопловните објекти и проценка на потенцијалните безбедносни ризици. Командата останува подготвена да одговори со различни оперативни опции во одбраната на Северна Америка. Пресретнувањата на руски авиони во зоната ADIZ на Алјаска не се невообичаени. Во февруари оваа година, НОРАД пресретна и руска формација што вклучуваше бомбардери Ту-95 и ловци Су-35, додека во претходните години, авионите Ту-142, поморски извидувачки и противподморнички авиони развиен врз основа на бомбардерот Ту-95, исто така беа пресретнати неколку пати.Тагови: Алјаска НОРАД Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаДелегација на МВР положи свежо цвеќе по повод 11 Ноември – Денот на ослободувањето на КумановоДелегација на МВР предводена од Државниот секретар Петрушевски положи свежо цвеќе по повод 11 Ноември – Денот на ослободувањето на КумановоПо повод одбележувањето на 11 Ноември – Денот на ослободувањето на Куманово и 507 години од постоењето на градот, денеска на Спомен-костурницата во Куманово беше положено свежо цвеќе во чест на борците кои ги положиле своите животи за слободата на градот. Делегацијата на Министерството за внатрешни работи ја предводеше државниот секретар Сашо Петрушевски, кој заедно со останатите членови на делегацијата им оддаде почит на хероите и нивната жртва за слободата. Во продолжение, делегацијата на МВР присуствуваше и на свечената седница во Занаетчискиот дом, на која традиционално беа доделени Ноемвриските награди на заслужни граѓани и правни лица кои со својата работа и придонес оставиле значаен белег во општествениот живот на Куманово. Свеченоста беше збогатена со богата културно-уметничка програма. Одбележувањето на овој значаен датум претставува потсетник на богатата историја, херојското минато и непокорниот дух на Куманово, како и на обврската да се негуваат историското наследство, традициите и вредностите што се дел од колективната меморија на градот.Тагови: мвр Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаДимитриеска-Кочоска: Буџетските корисници немаат изложеност кон Алта банкаНема ризик за финансиската стабилност на државата поради состојбите во Алта банка АД Битола, порача министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска на денешната надзорна расправа во Собранието. Таа посочи дека буџетските корисници согласно закон не можат да отвораат сметки во комерцијалните банки, туку своите средства ги чуваат и реализираат исклучиво преку Трезорот. Во однос на јавните претпријатија и акционерските друштва на централно ниво, од досега добиените информации само едно претпријатие има сметка во Алта банка за што не постои никаков ризик . „Сакам јасно да порачам дека нема ризик за финансиската стабилност на државата. Буџетските корисници немаат сметки во комерцијалните банки, туку средствата ги чуваат и реализираат преку Трезорот. Кај јавните претпријатија и акционерските друштва, според досега добиените информации, изложеноста е минимална“, истакна Димитриеска-Кочоска. Во однос на институционалните надлежности, министерката нагласи дека супервизијата и надзорот над банкарското работење се исклучива надлежност на Народната банка, додека Министерството за финансии има надлежност во подготовката на законската регулатива. Во однос на прашањето за можноста Министерството за финансии да влијае врз исходот од постапката, истакна дека таква можност не постоела, имајќи предвид дека станува збор за законски утврдена постапка во надлежност на независната Народна банка. Министерката потенцираше и дека во процесот на стекнување на сопственоста врз банката Министерството за финансии немало никаква улога, бидејќи стекнувањето на сопственичкиот удел било реализирано преку купопродажба на акции и јавен оглас. Одделение за односи со јавностКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЛукаревска до Славески: Го урнисавте банкарскиот сектор, поднесете си оставка 15:16Случајот „АЛТА банка“ денеска на надзорна расправа пред матичната собраниска комисија11:21Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34„Безбеден град“ се шири во Струмица, Штип и во Битола, МВР најавува мобилни камери на улиците15:08Учество на претседателката Сиљановска-Давкова на 9. Париски мировен форум08:35
Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34
МакедонијаПроф.д-р Јанкуловски е нов претеседател на Лекарска комораПоранешниот ректор на УКИМ и абдоменален хирург, Никола Јанкуловски е новиот претседател на Лекраската комора. Професорот Јанкуловски доаѓа на местото на досегашната претседателка доктор Калина Гривчева – Старделова. Тагови: Лекарска комора Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЛукаревска до Славески: Го урнисавте банкарскиот сектор, поднесете си оставка 15:16Случајот „АЛТА банка“ денеска на надзорна расправа пред матичната собраниска комисија11:21Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34„Безбеден град“ се шири во Струмица, Штип и во Битола, МВР најавува мобилни камери на улиците15:08Учество на претседателката Сиљановска-Давкова на 9. Париски мировен форум08:35
Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34